Дали турските серии се причина за насилство?

zaptija
тебе неможе да ти се испери мозокот со полат тоа е нормално, имаш 27 години.
ама децава што се од 12-3 год до да речеме 17, нанив влиае и тоа мн
затоа што сонуваат да бидат полат. ќе видете за 3-4 год кога тие деца ќе пораснат дали ќе има повеќе насилство или не.
во секој случај , со ова не сакам да се забранат сериите.а искрено преку к ми дојде секој втор ден на секоја ебана тв гледам...нАскоро најгледаната серија во хрватска,на балканот, во турција ... абе сето најгледано е.
дај барем нека почнат да пуштаат порно кај 21 часот барем на убо ќе тргни младинава :P
 
Тука родителите треба да преземат мерки, а не телевизиите до толку, бидејќи колку што знам серијава од 22 часот почнува.. Нивно е да емитуваат тоа што го бара публиката. А нашата публика бара штоидаесамотурскоиндискасеријаилисапуницадае. Мали деца од 8, 9 години остануваат до 22 часот, за Полат да го гледаат. Па на нивни години јас веќе бев во 30ти сон. Тоа сакав да кажам :)

Убаво си кажа, факт е дека родителите се најголемите виновници за тоа што им дозволуваат на децата да гледаат филмови со насилство, без разлика дали станува збор за Џек Бауер или за Полат ама за жал се додека има луѓе (како на пример авторот на темава) кои мислат дека ваквите серии не влијаат негативно врз свеста, се дотогаш и на децата ќе им се дозволени ваквите серии, ама тражили сте-гледајте, ќе го праеме истиов муабет за десеттина година кога младината ќе израсне.
 
момци. ве гледам пишувате како тоа бетмен или незнам ЦСИ мајами или незнам кој друг филм не ги пере мозоците. ај направете разлика од долина на волците до другиве филмови малце? долина на волците е далеку по реален за разлика од бетмен да речеме и го даваат секој ден по саат време. секој ден да ти тупи едно исто некој нема да го прифатиш? и врв на се е кога татко и син заедно гледаат долина на волците татково се пали ко млад мајмун детево учи од негови постапки и очекувате тоа дете утре да појде по асален пат?
 
Исфрустриран сум од многубројните квази новинари, квази колумнисти, квази педагози и квази социолози којшто кажуваат дека Турските Серии се причина за насилство. Но тоа се само живи глупости.
Исто како да речеш дека причина за силување е гледањето порнографија со жанровите rape, brutal, forced, rough, cruel, violent, punishment...
1. Ако си мирен по природа гледал или не гледал Турски серии пак ке си останеш истиот.
2. Ако си насилен по природа и да не гледаш Турски серии нормално ќе бидеш склон кон насилство...
Прашањaта се:
1. Како Илјадници луѓе гледаат Турски серии, а немаат направено никаква беља?
2. Како Илјадници луѓе воопшто не гледаат Турски серии ,а скоро секој викенд кога ќе излезат в кафана без никаква причина се склони кон предизвикување на тепачки?

Други прашања:

Често тепачки и слични насилства се дешаваа и 1996 година.

1. Зошто вакви вести не се објавуваа по медиумите како на пример
-Гледањето на ГНАСОТИЈАТА Пирс Броснан (Џејмс Бонд) човекот со натчовечка моќ којшто сам без никаков помошник ја среди целата Советска Армија и тоа на туѓа територија.
2. Гледањето на Рамбо којшто го среди цел Виетнам...
3. Гледањето на Мајкл Дудикоф Во Филмот Човечки Штит којшто сам ја среди целата Ирачка војска...

Зошто во тоа време не се објавуваа вакви работи по медиумите дека гледањето на вакви гнасотии како Пирс Броснан, Рамбо, Мајкл Дудикоф, Ѓуптинот Стивен Сигал дека се причина за насилство меѓу младината???

Ако има некој нешто паметно да пише на темава нека пише.
Ќе ве молам немојте коментари од типот Ептен е Глупа темава и слично...
Прашуваш дали поттикнуваат ,а некако како да си уверен дека не е така.
Вистина е дека поттикнуваат тука нема дискусија само што не е толку драматично како што некој сака да го претстави.
Ефектот што го имаат сериите е многу мал во споредба со останатите 1000+ фактори кои може да наведат на агресивно однесување,насилство,тепачки итн.
Најголеми фактори се емоционална стабилност,воспитување,друшто,итн.
Е сега според мене најголем проблем е што еве еден пример на телма после 12 гледам некој филм амерички беше пукање ,голотија и што не тие ставиле прва категорија(дозволено сите да гледаат).
Така и за серија како долина на волците треба да биде 18+ и негде кај 23-24 часот.

И на крај ќе заборавев гледам викаш не делува на мене ама нели размисли дека тоа највеќе делува кај младата публика -18 кој се уште деца и се во фаза да го изградат својот карактер па земаат многу работи здраво за готово за разлика од некој што веќе има изграден карактер и е многу потешко да се најде да направи нешто под влијание на вакви серии.
 
момци. ве гледам пишувате како тоа бетмен или незнам ЦСИ мајами или незнам кој друг филм не ги пере мозоците. ај направете разлика од долина на волците до другиве филмови малце?
CSI и сличните му, се криминалистичко-форензички: жртва-детективи-истражување-расветлен случај.
Долина на волците, од тоа што успеав да видам од вкупно 20-30 минутното посматрање на десетина епизоди, е крими сапуница, и простете ако грешам, ама јас униформирана полиција никаде не видов. Дејствието, според тоа што разбрав од неколку попалени девојки, е дека припадник на полицијата се инфилтрира во мафијата, па се одметнува од полицијата и го презема раководењето во мафијата? o_O

Во Црна Гора владата забранила да се прикажува.
 
Полат у филмон Палестина цел Израел сам го тепа. :vozbud:
Ај тоа што се филмаат дека се мафијаши, ама и почнуваат да мислат дека куршум не ги тепа.
Исто и на тој индискиот Бандини или како се вика, ја упука у чело и после преживеа :D

Глупи и нереални, моменталниве серии на нашиве ТВ без разлика дали турски или индиски го затупуваат народот.
 
Проблемот се решава на многу едноставен начин, укинување на забраната за пиратерија и тогаш 4 дена во неделата имаш по два нови филма секоја вечер не зависно која продукција.
Тие што се родени во 80-тите знаат за ова и бидејќи во 90-тите беше вака, човек да не знае кој канал да го пушти бидејќи од добар подобар филм даваа.
 
Glupo prasanje. Togas aj da kazeme deka cela filmska industrija e vinoivna za promoviranje nasilstvo, bidejki toa se bara da se gleda. Rabotava ko zasto turbo folk e uvezen koa e uvezen i blues, jazz, rock, punk, metal...ali nema veze toa e od zapad...
 
Добро само јас мислам дека турскиве серии праќаат погрешна порака.Остај тоа што има многу насилство во долина на волците на пр.има и пораки од типот на колку би било добро повторно да се врати османлиската империја,колку тоа турција е голема и силна држава и сл. додека патриотизмот кај нас е на многу ниско ниво,а да не зборам за тоа дека муслиманската религија се величи на голема врата додека секој ден слушаме за по некоја афера во црквата.Може изгледа како небитна работа ама сериозно се менува светса на малиот човек кој дреме пред телевизор по цел ден,а такви за жал има многу кај нас.
 
Убаво си кажа, факт е дека родителите се најголемите виновници за тоа што им дозволуваат на децата да гледаат филмови со насилство....
Не би се сложил. Децата читаат весници, гледаат вести ...Револтот и воодушевувањето кај децата се зголемува... crime does pay во најголем број случаи.
Другата страна е нискиот стандард и работното време, немањето воопшто време да се посвети на децата ниту за она што учеле во школо, а камоли за некој посериозен совет. Транзиција, јбг...хладно...малце забораваме каде живееме
Некој и миљон филмови да гледа со Брус Ли пак нема да му ја скрши на брат му кичмата...:)
 
Воопшто нема да се решат проблемите со насилство ако се забранат Турските серии.
Туку проблемот со насилство може да се реши да престане МВР да дава дозволи за поседување оружје.
Не постои куќа во Македонија што не поседува оружје. Некои освен пиштоли и калашникови поседуваат...
 
момци. ве гледам пишувате како тоа бетмен или незнам ЦСИ мајами или незнам кој друг филм не ги пере мозоците. ај направете разлика од долина на волците до другиве филмови малце? долина на волците е далеку по реален за разлика од бетмен да речеме и го даваат секој ден по саат време. секој ден да ти тупи едно исто некој нема да го прифатиш? и врв на се е кога татко и син заедно гледаат долина на волците татково се пали ко млад мајмун детево учи од негови постапки и очекувате тоа дете утре да појде по асален пат?

Зарем малите деца разликуваат реалноста?
Зошто малите деца секош се замислуваат некои херои? СУПЕРМЕН , СПАЈДЕРМЕН и сл. ?
Малите деца не разликуваат реалност... така да секој филм влијае на психата , и уште еднаш ќе кажам пред да почни Долина на волците пишва +16 години, или е потребен надзор од родител.
Не ти одговарам на ова,сам размисли кој е крив во ситуацијава ако веќе обвинуваш..
 
Проблемот се решава на многу едноставен начин, укинување на забраната за пиратерија и тогаш 4 дена во неделата имаш по два нови филма секоја вечер не зависно која продукција.
Тие што се родени во 80-тите знаат за ова и бидејќи во 90-тите беше вака, човек да не знае кој канал да го пушти бидејќи од добар подобар филм даваа.

Само едо остана old school :pos: дур не ги фатат.
И ја сакам американски филмови,ама каков народ такви телевизии..Али мислам дека влијанието не зависи од филмот туку од детето.Ја би пуштал задолжително некој филм 24/7 со чадор како лета некој,да се убијат глупиве деца пошто после стануваат министри,премиери и тн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom