Пишав едно писмо до МКФ.. се надевам ќе имаат некаков одговор и ќе реагираат на време,додека не пропадне тотално сезонава...
Сакам да го изразам своето а и мегувремено општото незадоволство од преносите кои се вршат на Канал 5 телевизија...
Послем подолго време имаме квалитетна кошаркарска лига со многу конкуренти за титулата и многу интересни натпревари,украсени со прекрасната атмосвера што ја создаваат навивачите.
Но секој неможе,нема услови и слично да присуствува на секој натпревар дома/гости и затоа постои медиумска куќа која би ги пренесувала поинтересните натпревари на колото....
Големи жалби има до неодговорната Канал 5 телевизија..... Или нека пренесува како што треба и доликува или пак ич нека нема ТВ преноси.....
Нивната неодговорност не иритира сите....
Дерби натпребари како денешниов Фени-Торус пишува дека ќе се пренесуваат во живо од 17 часот,а од тоа ни трага ни глас..... Луѓе се спремаат да гледаат кошарка дерби натпревар за прво место,а они преку своите вести најавуваат дека натпреварот ќе го проследиме како снимка во 20 часот..... Останува прашањето дали на Канал 5 или пак на Канал 5+... Треба да имаш 2 телевизора за да знаеш на која програма да бараш..... Викаат Канал 5,а пренесуваат на Канал 5+.....
Тотален промашај при избор на медиумска куќа која би ги пренесувала натпреварите во македонската кошаркарска прва лига.....
Не е ова прв случај...... Секое коло имаат пропуст и грешки..... Еднаш звукот нечинел,друг пат немало услови...(во Куманово биле известени дека неможат да вршат пренос зад трибинита кај што се навивачите на Куманово и да се преселат на другата центална трибина но они останале глуви на барањата и натпреварот го прекинуваат во првата четвртина..)
Коментаторот е посебна приказна...
На ТВ екранот не се научија и не,дека треба време да стават... Или ние дома треба да си пуштиме штоперица ?
Не бараме време за напад... ( треба но за нас тоа е ... ) Нека има барем време за натпреварот.....
Промената на резултатот некогаш касни и по цела 1 минута.... Катастрофа......
Звукот катастрофа..... Све на све КАТАСТРОФА за Канал 5 и МКФ која дозволила една ваква несериозна телевизија да врши пренос,и истата да не реагира на многуте пропусти кои ги иритираат и нервираат сите фанови и навивачи на домашните клубови...
Се надевам некој ќе ја прочита мојава порака,ќе реагира соодветно и ќе добојам одговор за истата...... Пријатно
Сакав и ја ова истото да го пишам, браво. Вакви аматери како Канал 5 не заслужуваат да пренесуваат спорт кој моментално е во најголем подем во Македонија. Треба петиција до МКФ.
Не постои тим на планетава што не ја заслужува поддршката од навивачите, клубот е поголем и од тие што се на терен и од тие што го водат и управуваат.
Работнички не го заслужува у моментов оној ванаби тренер на клупата и не заслужува некој вака да ги координира нештата во тој тим, не заслужуваат да играат во онаква мала несредена сала, не заслужуваат да имаат такви мизерни подготовки, услови за тренирање и тн и тн, многу работи тој тим не заслужува, ама подршката од навивачите ко и секој друг клуб, ја заслужува.
Вака сега бев на Работнички, мислев дека ќе биде добро дерби и беше. Ако Лирија игра како во првото полувреме и ако се уигра Зивче, Лирија ќе биде еден од најголемите конкуренти за титулата. Зивче денес ги утепа, кога беше најпотребно секогаш решаваше. Во второ полувреме не беше играта на ниво и во одбрана и во напад, па затоа Работнички се доблиѓи и имаше реални шанси за невиден триумф.
Што се однесува до Работнички, не е се до Србиновски. Во прво полувреме игра со 3 и пол играчи, бидејќи тој младиот прави штета за двајца, а игра како пола играч. Што да прави Србиновски кога игра со 7 играчи. Што се однесува до играта, едноставно преслаб Работнички, во второ полувреме појде шутот па затоа и се доближи, ама центрите повеќе се зад 6.75 него ли во рекет. Е не може со такви центри да добиеш важен натпревар. Хаџибулиќ изненади со играта и беше еден од најзаслужните за пресвртот, Јане не беше лош, ама е далеку од оној Јане од Јане. Тасоски можеше и подобро, на крајот малку фалеше, ама шутот беше ептен после звукот на сирената и немаше никакви шанси да се признае. Како што пошла работава, Работнички ќе се бори за опстанок со АБА и со Кожуф.
И за крај, без навреда, CPB се светлосни години зад Family. Едноставно грев е да ги споредуваш.