Дадовме 1 гол и од тогаш некако многу незаинтересирано играат.
Незнам што е проблемот,зошто не напаѓаат повеќе,до сега можевме уште 3 гола да им дадеме
Затоа што треба да се чуваат силите. Доаѓа сега период во кој секој втор или трет ден имаме важна утакмица и киксаат конкурентите. Лани да не бевме нешто поразлични, сем Блекбурн утакмицата?
И да, ко ролеркостер сте станати.
--- надополнето: Dec 3, 2011 8:43 PM ---
Има различни фази на повреда на лигаментите, можам да кажам дека сме среќни со само еден месец. Потврдено е дека се работи само за месец.
Инаку стварно не знам што им беше на фановите на Вила што го свиреа Јанг
Проста раја. Како прво Јанг збор лош нема кажано за Вила, ниту за навивачите, ниту за соиграчите бивши ниту па за персоналот. Второ, сигурно дека во една фаза од кариерата сакаш да одиш во поголем клуб и да се докажеш и во ЛШ против големи клубови, Јанг ја надрасна Вила. Трето, 16 милиони им се платија, што сакаат повеќе?
Друга работа, првото полувреме беше најсмешното нешто што го имам гледано во животот
Скоро сите се повредија, чичковците со носилките 100 пати излегоа на терен, Дан едно време играше со копачката во рака
, па Гивен со носилката кога го изнесуваа накај соблекувалната топката го погоди човекот што го носеше
Tрета работа, во сезона која вие повеќето тука ја нарекувате очајна, успеваме да победиме на Вила Парк и Гудисон Парк, терени на кои немавме победа 100 години и тоа со милион повреди натоварени на грб.
Четврта работа, нека направат копија од Џонс, да имаме еден за стопер, друг за средина.
--- надополнето: Dec 3, 2011 9:09 PM ---
Абе ... овој Андерсон..... пред некоја година играчиве биле во некоја продавница за миленичиња во Манчестер и си купиле по едно куче и Андерсон зел две, а не видел дека едното е машко а другото е женско. И пред две недели се окучила кучката и сега има 8 кучиња во куќата и ги прашувал играчиве кој сака куче да земе откај него