Кире Лазаров и Наумче Мојсоски најдобри во ЛШ

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сега за сега се најдобри..браво за нив..се надеваме дека ќе продолжат со вакво темпо и до крај ќе останат на врвот..сепак има уште многу до крајот на ЛШ..:D
 
Нека не отпишуваат сите за претстојното Европско ова е само доказ кој е во врвот

Баш поради ваквите размислувања екипи со добри поединци секогаш кикснуваат.
Во тимските спортови битна е тимската игра, а не поединците. Тоа се има докажано безброј пати, нема потребна од многу објаснување.

Се е тоа во ред што они се најдобри во ЛШ и во репрезентацијата.
Сега уште ни фали тимски дух, авторитетен селектор и реално составување на тимот (а не составување на тим по нечија клубска/братска/бизнис директива).

Ете, ако ги надминеме овие болки, ние ќе имаме тим за медал. До тогаш... Ќе се заситуваме само со трошки. Ама битно, играчи од типот на Филип ќе бележат Европски првенства зад своите имиња и ќе бидат презадоволни со тоа :)
 
А кој треба да бидат најдобри во Лига Шампиони ако не тие??????????????:)
 
Баш поради ваквите размислувања екипи со добри поединци секогаш кикснуваат.
Во тимските спортови битна е тимската игра, а не поединците. Тоа се има докажано безброј пати, нема потребна од многу објаснување.

Се е тоа во ред што они се најдобри во ЛШ и во репрезентацијата.
Сега уште ни фали тимски дух, авторитетен селектор и реално составување на тимот (а не составување на тим по нечија клубска/братска/бизнис директива).

Ете, ако ги надминеме овие болки, ние ќе имаме тим за медал. До тогаш... Ќе се заситуваме само со трошки. Ама битно, играчи од типот на Филип ќе бележат Европски првенства зад своите имиња и ќе бидат презадоволни со тоа :)

Па јасно е тоа дека тимската игра ќе биде пресудна. Составот на Македонија во кој најмногу влегуваат поединци од Металург, и истите се познаваат одлично и токму тимската игра им е предност пред другите. Кога цела сезона играат заедно јасно е дека ќе бидат поуспешни од оние репрезентации кои во најголем дел имаат играчи што се гледаат само на подготовки. И Кире одлично се вклопува иако тој е со големо искуство па и каде да го ставите може и сам и колективно да функционира. За пример репрезентацијата на Србија која има бекови по два метри кои се одлични меѓутоа како индивидуалци, не се уиграни и не функционираат тимски бележат и големи падови во играта...
Околку тоа составување на тимот по нечија желба, сепак не можеме да го осудуваме еден Кире Лазаров кој со својот квалитет и токму тимкси дух е предизвик и за поголеми играчи од него... Ситуацијата постои и за жал и Шундовски не е моќен да делува како авторитет, нешто што и со Темелковски се случуваше во Хрватска (случајот со Стојанович за кој јас сметам дека треба да биде повикан). Факт се две работи дека има внатрешни несогласувања околу одредени играчи и дека ни е потребен подобар бек од Филип. Сепак не смее да се наруши атмосферата до почеток на Европско иако овие поделби и случувања од типот "Вардар и Металург" се ситуации што не смеат да се случуваат бидејќи репрезентацијата не е лична сопственост.
 
Супер е Кире а и Наумче си знаат како треба само едно нешто ми боде очи.Кире беше во Хравтска најдобар стрелец ама МВП не му дадоа да биде,политиката и во спортот е премногу влезена.
 
Супер е Кире а и Наумче си знаат како треба само едно нешто ми боде очи.Кире беше во Хравтска најдобар стрелец ама МВП не му дадоа да биде,политиката и во спортот е премногу влезена.
И јас го мислам истото како тебе требаше Кире да ја земе наградата МВП ама ЈБГ тоа е (y)
 
И јас го мислам истото како тебе требаше Кире да ја земе наградата МВП ама ЈБГ тоа е (y)

Ако направиме паралела со Наваро на Европското тогаш и со Кире требаше исто да биде во Хрватска.Ај ќе видиме на крај на превенствово како ќе биде.
 
Да бе, МВП ќе ви биде играч чија репрезентација 11 беше а нема да е некој од првите топ 3 репрезентации.

Он: Браво за успесиве, се надевам дека се добар предвесник за она што ќе се случува во Ниш.
 
Да бе, МВП ќе ви биде играч чија репрезентација 11 беше а нема да е некој од првите топ 3 репрезентации.

МВП може да биде само играч чија репрезентиција е на први три места ??? Ако им е тоа правило нека идат нека се обесат.
 
МВП може да биде само играч чија репрезентиција е на први три места ??? Ако им е тоа правило нека идат нека се обесат.

Непишано правило е де. Не мора да значи дека увек најдобриот стрелец треба да е МВП. Треба поддршка од соиграчите, да догура подалеку репрезентацијата. Не може некој што ја носел својата репрезентација до финале и освоил да се споредува со некој што изборил до 11 место пласман.

И јас на времето мислев дека е политика, не не сакале и што не ама нема везе. И во Баерн пример Гомез става голови ко нездрав ама друг е клучната алка таму. Нешто слично е и насекаде.
 
Ова не значи дека на крај ќе бидат најдобри стрелци ама затоа покажуваа дека и двајцата се во одлична форма пред еп во србија каде тамошните експерти не отпишуваат и не прават аутсајдери ама затоа ке ги помочаме и нив како што ги помочавме и литванците ние сме таков народ кој не потценува ние дупло му наплаќаме
 
Мене лично многу ми се допаѓаат вакви статии каде нашите интернационалци се во прв план. Истава статија да беше објавена после првото коло во ЛШ пак ќе бев задоволен (иако тогаш не беа на овие позиции).
Меѓутоа друга работа е важна тука, а тоа е добрата форма. Штом Кире и Наумче се водечки стрелци во досегашниот тек на ЛШ а за од прилика еден месец почнува Европското тогаш мора да бидеме задоволни. Тоа секако ги подгрева надежите кај нас (особено после успехот на кошаркарите) и воедно е добро и за самите играчи. Ајде Кире е константно околу врвот на стрелците меѓутоа Наумче прв пат е во ваква ситуација така што тоа е важно за неговата самодоверба како и за самодовербата на целата репрезентација, дека можеме да се носиме рамноправно со најдобрите. Ова секако не значи дека сме најдобри (за жал сеуште сме далеку од најдобрите) но да се надеваме дека вакви игри ќе продолжат да прикажуваат и тоа не само Кире и Наумче туку и другите наши репрезентативци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom