"Битола 2016" како помал брат на "Скопје 2014"

  • Креатор на темата Креатор на темата Jimmy
  • Време на започнување Време на започнување
САТАНАААААААА :vozbud:
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 19:37 ---


Па прашувам само, пошто сум бил у Битола , а спортска сала немам видено,па затоа..:coffee:

Убаво си праша. Има, ама исто како да нема. Кога играш баскет во неа, паркетот не ја одбива топката, и онака се обидуваш некој дриблинг да направиш и наеднаш топката се залепила за подот.

Ужас еден е салата...
 
Спортската сала „Младост“ е мултифункционална спортска сала во Битола и се користи првенствено за кошаркарски и ракометни натпревари. Во објектот има и простор за пинг-понг, како и куглана. Во неа играат КК Пелистер и РК Пелистер, а се користи и за одржување на концерти. Беше домаќин на завршницата на купот на Македонија во кошарка во 2007.
Мислам дека е вредна за реновирање, нели?
800px-P3120056.JPG

thumb.large.IMG_1154.jpg

Еве и локација http://wikimapia.org/12383241/mk/Спорска-сала-Младост
нема да ти верува,постирај слики од птичја перспектива за да го види и покривот:LOL:
 
Интересно :eek:
Во Битола во наредните четири години ќе се градат нови 28 спомен-обележја
Битола - Проектот „Скопје 2014“ добива помал брат, „Битола 2016“. Во градот под Пелистер во наредните четири години ќе се градат нови 28 споменични обележја. Од нив 14 ќе бидат бисти, седум споменици и исто толку спомен- плочи. Локалната власт очекува помош од државата за реализација на овој проект. И опозицијата, за чудо, ја поддржува програмата. Засега е сигурно дека финансиска конструкција за овој проект се' уште нема.
Програмата на битолскиот Совет дека за само четири години во градот ќе никнат нови триесетина спомен-обележја ја разбранува јавноста, особено што за изградбата и поставувањето на само еден споменик посветен на античкиот крал Филип Втори граѓаните чекаа со години. Сега споменици треба да добијат Даме Груев, царот Гаврило Радомир, Ѓорги Сугарев, Александар Турунџев, Димитар Илиевски-Мурато, главниот штаб на Илинденското востание, а се планира и реставрација на гробот и надгробната плоча на Павел Шатев. Во програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја е предвидена и изградба на спомен-биста на Захарија Василева-Шумјанска, хуманистка од битолскиот крај, која по Илинденското востание го отворила и првото сиропиталиште на овие простори.
„Во моментов не можам да кажам точно колкава е потребната сума и дали ќе се реализираат сите овие спомен-обележја, но се надеваме дека и државата ќе даде пари. Со тоа ќе го заокружиме овој проект“, потврдува Диме Попов, претседател на комисијата за финансии и буџет во Советот на Битола. Притоа тој додава дека Општината е должна да изгради споменици за некои знаменити луѓе.
Програмата предвидува и изработка на 14 бисти за што доби зелено светло и од Општинската организација на Сојузот на борци од Битола.
„За сите споменици што се предлагаат, за Пере Тошев, за Ѓорѓи Поп Христов, Илија Димески- Гоце... ние даваме целосна поддршка, бидејќи тие се дејци заслужни за оваа држава“, вели Александар Трајковски, претседател на СБМ во Битола.
За изненадување, битолската опозиција ја поддржува програмата за поставување нови 28 споменични обележја во градот. Но, сепак, изразува спомнеж дека градот со пари од општинската каса ќе успее да ги изгради сите споменици до 2016 година. Бидејќи, наместо црква како што се најавуваше за свет Нектариј Битолски сега се предвидува само спомен-плоча. Истото важи и за великомаченик Агатангел Битолски, за Леринско-костурската бригада, турскиот затвор во ОУ „Ѓорги Сугарев“ и куќата на Анастас Лозанчев. Спомен- обележја треба да добијат и борбите на битолско-леринскиот одред и леринско-костурската бригада на локација кај бензинската пумпа на магистралниот пат кој води кон Грција.
„Ние ја поддржавме програмата оти мислиме дека нема спорни ликови од историјата. Меѓутоа, сметаме дека нема пари во буџетот за овие споменици. Ова е само на хартија, до реализација сигурно нема да дојде“, вели Валентин Груевски, советник на ЛДП.
„Иста ваква програма имаше и порано, но мислам дека нема средства ова да се направи“, смета и Менде Тасевски, советник од СДСМ.
Сомнежите дека проектот нема да успее опозицијата ги поткрепува и со фактот што во буџетот на општината за оваа година не се предвидени средства за изградба на спомен-обележја. Од власта велат дека ставката можеби ќе биде пополнета со некој од ребалансите на општинската каса, секако доколку тоа се случи. (А.Б.)

Статијата е прочитана 2307 пати.

Излезот на Битола во правец за Прилеп - декември 2010.Вака е само на отприлика пола од планираната должина (досега требаше да е завршена).
photo867.jpg

Во јуни 2011 излезот накај Ресен - Охрид започнат со реконструкција - уште не е готов!Планирано булеварско решение со 4 ленти од Довлеџик до кружниот тек кај Лукоил, од цел тој план засега само нов слој асфалт.

Овие сообраќајници, една нормална спортска сала, нормален Клинички центар со употребливи возила за Брза Помош и нормална железничка ко поголеми приоритети да се од споменици...или се губам:cenzura:
 
Неубо вака. Само Скопје, Прилеп и Битола добиваат споменици
 
Неубо вака. Само Скопје, Прилеп и Битола добиваат споменици

Ко шо тргнале, сите градови освен Скопје, ќе добијат споменици.
Надгробни.
 
-железничка станица-битола ( пусто турско-оставиле нешто)
во скопскине села има поголеми и посредени приватни куќи
од оваа на сликава.(барем еден асален кров да стават)
а хорти-култура стасала ли до таму не ја гледам.
 
Ај честито нека ви е Битолчани :pos:
Да не се жалите после само у Скопје се градело :icon_mrgr:

Баш ме интересира мислењето на Битолчани за проектчево :D
 
Jimmy летово во Битола беа реконструирани неколку главни улици.
По завршувањето на реконструкцијата на голем број фреквентни сообраќајници во градот, локалната самоуправа, во овие топли септемвриски денови мошне интензивно работи на целосна реконструкција и асфалтирање уште на неколку градски улици од централното градско подрачје.
Деновиве завршија сите инфраструктурни работи на улицата “Цар Самоил” до “Пецо Божиновски” и на потегот од местото викано “Тане бакалот” до ОУ “Стив Наумов “. Преостанува на оваа мошне важна сообраќајница за градот во наредните денови да бидат променети водоводните цевки и потоа истата да биде асфалтирана со нов асфалт.
Со тоа оваа важна сообраќајница за Битола, која претставува дел од “крвотокот“ на градскиот сообраќај целосно ќе биде реконструирана и асфалтирана со нов асфалт.
Паралелно со интензивните работи на улицата “Цар Самоил” се работи и на подготовка за асфалтирање на улиците “Охридска” до “Пецо Божиновски” во должина од 350 метри, како и на улицата “Стале Попов” на потегот од Студентскиот дом до Стрчин. Со програмата за асфалтирање на улиците на Битола во оваа градежна сезона се одвиваат и активностите за асфалтирање на улицата “Нико Фундали”, “Север-југ” и улицата “Крушево”.

Шттт доста не ставај вакви коментари, те молам дали имаш видено како изгледа еден нормален град надвор од македонија, таму не се ни разговара за патовите нормално е да бидат сите средени и направени ( тоа им е работата) дали пекарите секој ден се фалат дека направиле бурек, тоа им е работата нормално дека направиле. Излезот од Битола требаше да биде до кукуречани, ај што не го направија до таму и тој што го направија 4 години им требаше. Главната улица во Битола кај уредот последно е асвалтирана во 77 кога беше Тито во Битола а замисли главна улица во најстрогиот центар.. не сакам повеќе да коментирам. Ова е навистина катастрофа и кога веќе прават споменици зошто го забораваат Кемал Ататурк не ми е јасно.
:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom