Власта ќе бара 10.000 евра за лиценца за веб медиум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.242
Поени од реакции
14.587
„Во новиот закон за медиуми, интернет порталите ќе добијат свое место, со посебни лиценци кои ќе чинат најмалку 10.000 евра, а ќе бидат ставени голем број на забрани и критериуми за овие медиуми, што води кон конечна цел, затворање на критички настроените портали кои се појавија во изминатиот период“. Ова денеска го објави интернет порталот sky.mk. Според порталот, ваквата можност ја предвидува нацрт-законот за медиуми, кој, според Sky, го подготвува власта уште пред неколку месеци и информира дека во Македонија постојат најмалку 300-400 локални и околу 100 национални веб портали.

Со ваквиот чекор, според познавачите, Македонија ќе стане прва земја во Европа која ќе го ограничи интернет известувањето, а вакви режимски политики во моментов се спроведуваат во Северна Кореја, Кина, Иран, но не се толку драстични, објавува порталот.

Sky.mk соопштува дека со ваквата лиценца, власта сака да ги затвори националните веб портали кои за брзо време достигнаа огромна читаност и станаа конкурентни на провладините портали кои месечно заработуваат најмалку 16.000 евра, додека останатите портали не добиваат ниту денар од буџетот и едвај преживуваат во време кога се соочени со целосна блокада од државните институции и режимска цензура. Неофицијално постојат сомненија дека власта врши притисок компаниите да не се рекламираат на критичките веб портали.

Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/25583/Sky-Vlasta-kje-bara-10000-evra-za-licenca-za-veb-medium-
Оригинален извор на кој се повикуваат сите: http://www.sky.mk/makedonija/9017-С...ара-10-000-евра-за-лиценца-на-веб-медиум.html

Незнам дали е ова вистина, и секако е тешко изводливо ама ако стварно му паднало на памет ондак секоја чест на паторчето.
 
Нема шанси за вакво нешто!
Преголема прашина ќе се крене за вакво нешто не само кај нас, туку и во цела Европа, вакво нешто нема ни во Северна Кореја или Иран.
 
И јас истото го помислив, ептен тешко е вакво нешто да се спроведе.
Иначе веста е изнесена само од Скај, на други места кај што ја најдов се води само преземена од скај.
 
да не мешаме партиски или непартиски ама македонските медиуми се наелектризирани.....
ама на sky сум се изначитал глупости. фали уште крајот на светот да го стават во статија...
значи Геро си отворил нова тупаљка :)
 
Ако има лиценци за незнам-таму-која професија и компанија, зошто да нема и за ова?
Само, сите лиценците да бидат бесплатни, оти сега се знае како се добиваат повеќето лиценци и да ги дава здружение на професијата која бара лиценца.
 
Ако го хостирам во странство?
 
гледајки кој е извор на оваа информација, повеке ми личи на лага одколку вистина
 
sky.mk интернет порталот на СДСМ.
Така е! Целото сценарио за лиценци за интернет портали е смислено од Бранко Црвенковски, гарант е он, друг неможе да биде. Сигурно на Бранко му требаат 10.000 евра за годишен одмор штом вакво зло не снајде :pos:.
 
Така е! Целото сценарио за лиценци за интернет портали е смислено од Бранко Црвенковски, гарант е он, друг неможе да биде. Сигурно на Бранко му требаат 10.000 евра за годишен одмор штом вакво зло не снајде :pos:.
Тапа хумор имаш. Остави го тоа на некој покреативен.


sky.mk сајтот на кој увек ќе ги најдете најнегативните вести, исто како што беше А1.

Пајсери како тебе имат само слушнено за kajgana, tocka, femina и idividi.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom