Светско првенство - Бразил 2011 (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Денеска во Бразил започнува Светското првенство за ракометарки, на кое титулата ќе ја брани репрезентацијата на Русија.

Покрај Русинките, фаворити за титулата се и репрезентативките на Норвешка кои се актуелни европски и олимписки шампионки.
Прогнозите пред почетокот на шампионатот говорат дека Германија, Јужна Кореа, Данска, Шпанија, Црна Гора и Шведска се репрезентациите кои можат да се вмешаат во борбата за медали.
Распоред на групите:
Група А: Норвешка, Црна Гора, Ангола, Германија, Кина, Исланд
Група Б: Русија, Казахстан, Холандија, Јужна Кореа, Шпанија, Австралија
Група Ц: Романија, Франција, Бразил, Тунис, Куба, Јапонија
Група Д: Шведска, Данска, Хрватска, Аргентина, Брег на Слонова коска, Уругвај.

http://kajgana.com/zapochnuva-svetskoto-prvenstvo-za-rakometarki

Повеќе информации на официјалната веб страна

http://handballbrazil2011.com/us/
 
домаќинките најголемо изненадување изгледа..а инаку по се изгледа русија ќе го освој можат норвешка и данска да му се спротистават..
 
домаќинките најголемо изненадување изгледа..а инаку по се изгледа русија ќе го освој можат норвешка и данска да му се спротистават..
А што ке кажиш за Исланд и Ангола..
Домаќинките очекувано си освојуваат бодови.
 
А што ке кажиш за Исланд и Ангола..
Домаќинките очекувано си освојуваат бодови.
изненадување веројатно е ако поминат во следната фаза..а ниту Исланд ниту Ангола не одат понатаму..така да ќе си се борат за пониските места
 
изненадување веројатно е ако поминат во следната фаза..а ниту Исланд ниту Ангола не одат понатаму..така да ќе си се борат за пониските места
3-4 место се во групата.. отпадна Германија..
Во меѓусебен дуел Исланд беше подобар од Германија..па така Германија ќе е петта, а Кина во таа група последна, без разлика што ќе направи во последниот дуел од оваа група против Исланд.
 
Хаха Германија кое разочарување, ја победија Норвешка, тесно загубија од Црна Гора, се мачеа со Кина, а загубија и од Исланд и Ангола. Анголките ми се хит, доста интересно играат, се надевам ќе ја елиминираат Кореа и ќе се пласираат во 1/4 финале. Норвежанките на крај повторно се извлекоа, а од Црна Гора се очекуваше повеќе.
Русија импресивна засега, прв фаворит за титулата. Шпанија солидно, а Кореа не е онаа стара сила која беше некогаш.
Бразил има сосема добар тим, одиграа феноменално второ полувреме со Франција. Не знам до кога ќе го држат тоа високо ниво на игра. Со Франција никогаш не се знае, можат и брзо да отпаднат, но и да отидат доста далеку. Романија е разочарување и покрај тоа што им фалат доста играчи.
Данска ги има истите проблеми, но со еден млад и полетен тим игра одлично и може да оди далеку. Хрватска има солиден тим со неколку ракометарки кои се одлични и мислам дека можат многу подобро. Шведска е разочарување за мене затоа што на ЕП минатата година тие беа втори, сега со истиот тим не можат да се препознаат.
Она што е доста интересно е што доста неевропски репрезентации добро се покажаа Кина ја намачи Германија, Куба, Тунис , БСК против Шведска, а Ангола, Кореа, Бразил, Јапонија продолжија во 1/8 финале.

Двојки за 1/8 финале:
Русија - Исланд и Шведска - Франција
Данска - Јапонија и Кореа - Ангола
Хрватска - Романија и Норвешка - Холандија
Црна Гора - Шпанија и Бразил - БСК
 
јас друг систем мислев дека има бе.. инаку стварно Ангола-хит :D
 
1/2 финале на СП
Франција - Данска
Шпанија - Норвешка

Франција во 1/4 финалето беше подобра од Русија, која до овој меч играше можеби и најдобар ракомет.
Данска ја совлада Ангола, Норвешка победи против Хрватска, а во трилер меч Шпанија беше подобра од домаќинот на ова првенство, Бразил со 1 гол разлика..
1/2 финалето е на програмата во петок.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom