- Член од
- 22 февруари 2007
- Мислења
- 7.076
- Поени од реакции
- 1.940
Баш денес праев муабет на темава,Ќе изгуби поента со било какво проширување според мене - па тогаш нека направат лига од топ 8те лиги во Европа (еве Шпанија, Англија, Германија, Италија, Португалија, Холандија, Франција и Русија) и тоа е тоа.
Па сега искрено не ми се гледаат 5 екипи од една земја, 4 веќе се многу.
Нека размислуваат обратно - да го зголемат квалитетот во останатите лиги а не да се напумпа ЛШ со 5 екипи од иста земја... Финансиски фер-плеј, ако се имплементира како што треба е правило кое оди во таа насока за почеток.
Разбирам дека ваквиот формат е добар за развојот на фудбалот во источна европа али има лош ефект за публиката, барем за мене.
Кога стигнуваат Бате-Плзен, Базел-Оцелул и некој слични сакати екипи да играат не гледам причина да пуштам телевизор.
За воља на вистината ко ќе ми текни дека Барса и Милан се сигурни, не ми се седнува ни нив да ги гледа. Можам да замислам дека ќе ја пимплаат на средина.
Единствено интересен можи да е Ибра оти има комплекси за лечење.
Да се вратам на поентата. Нема потреба од проширвања и намалвања на лигите ама има потреба од реорганизација. Шо се случва со источноевропските клубови? Ене го Партизан лани, еве го Динамо годинава, патетика се.
Навистина можи ќе лапнат некој миљон ... ама не гледам како би помогнало во развој на фудбалот, парите и онака ќе ги испери некој како Мамиќ.
Попаметен потег е балканска/источњачка лига каде сите ќе бидат горе долу конкурентни отколку динамовци да си прат екскурзија. Едно ќе биди интересна за гледање, барем за земјите од регионот и особено ко ќе ми текни какви фанатици се сите.
А на друга страна ако сакаме да гледаме фудбал, тамам си е една европска лига како шо заговараше Г14 (или како и да се викаше) пред некое време. Така ќе имаме по неколку дербиа во вистинска смисла на зборот секоја недела, плус, сите ќе имаат мотивација да пружат максимум во секое коло поради лига системот. Кој не го бива , рикверц во домашна лига.