Топче
Арсеналиста
- Член од
- 18 септември 2010
- Мислења
- 9.242
- Поени од реакции
- 14.587
„Во новиот закон за медиуми, интернет порталите ќе добијат свое место, со посебни лиценци кои ќе чинат најмалку 10.000 евра, а ќе бидат ставени голем број на забрани и критериуми за овие медиуми, што води кон конечна цел, затворање на критички настроените портали кои се појавија во изминатиот период“. Ова денеска го објави интернет порталот sky.mk. Според порталот, ваквата можност ја предвидува нацрт-законот за медиуми, кој, според Sky, го подготвува власта уште пред неколку месеци и информира дека во Македонија постојат најмалку 300-400 локални и околу 100 национални веб портали.
Со ваквиот чекор, според познавачите, Македонија ќе стане прва земја во Европа која ќе го ограничи интернет известувањето, а вакви режимски политики во моментов се спроведуваат во Северна Кореја, Кина, Иран, но не се толку драстични, објавува порталот.
Sky.mk соопштува дека со ваквата лиценца, власта сака да ги затвори националните веб портали кои за брзо време достигнаа огромна читаност и станаа конкурентни на провладините портали кои месечно заработуваат најмалку 16.000 евра, додека останатите портали не добиваат ниту денар од буџетот и едвај преживуваат во време кога се соочени со целосна блокада од државните институции и режимска цензура. Неофицијално постојат сомненија дека власта врши притисок компаниите да не се рекламираат на критичките веб портали.
Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/25583/Sky-Vlasta-kje-bara-10000-evra-za-licenca-za-veb-medium-
Оригинален извор на кој се повикуваат сите: http://www.sky.mk/makedonija/9017-С...ара-10-000-евра-за-лиценца-на-веб-медиум.html
Незнам дали е ова вистина, и секако е тешко изводливо ама ако стварно му паднало на памет ондак секоја чест на паторчето.