Засолништа од нуклеарно и космичко зрачење

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sagan

Гостин
(Ризикувам да бидам прогласен за лудак :icon_lol:)

За време на т.н. Студена војна, засолништата од нуклеарно зрачење беа градени во секоја држава. Во 1961 година, амерскиот претседател Кенеди јавно ги повика америте употребата на овие засолништа да ја сфатат сериозно, а при крајот на истата година од неговиот заменик америте беа известени за проектот за градење на мрежа од тунели со заштитни ѕидови, кои би можеле да спасат милиони амери.

Во тој период, Швајцарците имале најразвиен систем за заштита од евентуална нуклеарна војна. Секоја владина зграда, училиште и станбен објект, морал да има засолниште кое може да издржи експлозија од 50 мегатони на близина од 700 метри! :drk: Секое од овие засолништа, морало да има залиха од храна доволна за цела една година, а приватните засолништа најмалку за три недели.

Во Финска, засолниште од нуклеарна експлозија морало да има во секоја зграда поголема од 700 квадрати, додека во Норвешка - поголема од 1000 квадрати.

По завршувањето на Студената војна, конкретно во Швајцарија, овие засолништа биле пренаменети во винарии, теретани и сл., но брзо можат да се преуредат за првобитната намена. Наводно по 2001, повторно на голема врата низ светот се актуелизирала идејата за градење нови засолништа.

Засолништата за заштита од космичко и соларно зрачење, пак, се градат за заштита на луѓето во случај на соларни бури кои кон Земјата би испратиле опасно количество на енергетски честици, или во случај на моментално ослабување на заштитните сфери (наводно, промената на магнетните полови и Џанибековиот ефект на Земјата се такви).

На темава би сакал да подискутираме за тоа како се гради едно вакво засолниште и кои технички помагала мора да ги има. Исто така, дали и каде во Македонија и на Балканот има вакви објекти и дали воопшто се мисли дека некогаш повторно би се користеле (тоа во резерватот Јасен го знам).


 
Треба,никогаш не знаеш кога можат да затребаат.
Американците милам дека сега приватните засолнништа ги користат и кога имаат торнада.
 
(Секоја владина зграда, училиште и станбен објект, морал да има засолниште кое може да издржи експлозија од 50 мегатони на близина од 700 метри!
Ова е грешка на кој и да го пишувал текстот. :)

Кога Русите активираа 50 мегатони, во радиус од 2,5 километри испарило се.
Така да, бункер на таа близина не штити од една од трите последици од нуклеарно оружје.
 
Се реши да ја отвориш вчера и ја отвори :D

Не сум баш сигурен колку ќе биде од помош ова за некоја... непредвидена катаклизма.
 
Оклоп на засолниште за заштита од нуклеарно зрачење

Оснивниот оклоп кој го редуцира гама-зрачењето за 50% може да биде од:
  • оловна плоча со дебелина 1 цм;
  • бетонски блок со дебелина од 6 цм;
На Википедија спомнуваати 150 метарски воздушен ѕид и 9 центиметарски ѕид од кал (?) Според статијата, десетслојна заштита од земја и кал го намалува зрачењето за 1024 пати. Истата статија (која не наведува извори од никаде) вели дека ваквиот оклоп треба да биде изграден под земја каде највисокиот дел од засолништето треба да е на длабочина од 1 метар под земјата.

Бидејќи гама-зраците се шират праволиниски, се препорачува засолништето да има два отвори под агол од 90 степени. За заштита на засолништето од влага (доколку врне, дождот ќе е радиоактивен) се поставува пластична фолија врз самиот оклоп како и во близина на површината, при што треба да се води сметка фолијата да зафаќа поголема површина од таа на оклопот.


nw014.jpg

--- надополнето: Nov 12, 2011 4:03 PM ---
Ова е грешка на кој и да го пишувал текстот. :)

Кога Русите активираа 50 мегатони, во радиус од 2,5 километри испарило се.
Така да, бункер на таа близина не штити од една од трите последици од нуклеарно оружје.
Можно е, Human. Затоа би бил благодарен ако посочиш веродостојни сајтови со информации од интерес за темата.
Се реши да ја отвориш вчера и ја отвори :D

Не сум баш сигурен колку ќе биде од помош ова за некоја... непредвидена катаклизма.
Кај нас старите викаат: “Гнездо не се прави кога на кокошката ќе и дојде јајцето...“ :icon_lol:
 
Можно е, Human. Затоа би бил благодарен ако посочиш веродостојни сајтови со информации од интерес за темата.
http://en.wikipedia.org/wiki/Tsar_Bomba

Ова е првичната огнена топка, која го генерира ударниот бран, температурата се мери во милиони:

582px-Comparative_nuclear_fireball_sizes.svg.png


Цар бомбата е активирана во воздух, притоа ослободувајќи огромна енергија во вид на топлина која формира многу силен ударен бран, кој комплетно уништил градби во радиус од 35 километри и искршил прозорци во радиус од 900 километри!
Ударниот бран три пати ја поминал земјината атмосфера.
Топлината од ваква експлозија, предизвикува изгореници од трет степен на растојание од 100 километри, огнената топка се издигнала на 10 километри висина, а атомската печурка на 65 километри висина.
 
Регулирање на температурата во засолништето

Сувата земја е добар изолатор, па така по извесно време поминато во засолништето, температурата во него континуирано ќе се зголемува. Во услови кога надворешноста е во помал или поголем степен контаминирана, друг проблем кој се јавува е циркулацијата на воздух.

Решавањето на проблемот е најбезбедно со пумпи за воздух со филтер за заштита од нуклеарно, биолошко и хемиско оружје.

За негова работа потребен е дизел-генератор, генератор на плин или акумулатори, бидејќи во услови на контаминација јавната електрична мрежа најверојатно ќе е онеспособена. Генераторот е потребен и за напојување на радио-предавател и радио-приемник и мобилен телефон и лаптоп.

bunker_shelter_2012_survive1.jpg


bunker_shelter_2012_survive2.jpg


Реклама на компанија наречена Vivos која продава засолништа по цена од 25 - 50.000 долари по лице, во зависност од оддалеченоста на засолништето од местото на живеење (извор):
 
Локации за изградба

Во градовите, засолништата од нуклеарно и космичко зрачење се градат подземно под станбените објекти. Втор обезбеден влез/излез е задолжителен, тој треба да биде подалеку од било која зграда, за да не дојде до затрупување кога/доколку зградата се сруши.

Во Швајцарија, колективините засолништа се изградени длабоко во планините и секое поединечно може да собере по неколку илјади граѓани.

Индивидуалните засолништа треба да се градат на стабилно земјиште или во карпа. Добра заштита може да обезбеди и засолниште изградено подземно под индивидуална станбена зграда, повторно доколку има обезбеден излез доколку истата биде срушена од воздушниот удар.

Сепак, најоптималното место за иградба треба внимателно да се определи, при што во предвид треба да се земат неколку фактори:
близина до далноводи, гасоводи, пристап до вода, насоченост и оддалеченост во однос на потенцијалните цели (поголеми градови, воени бази)... Како оптимална локација се смета најнискиот дел од планина или рид, поготово ако местото е во вид на гнездо.

Интересна страна поврзана со темата:
http://www.radshelters4u.com/

Имам едно прашање: Колкав процент од богатите веќе имаат вакво засолниште?

exphouse.gif


fema_shelter.jpg


blast1.jpg


can2.jpg


congressional-fallout-shelter-at-the-greenbrier-resort.9391.large_slideshow.jpg
 
Имам едно прашање: Колкав процент од богатите веќе имаат вакво засолниште?

Вивос е концепт сеуште,но дел од ракетните Силоси на САД кои согласно договорот СТАРТ 1 и 2 САД го отстрани оружјето,опремата а тие објекти ги продаде на приватни лица,поголем број но воглавно имало злоупотреба-чувале кокаин,правеле МДМА и.т.н
 
17.11.11
Гранични конфликти можат да ја втурна Русија во нуклеарна војна - генерал Николај Макаров, шеф на ГШ на руските вооружени сили.
http://www.washingtonpost.com/world...-nuclear-war/2011/11/17/gIQAWQTJUN_story.html
http://www.nytimes.com/2011/11/18/w...-conflicts-risk-nuclear-war-officer-says.html

Ако на гугл ги напишете зборовите war, nuclear и Russia и пребарате само за последните 24 часа, ви дава 308.000 резултати.


Со други зборови, генералот порачува: не се играјте со нас, освен ако сакате апокалипса.
 
Темава ми остави впечаток дека Ван Дер Хајтс моментало гради засолниште..или веќе го има изградено :pos:
 
Темава ми остави впечаток дека Ван Дер Хајтс моментало гради засолниште..или веќе го има изградено :pos:
Чекам да стигнат нарачаните оловни плочи :icon_lol:

На берзата, тон олово чини 2.135 долари т.е. 1.572 евра (96.000 денари).

Просторијата е 3х3х2м и ќе ја правам дебелината на оловниот ѕид да е 2 цм (42 м2 х 2 цм = 840.000 цм3).

Центиметар кубен олово тежи 11.35 грама, што значи за просторијата нарачав 9540 килограми. :LOL:
 
добро е имало и други параноици како мене :), шегата на страна ова може да биде многу корисна тема и баш се чудам што не заживеала. Не знам дали при нуклеарна војна подобро е да преживееш или да загинеш со првите, но во секој случај животот е секогаш мил и треба да се бориме до крај. Од секогаш сум се интересирал на оваа тематика, сакам пост апокалиптични филмови и игри, а кога дискутирам со другари кој каде сака да патува јас секогаш го одбирам Чернобил. Чернобил, а особено градот Припјат ме фасцинираат од причина што се споменик на најголемата човекова глупост и неговата способност нешто што е корисно и добро за човештвото да го направат лошо. Истражувам на оваа тема и мислам дека најдов одлично упатство како да се преживее нуклеарна војна, ќе поставам само линк бидејќи е премногу долго и не можам во целост да го постирам http://www.ki4u.com/guide.htm

 
Се работи за најголемото нуклеарно засолниште изградено во поранешна Југославија кое можело да издржи нуклеарен удар од дваесет килотони.Засолништето можело да прими 350 луѓе а намената му била да го заштити тогашното политичко и воено раководство од сите кризни состојби во време од шест месеци.Објектот се градел дваесетина години а цената на објектот била околу 4,6 милијарди $.​
Во видеото е споменато помало засолниште во Македонија со шифрирано име Босна.​
Дали некој ја знае локацијата на подземниот објект во Македонија?​

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom