Македонските ракометни асови Кире Лазаров и Наумче Мојсоски се наоѓаат на врвот во Лигата на шампиони по бројот на постигнати погодоци. Со осумте погодоци на синоќешното гостување во Полска против Киелце, капитенот на репрезентацијата, кој ги брани боите на Атлетико Мадрид, има вкупно 35 гола сезонава во најелитното европско натпреварување.
Зад Лазаров со 32 постигнати голови се наоѓа досегашниот лидер Наумче Мојсоски, ѕвездата на Металург, кој има еден одигран меч помалку. Доколку против Констанца в сабота повеќе од три пати се запише во листата на стрелците, Мојсоски повторно ќе се врати на чело на европскиот поредок.
http://www.time.mk/read/a3e5753b39/2bbd186e05/index.html
Нека не отпишуваат сите за претстојното Европско ова е само доказ кој е во врвот, Наум после ваквата игра во ЛШ докажа и покажа дека е светски играч ако тоа веќе се знаеше за Лазаров.