Не биди буквалиста сега и ти
Паганизмот изразен според тебе преку исечени дрвца, украси, и слични тракатанци, нема врска со поентата на денот кој се смета за Христово раѓање.
Валда е битно да тој ден мислите ти се чисти и навистина почувствуваш дека твојот спасител се родил, и дека навистина веруваш во човекот кој ги носи сите твои минати, сегашни и идни гревови на неговите плеќи, притоа немајќи никаков сомнеж во неговите дела и постапки.
Се друго надвор од ова е небитно. Дали имало дрвца, дали си јадел на маса, или на земја, небитно.
Јас барем вака ја разбирам Џулија и нејзиниот пост
. Се е во главата и мислите, не надвор од тоа.
Јас исто се обидувам да изнајдам разно разни причини, работи, постапки секоја сабота и недела наутро кои би ми донеле на крајот на денот добивка у кладилница
Суеверие, паганизам, некој вид автосугестија, што и да се сите тие постапки, ако донесат успех ги повторувам обавезно.
Така некои си палат гранчиња на одреден ден, некој пијат ракија, некои жртвуваат животни, итн...