И Владата со нова фасада

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Целта не била објектот да добие стилски лик, туку нова лушпа, бидејќи прозорците не дихтувале

И објектот на владината зграда на „Илинденска“ бб ќе добие нова фасада. Дали ќе биде стилска, како оние од „Скопје 2014“ или, пак, модерна и стаклена каква што е сега, ќе зависи од понудените идејни решенија.

Надлежните тврдат дека во објавениот конкурс за избор на идејно решение за фасадата не се инсистира на одредени детали, ниту, пак, генерално на некој стилски изглед. Најбитно било објектот да добие нова лушпа, оти постојната веќе со години им создава проблеми на владините функционери. Застарените прозорци, со кои речиси 100 отсто е покриен објектот, биле главната причина поради која е во план нова фасада за зградата на „Илинденска“ бб.
B06C62AB9E3B2746BF73B78894C19A81.jpg


„Дува од сите страни, прозорците не дихтуваат и се соочуваме со разни проблеми, губиме многу топлинска енергија. Стаклата немаат изолација, под нив има азбестни плочи, материјал што е отровен. Поради ваквата состојба, летно време внатрешноста на објектот тешко се разладува, а зиме, пак, едвај се стоплува и покрај централното греење. Од тие причини одлучивме да ја смениме фасадата“, објаснува Васе Доневски, директор на владината служба за општи и заеднички работи, која е носител на проектот за промена на фасадата и ќе го избере новото идејно решение за зградата.

Доневски објаснува дека во случајов не може да се изврши само промена на прозорците без да се менува целосната лушпа на објектот, оти такви веќе не се произведувале. Така, надлежните одлучиле комплетно да направат нова фасада. Тврдат дека изработката на ново идејно решение за надворешноста на зградата е комплетно оставена на заинтересираните сами да одлучат каков стил за фасадата ќе понудат.

„Дали ќе биде стилска, модерна, комбинација на модерно и рустично, ние не одлучивме. Апсолутно се' е оставено на понудувачите на идејните решенија, а потоа, во зависност од понуденото и од градбата, ќе одлучиме што најмногу ни одговара“, дополнува Доневски и додава дека иако објектот е изграден во 70-тите години на минатиот век, до сега не била извршена санација ма фасадата. Единствено имало „шминкања“ во внатрешноста на објектот и од неодамна биле реновирани тоалетите.

Со оглед на роковите за избор на новата фасадата, а потоа и времето потребно за изработка на изведбениот проект, надлежните проценуваат дека надворешниот изглед на зградата ќе почне да се менува најдоцна до почетокот на летото. Колку пари ќе чини менувањето на фасадата на препознатливиот стаклен владин објект, ќе се утврдело по завршување на сите постапки за избор на идејно решение, на проект, изведувач. Битно е, вели Доневски, што за оваа намена веќе се планираат пари во буџетот за наредната година.

извор-утрински
 
Таа лименка не заслужува да се нарече Влада! Се знае како треба да изгледа една Влада, така сигурно НЕ. Се ќе биде подобро од ова што е моментално. Цел живот дробам дека лименката и скокалницата го грдат градов!
 
Шуќур им текна да направат пристојна зграда од тоа стакларникот. Исто така и фасадата на Собранието мора да се среди, многу е гадно од надовр кога ќе го види човек такво жолто со тие ролетните распаднати.
 
Стварно биле греота бе. Им студело во зима и топло во лето. Стварно е мизерија зградана. И стварно сум сериозен.
 
Ајде, ајде, беше само прашање на време кога ЦК ќе го реновираат.

фала богу, на ЦК ни името не треба да му се спомне

а за мизерија зградата е мизерија, нема што тука, конзерва.. друго е тоа што е владина зграда, онака гледано од некој архитектонски агол или чисто лаички,грда зградичка е
 
Нека ни заличи малку владата :D Сега ни е како од времето на Сталин.
 
Шуќур им текна да направат пристојна зграда од тоа стакларникот. Исто така и фасадата на Собранието мора да се среди, многу е гадно од надовр кога ќе го види човек такво жолто со тие ролетните распаднати.

фасадата на собранието веќе се реновира, завршена е една или две страни ако не се лажам.. плус ќе се крене уште еден кат и ќе има 3 куполи
 
Таа лименка не заслужува да се нарече Влада! Се знае како треба да изгледа една Влада, така сигурно НЕ. Се ќе биде подобро од ова што е моментално. Цел живот дробам дека лименката и скокалницата го грдат градов!

Кензо Танге убаво си го замислил тој дел со скокалницата ама за жал или среќа никогаш не го реализирал (после вториот мост од десната страна во средина ) .Се соласувам со тебе сега делува катастофално и смешно
Он топик: И да ја реновираат ЦК и да прават нова пак ќе биде барок така да сеедно ми е
SK64.jpg
 
Нека ни заличи малку владата :D Сега ни е како од времето на Сталин.

Зашто го употребуваш зборот како? :D
Таа Е од времето на Сталин. :D Може една-две години покасно. :D ЦК на Комунистичката Партија било тоа. :)
 
Кензо Танге убаво си го замислил тој дел со скокалницата ама за жал или среќа никогаш не го реализирал (после вториот мост од десната страна во средина ) .Се соласувам со тебе сега делува катастофално и смешно
Он топик: И да ја реновираат ЦК и да прават нова пак ќе биде барок така да сеедно ми е
SK64.jpg

Незнам што толку се палите на Кензо Танге..човекот замислил град со куп бетон-натур бетон..страшен град..на место на ГТЦ пирамида:tapp: алоо. погледнете ги сите тие комби блокови и замислете ги како зградите на НБРМ или комплексот факултети.. СРЕЌА што проектот на Кензо не се реализирал, иначе денес Скопје ќе беше најморничав и најсин град у свет ( и сега е у некои делови,кај што е почнато-недоградено)
 
Зашто го употребуваш зборот како? :D
Таа Е од времето на Сталин. :D Може една-две години покасно. :D ЦК на Комунистичката Партија било тоа. :)

Епа сега ќе ја направат како времето на Обама. :D
 
Незнам што толку се палите на Кензо Танге..човекот замислил град со куп бетон-натур бетон..страшен град..на место на ГТЦ пирамида:tapp: алоо. погледнете ги сите тие комби блокови и замислете ги како зградите на НБРМ или комплексот факултети.. СРЕЌА што проектот на Кензо не се реализирал, иначе денес Скопје ќе беше најморничав и најсин град у свет ( и сега е у некои делови,кај што е почнато-недоградено)

Не кажувај кога не знаеш... Човекот си направил убав план а тоа што на комунистите од Белград не им се допаѓаше Скопје да биде поубав град од Белград е сосем друга прича.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom