- Член од
- 8 јуни 2007
- Мислења
- 6.102
- Поени од реакции
- 12.199
Живти мачениците при кабловска и интернет. Измислиле далечинско, ако нешто не ти се допаѓа менувај и толку.
Тогаш, немој да ги делиш програмите на „посебни“ и „непосебни“.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Живти мачениците при кабловска и интернет. Измислиле далечинско, ако нешто не ти се допаѓа менувај и толку.
тогаш мислам даваа сеатчиња за награда.....ако даваат сега фенови џабе е СЕ
Тогаш, немој да ги делиш програмите на „посебни“ и „непосебни“.
Ибица и Кордобашто коли даваат ти текнува? едната Ibiza беше а другата ?
Ај жити се образложи го ова што го напиша.![]()
Нема што да образложам. Чим ја укажа твојата опрција преку кабловска и интернет, тогаш немаш право да критикуваш/оправдуваш потези на телевизиите.
Некој на пример, можеби не ги преферира тие “опции“ па чека на “неговите“ мак. канали да доживее нешто да види нешто здраво и солидно.
Бидејќи почна со тоа „не мрчете“. Сите кои сакаат да гледаат телевизија од мак. изборот, смеат да мрчат за изборот на програми на телевизиите. Сите што си имаат останати опции како тебе, и не им е гајле дали имало или немало нешто на тевето, немаат парво.
Клиар инаф (kliar inaf?)
Друг пат не се цепидлачи со пост од една реченица, туку пиши си ко човек што мислиш конкретно како во постов.
И дури и кога станува збор за лица кои заради одредени причини се ограничени само на македонски канали ( ситуација во која сите сме биле), еден квиз како Џандар Збира трае еден час и се емитува на една програма. Ова не е стара Југославија во која имаш два канали. Можеш комплетно да му го игнорираш емитувањето и да следи човек нешто друго. Да употребиш збор маченици во денешна ера е малтене трагикомично.
Добро, проблемот е во работата што многу работи кои треба да се сфатат сериозно, не се сфаќаат сериозно, додека пак, од друга страна, оние работи кои треба да и дадат траги-комичен афинитет на иронијата во постот, се зафаќаат како главен приоритет на кој треба да се реплицира и дискутира.
И секоја чест како комплетно избега од поентата на дискусијава, со тоа што ја пренасочи цела дискусија на „стара Југославија“ и изборот, а финтата, фактички, беше преплавувањето ан сите телевизии со глупости од типот на квизови и лотарии како по шаблон.
Не се работи за саат и пол и една телевизија. Не се работи за оваа емисија конкретно.
Се работеше за твојот пост кој ја осудува целата критичка мисла во врска со шаблонирањето на програмите во телевизиите и нивното look-alike што го прават сето ова полошо од „стара Југославија“
Имаш 43535 телевизии, ама исто толку глупости на нив.
Кој е тој избор?
И зошто да нема мрчење?
Види вака. Не е тајна дека се продава она што се купува. Ти мислиш дека некој сериозно би се улетал во проект во кој се доделуваат награди, без сериозно да размисли дали ќе има средства за да го покрие. За да има средства треба да има гледаност, а во случајов штом има најава значи очекувањата се позитивни и претпоставките одат кон тоа дека ќе има гледаност.
Всушност за каков шаблон станува збор освен кога станува збор за откуп на турски ТВ серии? Е тие се главниот проблем во телевизиската бљувотина зашто на секоја телевизија ги има по минимум 4 саати дневно. Споредено со некој квиз тоа е смешно.
Игрите на среќа и квизовите кај нас денес воопшто не се резултат на шаблонизација. Лотарија и Бинго има секоја земја, а единствен други игри кои ги имаме се Тркало на среќата и сега Лила што почна со нејзиниот квиз кој Игор на времето го водеше под друг наслов. Значи од некаде 10-15 телевизии кои ги имаме на ниво на земјава имаш 4 вакви емисии. Тоа не е ништо. Камо среќа да го имавме уште Милионерот. Впрочем зошто би пречел еден Џандар Збира во македонскиот етер, кој инаку се критикува на невидено?
Да не претеруваме. Мојот пост беше страшно оскуден за да осуди критичка мисла, во тема со дури пет поста.
Ти кажав кој е изборот. Смени програм кога се дава она што не ти се допаѓа ( тука вклучи ја поентата од Стара Југославија). Имаш Џандар Збира на Канал 5, пушти Филмополис на Телма, Пулс со Ана Јовковска или што друго и да ти фаќа око.
И Лила да води Енигма и да спие пак со синот на Ѕинго..
И грајфер на сител.И Бујото Мобил Арте во недела со Турунџиева.