Џандар Збира - Повторно! (Канал 5)

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^GoRiLLaZ^^
  • Време на започнување Време на започнување
Живти мачениците при кабловска и интернет. Измислиле далечинско, ако нешто не ти се допаѓа менувај и толку.

Тогаш, немој да ги делиш програмите на „посебни“ и „непосебни“.
 
Само да не ми го упропастат омиленото шоу од детството... :oops:

А и мислам дека враќање на вакви постари шоуа не е добар потег. Едноставно нивното време помина, „времето на телевизијата“ беше тогаш, сега е време на интернет...

Ова е исто ко со К-15. Не дека се лоши сега и дека не ми е мило што се вратија, но не се како порано, не се како што навикнавме... :)
 
Ај жити се образложи го ова што го напиша.;)

Нема што да образложам. Чим ја укажа твојата опција преку кабловска и интернет, тогаш немаш право да критикуваш/оправдуваш потези на телевизиите.
Некој на пример, можеби не ги преферира тие “опции“ па чека на “неговите“ мак. канали да доживее нешто да види нешто здраво и солидно.
Бидејќи почна со тоа „не мрчете“. Сите кои сакаат да гледаат телевизија од мак. изборот, смеат да мрчат за изборот на програми на телевизиите. Сите што си имаат останати опции како тебе, и не им е гајле дали имало или немало нешто на тевето, немаат право.
Клиар инаф (kliar inaf?)
 
Нема што да образложам. Чим ја укажа твојата опрција преку кабловска и интернет, тогаш немаш право да критикуваш/оправдуваш потези на телевизиите.
Некој на пример, можеби не ги преферира тие “опции“ па чека на “неговите“ мак. канали да доживее нешто да види нешто здраво и солидно.
Бидејќи почна со тоа „не мрчете“. Сите кои сакаат да гледаат телевизија од мак. изборот, смеат да мрчат за изборот на програми на телевизиите. Сите што си имаат останати опции како тебе, и не им е гајле дали имало или немало нешто на тевето, немаат парво.
Клиар инаф (kliar inaf?)

Друг пат не се цепидлачи со пост од една реченица, туку пиши си ко човек што мислиш конкретно како во постов.
И дури и кога станува збор за лица кои заради одредени причини се ограничени само на македонски канали ( ситуација во која сите сме биле), еден квиз како Џандар Збира трае еден час и се емитува на една програма. Ова не е стара Југославија во која имаш два канали. Можеш комплетно да му го игнорираш емитувањето и да следи човек нешто друго. Да употребиш збор маченици во денешна ера е малтене трагикомично.
 
Добро, проблемот е во работата што многу работи кои треба да се сфатат сериозно, не се сфаќаат сериозно, додека пак, од друга страна, оние работи кои треба да и дадат траги-комичен афинитет на иронијата во постот, се зафаќаат како главен приоритет на кој треба да се реплицира и дискутира.

И секоја чест како комплетно избега од поентата на дискусијава, со тоа што ја пренасочи цела дискусија на „стара Југославија“ и изборот, а финтата, фактички, беше преплавувањето ан сите телевизии со глупости од типот на квизови и лотарии како по шаблон.
Не се работи за саат и пол и една телевизија. Не се работи за оваа емисија конкретно.
Се работеше за твојот пост кој ја осудува целата критичка мисла во врска со шаблонирањето на програмите во телевизиите и нивното look-alike што го прават сето ова полошо од „стара Југославија“
Имаш 43535 телевизии, ама исто толку глупости на нив.
Кој е тој избор?
И зошто да нема мрчење?
 
Види вака. Не е тајна дека се продава она што се купува. Ти мислиш дека некој сериозно би се улетал во проект во кој се доделуваат награди, без сериозно да размисли дали ќе има средства за да го покрие. За да има средства треба да има гледаност, а во случајов штом има најава значи очекувањата се позитивни и претпоставките одат кон тоа дека ќе има гледаност.

Всушност за каков шаблон станува збор освен кога станува збор за откуп на турски ТВ серии? Е тие се главниот проблем во телевизиската бљувотина зашто на секоја телевизија ги има по минимум 4 саати дневно. Споредено со некој квиз тоа е смешно.

Игрите на среќа и квизовите кај нас денес воопшто не се резултат на шаблонизација. Лотарија и Бинго има секоја земја, а единствен други игри кои ги имаме се Тркало на среќата и сега Лила што почна со нејзиниот квиз кој Игор на времето го водеше под друг наслов. Значи од некаде 10-15 телевизии кои ги имаме на ниво на земјава имаш 4 вакви емисии. Тоа не е ништо. Камо среќа да го имавме уште Милионерот. Впрочем зошто би пречел еден Џандар Збира во македонскиот етер, кој инаку се критикува на невидено?

Да не претеруваме. Мојот пост беше страшно оскуден за да осуди критичка мисла, во тема со дури пет поста.
Ти кажав кој е изборот. Смени програм кога се дава она што не ти се допаѓа ( тука вклучи ја поентата од Стара Југославија). Имаш Џандар Збира на Канал 5, пушти Филмополис на Телма, Пулс со Ана Јовковска или што друго и да ти фаќа око.
 
That's fair enough.
 
Сега се надевам ќе се врати и дајте музика и слични такви емесии со кој расневме а не турски серии отапеа со нив
 
Абе НЗС со Иван С. Мирчевски да се врати....ама оноа најстарото....памтам дека очи ми паѓаа,ама не дозволував да го пропуштам.:)
 
Шо и далеше на Грајфер? Еднаш дури и карти за кино си добив, единствен пат што сум добил нешто на наградна :)

Ама ај да престанеме да именуваме програми од минатото, не е темава за тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom