Шест фонтани за да заличи влезот на Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Не мора да значи! Општина Аеродром колку што знам има градоначалник од СДС и всушност човекот работи ОДЛИЧНО, исто и општина Карпош. Исто како што кај нас има градоначалник ВМРО... итн. Важно (во овој случај) е каков е самиот човек, а не од која партија е.

Не знаеш
 
Цццццццц на какви глупости пари трошат :eek: зар малце фонтани никнаа во Аеродром, па уште и 6 нови.
добро ај ти кажи на што би потрошил ти ппари конкретно во општина аеродром?
--- надополнето: Dec 9, 2011 1:12 AM ---
Напишав дека живеам во Гази Баба, и не би на оваа тема(офтопик е) да зборувам за таа општина. Инаку, не знам што да ти кажам, колективна глупост е тоа да гласам за некого (градоначалник, претседател) само зошто е од мојата партија. Јас ниту за Ѓорѓе гласав (претседател) ниту за Коце (градоначалник на Скопје), зошто едноставно не ги сакам, и мислам дека имаше подобри кандидати од нив.

Како и да е, за пофалба е работата на Аеродром, и со самото правење на паркчето како авионска писта и авион ставено, е одлично. Тоа е на влезот, од страна на Ново Лисиче, покрај мостот Близнаци.
се согласувам со тебе апсолутно. П.С знам каде е точно. работам таму моментално и еве за информација ке има 2 кафича. едниот е на едниот агол другиот е диагонално од него скорз на друга страна :)
 
добро ај ти кажи на што би потрошил ти ппари конкретно во општина аеродром?
На 6 базени, бар ќе се бањам како човек, вака ќе треба вечер дур сите спијат да идам да се бањам:D
 
Ете не знаев, но тоа не го менува фактот дека одлично работи човекот. Јас навистина мислев дека е СДС.
--- надополнето: Dec 9, 2011 1:18 AM ---
добро ај ти кажи на што би потрошил ти ппари конкретно во општина аеродром?
--- надополнето: Dec 9, 2011 1:12 AM ---

се согласувам со тебе апсолутно. П.С знам каде е точно. работам таму моментално и еве за информација ке има 2 кафича. едниот е на едниот агол другиот е диагонално од него скорз на друга страна :)

Еј немој само кафичите, како оние на плажите во Центар. Жив човек нема да дојде :) :) :) :) :) :)
 
Го изгласаа него? Не знам, навистина, мислам дека во Аеродром имаат СДС градоначалник, можеби грешам.
Општина Аеродром е општина со луѓе кои се претежно ВМРО-вски настроени, така да не верувам дека во наредните 10-15 години ќе имаме човек од сдсм за градоначалник. А и не ни треба. Тој претходниот троа поише мачкаше очи дека гради, а уствари повеќе крадел, па еве го сега е у затвор. Али сегашниот прилично супер си ја врши работата и заради тоа општина Аеродром е најдобра и најубава општина во Македонија.

Он-топик: некако малце претерано ми е со фонтаниве. Ќе си беше убаво и ако го направеја да е само со трева и дрвца ко низ главните булевари, али јебига.
 
Многу пари се 500.000 евра у пм... Се согласувам со Олд Скул, подобро ќе беше како низ булеварот што направија и чао пријатно. Патем, тоа ми е нешто најдобро што е направено, иако мислам дека тоа е од Град Скопје а не Аеродром(бидејќи главните улици се под Град Скопје), али може и да грешам.

Сепак, Аеродром, ако поминуваш низ булеварите е стварно убав, сепак општина Аеродром не е само Аеродром и Ново Лисиче, да се разбереме...
 
На Општина Аеродром баш ова и фалеше за да се пролепша.
 
Не мора да значи! Општина Аеродром колку што знам има градоначалник од СДС и всушност човекот работи ОДЛИЧНО, исто и општина Карпош. Исто како што кај нас има градоначалник ВМРО... итн. Важно (во овој случај) е каков е самиот човек, а не од која партија е.
значи чоек, на аеродром градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ! втор пат на форумов читам како Ивица Коневски бил сдс. гуглајте малце ако баш ве мрзи да разберете што се случува околу вас (не е аеродром некое таму место на крајот од земјата па да не знаете толку) читнете програма или барем флаер ;) кај сдсовец ќе гради нешто, погледнете го карпош ништо немаат со мистер стевче :pos:
браво за аеродром, најдобра населба, најчиста и најубава :)
а ти таруно доста веќе мрчиш бе чоек, знаеме зошто мрчиш ае....
 
Давид со оглед дека имаш вкупно 1 пост..... ај невермајнд.
Него кретенизам е да го критикуваш градоначалникот на Карпош, зошто е од др. партија, всушност како што кажав, човекот добро работи. И баш ме боли мене кој е во Аеродром, и од која партија е, реков - важно е како работи, а работи одлично.
И во К.Вода е од ДПМНЕ градоначалникот, па К.Вода е ДУПКА СМРДЛИВА.
И чисто информативно - член сум во партија, во која е и градоначалникот на К.Вода.
 
Ја мислам ова им е повеќе за миење очи. ;)

Сега кога ќе сакаш да се напиеш вода можеш да тркнеш до ајродром, таму има фонтани колку сакаш. ;)

А ко шо приметив фонтаниве се скоро на самиот булевар, дали тоа значи дека ќе има и гратис перење на возила !?

Амерички филмови :)
Гладни луѓе фаќаш на естетски фори :)
Ама ако, чим им успеваат такви чаролии, поштуем (:
 
значи чоек, на аеродром градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ! втор пат на форумов читам како Ивица Коневски бил сдс. гуглајте малце ако баш ве мрзи да разберете што се случува околу вас (не е аеродром некое таму место на крајот од земјата па да не знаете толку) читнете програма или барем флаер ;) кај сдсовец ќе гради нешто, погледнете го карпош ништо немаат со мистер стевче :pos:
браво за аеродром, најдобра населба, најчиста и најубава :)
а ти таруно доста веќе мрчиш бе чоек, знаеме зошто мрчиш ае....

Тоа што човекот незнае кој е градоначалник не е ништо негативно и страшно туку напротив тоа е знак дека не го интересира партијата туку делата на градоначалниците.
За жал вакви примери се многу ретки во нашата ни мила држава а критериумите ни се сведени на партиска припадност што е навистина нерелевантно кога е во прашање градоначалник. Како доказ имаш Струмица и Охрид иста партија дијаметрално спротивни квалитети, а исто имаш Прилеп и Битола истата слика само со градоначалници од руга партија.
Конкретно за средувањето на оваа раскрсница мислам дека се одвоени премногу средства кои можат да се искористат за друга намена. Фонтаните се непотребни и јас би ги ставил на друга локација во неке паркче или слично.
 
Има една работа за која знам со сигурност.Сите улици по кои се движат возила на ЈСП припаѓаат на град Скопје.Тој проект неможе да го прави општина аеродром.Се убаво смислено само пола милион се мн пари за една раскрсница.Плус со нашата култура на возење како што ми изгледа на таа раскрсница ке биде диско.
 
На 6 базени, бар ќе се бањам како човек, вака ќе треба вечер дур сите спијат да идам да се бањам:D

А поубаво ти е ништо да не прават..ОК ..се слагам ајде , дојди во Куманово живи, градоначалникот е на власт 7-ма година..за тоа време направи еден плоштад ,од стариот извади мермер, на новиот стави бекатонки ( и ова е нешто, треба мозок да ти текне) и стави скулптура 1.2 метри на Батко Ѓорѓија, познат боем и пијаница од Кумановскиот регион, бдв, никој точно не ни знае дали стварно живеел и постоел, а камо ли кога е роден.. како што кажав , лупна рандом спомениче од некој си пијаница и тоа е све , и направи еден смешен кеј покрај Кумановска река која уствари и не е река и се дави у ѓубре од Циганите ..и за се ова се утепа од курчење .. а направи и уште нешто, Вила за себе во едно Кумановско село,со базени и триста врагови, а згора на се редовни муштерии му се познати српски турбо фолк "ѕвезди".. секој 11 Ноември не дави со српски шет музички имиња и на тоа троши огромни смуми, пред 2 години на плоштад ни пееше Севе , која притоа се утепа од фалење дека тоа и бил најголемиот хонорар за една вечер ( околу 100 000 евра).. И пред да критикуваш градоначалник кој што е млад и амбициозен, и кој скоро секоја недела излегува со некој проект, размисли малце и за другите општини како се работи.. зашто има разлика од тоа некој да прави нешто и некој да КРАДЕ и да не прави ништо .
--- надополнето: Dec 9, 2011 11:06 AM ---
Конкретно за средувањето на оваа раскрсница мислам дека се одвоени премногу средства кои можат да се искористат за друга намена. Фонтаните се непотребни и јас би ги ставил на друга локација во неке паркче или слично.

Култузин, во Аеродром се направи едно многу убаво паркче, а уште еден голем парк е при крај ако не се лажам, на место каде што порано беше депонија..неможеш да кажеш дека нема паркови и дека не се градат.. ама точно ,никогаш не е доволно од паркови..ја би градел парк на секоја слободна површина ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom