Робот против рчење
Многу луѓе кои живеат со партнер којшто 'рчи се подготвени да пробаат се што ќе им се понуди на располагање, само за да го запрат измачувањето - чепови за нос, инхалатори, па дури и пижами со најразлични принтови кои наводно го запирале овој процес.
Секако, Јапонците не се задоволни со ваквиот вид на ниско-технолошки решенија за проблемот па затоа, една истражувачка група од Васеда Универзитетот создаде робот-мечка за спиење која се поставува врз главите на "'рчaлата" за да ги отвори нивните дишни патишта додека спијат.
Мечката наречена "Jukusui-kun" се користи како перница, но има вграден микрофон и, во првиот момент кога ќе детектира гласно 'рчење, нејзините шепи се исправуваат (се разбира нежно, како на прикажаното видео) и ја туркаат главата на заспаниот човек на едната страна.
Ваквото движење ги преместува оние кои патат од гласната форма на 'рчење наречена "апноеа" која може да биде опасна не само за врските, туку и за здравјето на луѓето, во положба во која престануваат со измачувачката "симфонија".
"Jukusui-kun" значи "длабок сон" и роботот кој беше прикажан на Интернационалниот Саем за Роботика во Јапонија, е таргетиран конкретно на оние луѓе кои заради 'рчењето немаат доволно кислород во крвта, а содржи посебен монитор на дланката кој детектира кога кислородот опаѓа.