Потеклото на Ромите- Еѓупците (Ѓупци) во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата asanoski
  • Време на започнување Време на започнување

sto mislat drugite za egupcite


  • Вкупно гласачи
    27
  • Гласањето е завршено на .
Јас бар знам дека има голема разлика меѓу Ѓупците кој живеат во Југозападна Македонија и Ромите во Скопско.Сега колку таа е генетска кој знае?Никој не правел тестови на Ѓупците посебно во однос на Ромите.Антрополошки постои разлика која е видлива.Сега дали е од поголемото мешање или од специфично потекло не знам.
Во недостиг на некој попрецизни докази нема да ги побивам теориите кој се можни.
Што се однесува до претпоставката дека се од Антиката присутни споменувајќи го култот кон Изида и храмот кој не е доистражен е сепак претпоставка која не е докажана.Ако и се од Египет тоа се најверојатно бегалци од Арапското навлегување кога дел од трговците и занаетчиите пребегале на Балканот.
 
A be mene ne mi e jasen tekstot, ti treeba da kazes pojasno koja ti e celta na tekstov, jas ne ti negiram nisto ama problemot e sto ti neznaes kako da se izjasnis ili da go formuliras toa sto sakas da go prezentiras. Drugo ovde na forum ima diskusija megu mnogu razlicni prestavnici kako Makedonci, Albanci, Srbi, Bugari i da ne gi redam site ama sekoj ke kaze nesto i ke ponudi nekoj dokaz nekoj dokument a kaj tebe ne vidov nisto osven nekoj nedobro definiran tekst.Eve ke ti pomognam ako sakas da recis nesto bidi podirekten i jasen, na primer ke recime" nie Egupcite sme vakvi, takvi i slicno, nie sme tie sto go izmislija svetot" pa taka da lugeto ke znaat za sto da diskutiraat a ne vaka treba da nagagam sto sakas da kazis.
egupcite ili receno egipjani se najstarite gragani na balkano i po makedon se makedonci a ne se slavjani iliri ili nekoj drugi
 
Заради истото слепило што македонците го имаат во поглед кон торбешите од Македонија ќе се оттуѓи уште еден добар народ- еѓупите. Циган(Ром) и Еѓуп се две различни работи. Асаноски, тие што ги тресат глупостите на фотумов се недообразовани џаболебари. Не барај разум од нив, ама и немој да мислиш дека нивните погледи ги делат сите македонци. Јас лично, како и многу луѓе што лично ги познавам, ги сметам еѓупите за чесен и работлив народ. Тоа што некои фамилии се наклониле кон албанска традиција е заради подобрување на нивното социјално стоиште. Еѓупите треба да се школуваат и да ги истражуваат нивните корени, и секако да учествуваат во општествената и политичката сфера со нивни прогресивни членови.
 
sekoj etnicka grupa si ima svoi obicaji

Асаноски, те молам кажи ми , како се препознавате меѓусебе на пр. со Ромите, т.е. како знаете кој е кој?
i nie kako i drugite etninicki zaednici si imame svoi obicai i svoja
kultura.
a za odgovoro kako nije se prepoznavame so romite,e istoto kako
sto i makedoncite se prepoznavat po pleminata na nimnite predci
kako i albancite i dr.

--- надополнето ---

sakas da znaes povejke za egipjanite.nije sme megu prvite narodi koj ja naselile makedonija.Torzo bozicata Izida kako i zlatnata posmrtna maska
kako i Makedon sinot na Oziris
Makedonija imeto go dobila po samiot Makedon,sinovite na Makedon Pijer i Amat po smrta na tatkoto dvata sinovi imale svoja oblast i ja stavile vo edna celina i ja narekoja Makedonija.

--- надополнето ---

egupcite ili receno egipjani se najstarite gragani na balkano i po makedon se makedonci a ne se slavjani iliri ili nekoj drugi
sakas da znaes povejke za egipjanite.nije sme megu prvite narodi koj ja naselile makedonija.Torzo bozicata Izida kako i zlatnata posmrtna maska
kako i Makedon sinot na Oziris
Makedonija imeto go dobila po samiot Makedon,sinovite na Makedon Pijer i Amat po smrta na tatkoto dvata sinovi imale svoja oblast i ja stavile vo edna celina i ja narekoja Makedonija.
 
Кај нашите (Македонци) постари луѓе беше во употреба едно име за “Ромите“, (доколку не сакаа некој да ги разбере што говорат и за кого говорат). Можеби потекнуваше од така наречениот “Кириџиски“ јазик (“Господски“, “елитен“ односно : “учен“ јазик), но како и да е, Ромите, Ѓупците беа нарекувани со името : Пурденци (Пурденец, Пурденка).
Е сега ќе прашате : - од каде па сега тоа име?
Е! Народот си запаметил (има и сказание) “како нашиот Александар Македонски водел војна против кралот Пор, владетелот на народот Пуру“, во Индијаааа... Е, а како ќе ги викаш припадниците на народот Пуру (или поданиците на кралот Пор) ако не како Пуруденци, односно Пурденци!
Некои работи не се бришат и забораваат лесно од колективната меморија и многу добро се знае кој од каде е. Генетика која е “модерна“ во последно време е само потврда на она што сите го знаеме и оружје против белосветските хохштаплери и илузионисти, но не променува многу од ставовите на свесните и интелегентни поединци.

кажи,генетиката,а?
M78-V13
43,9=Шќиптари Косово
29.8=Роми Македонија
21.5=Македонци
High-Resolution Phylogenetic Analysis of Southeastern Europe Traces Major Episodes of Paternal Gene Flow Among Slavic Populations-Pericic 2005
цитат од стручњакот по тропање глупости " и многу добро се знае кој од каде е."
е, кој од каде е кажи,де?

се ми се чини дека и ти припаѓаш во "белосветските хохштаплери и илузионисти".

--- надополнето ---

p.s.
според Y hg детектирани помеѓу Ромите во ЕУ, сите се различи помеѓу себе, мешани се со околното население.
Во сите генетски извештаи се нагласува фактот дека Ромите од Македонија се тотално различни од сите други ромски заедници.
Тоа од фактот дека само кај Ромите од Македонија е пронајдена (во висок процент) mtdna grupa М, што значи дека Ромките (жените) ја задржале индиската компонента (39.6%) така да Ромите од МК немаат античко присуство на балканот (бидејќи ниеден друг балкански народ нема повеќе од 01.0% од mtdna grupa М).
Frequencies of mtDNA Haplogroups in Southeastern Europe-Svjetlana Cvjetan 2005

по машка генетска линија, патот на Ромите води преку Иран,Турција, блискиот исток.
ова го знаеме од истражувањето за Bayash Romani, каде што е утврдено дека нивната Е-V13 е "уникатна", и дека тие не се мешани на балканот, туку надвор од него.
тие, имаат и најголем процент од H1a , преку 50.0%, но и V13 =41.8% (Bayash Romani od Medjumurje).
Dissecting the molecular architecture and origin of Bayash Romani patrilineages: genetic influences from South-Asia and the Balkans-Klaric et al. 2009

најголем процент на Е-V13 имаат Ромите од Војводина, дури и 70.0%, па, според генетиката, за нив е тешко да се наречат Роми, тие тотално ја имаат загубено индиската врска H1a=07.0% (по машка линија).
за нив, не сум ги видел мотивите од Е-V13, од кои би се видело од каде потекнуваат (всушност,со кого се блиски).

Ромите од Косово (можни еѓупци опцијата е елиминирана) се H1a=60.0% (Индиа) Е-V13=02.0% (Египетска врска) Ј=23.0% (блискиот исток)

глупоста од Кариес со Пур е елиминирана со истражувањата помеѓу Jats,Sinthi и други индиски групи, тие воопшто немаат ромски Y DNa i mtDna (теоријата дека Ромите потекнуваат од тие групи на популации од Индија)

инаку, во британија е откриена "ромската мтдна" датирана на околу 1.000 г. по Ристета, што значи дека Ромите (веројатно не дошле со Турците, иако машките линии покажуваат најмногу 500-600 г старост-Kljusov 2009).
Ова некако ги потврдува резултатите од Калајџиева и Грешам (кои важат за "експерти по ромска генетика" и се спомнуваат во секој извештај.),кои ги датираат Ромите во Европа во периодот околу 1.000 г. по Ристета, никако пред тоа , што е многу симптоматично,ист случај е со Гегите, при што двете популации се шампиони по Е-V13.
 
На дијагнозата ќе ти додадам уште и “манијакално опсесивен тип на шизофренија“. Јас ти сум изгледа опсесија, ама џабе се трудиш. Не се “палам“ на такви дегенерици.
Штета што не си бил роден за на старите наши да им кажеш дека не треба ѓупците да ги викаат ѓупци, иако и ѓупци е погрешно име, ама сепак така си ги викале старите и сеуште и тие самите си се викаат така, иако званичен назив изгласаа да им биде - Роми.
Во Индија има мал милион народи, групи и подгрупи на народи та на нашите “им било мнооогу важно“ да знаат точно на која група припаѓаат нашите Роми - знаеле отприлика од кој предел на светот доаѓаат и тоа им било доволно, па ги нарекле со она име кое го зачувале во колективната меморија за народите од тој дел од светот.
 
ти си лажго, имаш вошки и крадеш.
Твоите стари знаеле зошто ги викаат Ѓупци, и "сигурно" во колективната меморија "останало сеќавање" на гап од најмалу 1300 год.

незнам зошто се бламираш по форумов историја, оди на форумот научна фантастика или комедија.
реков дека си тотално неписмен и необразован и пак го потврдуваш истото.
ич акал да се немало.

неписмен, империјата Гупта била во Јужна Индија, во реони каде што МАКЕДОНЦИТЕ НИКОГАШ НЕ СТАПНАЛЕ.
ич акал да се немало, НЕПИСМЕН, ЧИТАЈ ЈА БАРЕМ ВИКИ_СЕРИЈА.
и престани да лажеш, знаеме дека си патолошки лажго, но , секој има пристап на форумов, бери памет.

ти си го зачувал делот од колективната меморија за Баронот Минхаузен и Пинокио.

п.с.
нашите стари ги викале Ѓупци, од зборовите
gup=to become perplexed or confused
gup=" defending , protecting "'; being on one's guard or preserving one's self from....
gup=keep, protect, guard from ; beware of, shun, detest; detested, abominable, beware of ; fly from, be afraid of .
gup=keeping, guarding.

секако, тука е и теоријата за нивното потекло од Египет, теории си имаат и запањаците, но јас мислам дека нашиот народ бил докажан голем МАНГУП, па можеби тој термин е поврзан со Мангуплукот, мангупот е итар, и има особини кои не се својствени на другите луѓе, а поимот поткнува од зборот
manogupta=cherished or concealed in the mind , thought or meditated on secretly ; red arsenic ; a species of sugar-cane.

колку знаеме, Ромите биле Ман_Гуп(ц)и, знаеле занаети, магии, "краделе деца" и што ти ли уште не.
зборот mano=intellect , intelligence , understanding , perception , sense , conscience и т.н. од него е miner-va и mind, секако и формите на поимот Бог=Ману...хм....Маниту (кај индијанците во Америка)
*Monier Williams' Sanskrit-English Dictionary
*Capeller's 1891 Sanskrit-English Dictionary
*the Madras Tamil Lexicon 1924-39
приказните за Египет, има интересни работи и за нив, секако поддржани со она основното во секој човек, она од кое сме создадени-гените.
ама, другпат.

--- надополнето ---

п.с.
претходно напишав дека ромските гени не поминуваат старост поголема од 1.000 год. нивниот патријарх - големата мајка се луѓе родени пред околу 1.000 год. (најмногу 500-600 според Кљусов 2009) и нивно поврзување со Индија е дискутабилно, како група можеби се оформиле во Занзибар или Аљаска, а можеби и поблиску до балканиве или Египет.
кој го интересира тоа, нека ги прочита Калајџиева и Грешам.

дотичниот лажго е гроги, тој е збунет од фактот гени, тој не разбира дека ромите се аналогија на добар дел од американските црнци од кои секој 4-ти има бел машки создател, но сепак се црни и сега ги фатило манија како на пример дотичниов, да видат кој тоа ги направил.
ист случај со E M78-V13, дошол ли Црна Арапина E M35 (од Мозамбик/Етиопија) и направил гејчиња, гегчиња, и многу балканчиња и источно европејчиња, со бели дејчиња или си ја повел и фамилијата?
во истата приказна се и многу ромчиња, а патот од Мозамбик/Етиопија води преку-ЕГИПЕТ.
на Arabic Kipti "gypsy," lit. "Coptic;
 
Си изнафрлил горе-долу разноразни податоци кои скоро на сите им се познати и тоа не е ништо ново. Симптоматично е што сето тоа го правиш во вид на “салата од зборови“, што само ја зацврстува дијагнозата која ти ја поставив. Боже, Боже кој се нема пристап до интернет...
 
Јас бар знам дека има голема разлика меѓу Ѓупците кој живеат во Југозападна Македонија и Ромите во Скопско.Сега колку таа е генетска кој знае?Никој не правел тестови на Ѓупците посебно во однос на Ромите.Антрополошки постои разлика која е видлива.Сега дали е од поголемото мешање или од специфично потекло не знам.
Во недостиг на некој попрецизни докази нема да ги побивам теориите кој се можни.
Што се однесува до претпоставката дека се од Антиката присутни споменувајќи го култот кон Изида и храмот кој не е доистражен е сепак претпоставка која не е докажана.Ако и се од Египет тоа се најверојатно бегалци од Арапското навлегување кога дел од трговците и занаетчиите пребегале на Балканот.

досега има генетски истражувања (скоро) за сите Роми од Европа.Сите Ромски групации се различни помеѓу себе, Ѓупците не би требало да се исклучок.
постојат предрасуди дека Ромите/Ѓупците биле "сексуално" хетерогени/затворени комуни, меѓутоа тоа воопшто не е точно, тие ги имаат сите европски Y hg , во согласност во која земја живеат, кон тој народ се најблиски.
заклучок е дека многу Роми или се потомци на околното население или околното население се прешалтало во Роми.
одговорот ќе го имаме кога ќе се направи аутосомално днк истражување помеѓу ромите.

најчудно кај нив е тоа што ромите од Македонија (и не само тие) имаат висока концентрација од Y hg E-M78, и оние Роми од Унгарија со астрономски висок процент од Y hg J M67 ака "познатиот античко колонизаторски гејски генетски маркер", кој всушност е пародија на хеленизмот и хеленистите, истиот го имаат сите балканци, каде и немало гејци, исто и источна европа.

ромите во Унгарија (зборувам за тие кои се спомнати погоре) и немаат дамнешно присуство во таа земја, па навистина е чудно каде тие ги добиле Y hg E-M78 и J M67 (ова можеби ќе ни го одговори баронот Минхаузен,бидејќи "сите" ги знаат овие податоци) и како толку брзо достигнале така огромни проценти.
кај ниеден народ во светот нема таква "генетска прогресија", логично е мешањето да почнало многу порано од претпоставеното.

ромите од Македонија, како тргнале по "генетски пат" работите, веројатно ќе станат дво генетски компонентни, само Y hg E-M78 и "индиската" Y hg, нешто слично кон кое стремат косовските геги со истата Y hg E-M78 и Ј2 М241.
Споредбено, на западните европејци кои имаат високи проценти од R1b M269 со неговите деривати, им требале не повеќе од 3.000 г. меѓутоа, многу од нивната R1b M269 е родена после градењето на пирамидите , а некои во времето кога Бригите се селеле, а некои се барабар со "преселбите на славсите".
ова е во корелација со ниските варијации кои се карактеристични и за гегите и за ромите, и тие варијации се во корелација со тврдењата дека и едните и другите немаат поголемо присуство на балканот од 1.000 г.

вкупниот впечаток за ромите (без никаква аутосомална днк анализа за нив) е дека тие имале 2 правци на движење, кон Турција и кон блискиот исток.
останатото е од мешањето со европјаните и со Y hg E M78 V13 која е многу сомнителна за да биде европска.
сепак, без автосомална днк анализа и без недоволни HLA class II allele сето ова е само така, и никако/некако.

--- надополнето ---

п.с.
многу луѓе ќе се зачудат , на пример, како тоа Роми = / = Геги?
едни бели, други потемни, плус јазикот,обичаите...

на вакви работи укажа уште 2006 г. Сенгупта, денес тоа е прифатливо во сите ген извештаи, сите ги сметаа Полинезија за извор на Y hg C која ја има и во централна Азија, но и во гејлада (и тоа само кај нив, траги од Авари (?) или Монголи среде Атина.)
Полинезијците се секако фенотипски и антрополошки сосем различни од да речеме некој централно азијат, да не зборуваме за јазикот, обичаите.
сега, Y hg C нема потекло,оригинал од Полинезија, туку поради поголемите варијации во централна Азија, оригиналот е оттаму.
всушност, Полинезија е многу скоро населена, да речеме од пред 3.000 г. и неможно е таму да настанала Y hg C која е постара и од "Дедо Ное".

ниските варијанци кај Гегите и Ромите, се споредбени со ова забележување на Сенгупта.
штета што од Перичич 2005 ги немаме на увид мотивите од Y hg DYS alelite, да видиме со кого се мешани Гегите од Косово и Ромите и дали се тие помешани помеѓу себе.
има време, ќе му текне на некој, па тогаш ќе бидеме поблиску.
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1380230/
 
Ден денеска сепак е мистерија потеклото на ромите , значи со целост од 100 % не можи да се потврди, но голем број историски, а и генетски извори го откриваат нивното потекло.
Познати се под името РОМИ, некои ги нарекуаат ЃУПЦИ, ЦИГАНИ и слични синоними, (овие вторите ги сметаат за навредливи) живеат во населби претежно ромски , во сиромашни квартови од градот. Познато е дека најчесто тие се дното на опшеството кои питачат , крадат и се евтина работна рака, но има и дел од нив што успеале да издигнат посебен социјален статус, да се вклопат во опшествените навики, да добијат социјална култура а и материјални богатства.

200px-A_gipsy_woman_with_her_child.JPG


Муабетот е за потеклото на ромите. Нашите роми во македонија ќе ги земам за пример, и многу многу не ги здоболе за потеклото. И да ги здоболе ретки се тие. Во скопје приметувам како упорно го користат нивниот јазик со мешавина од македонски, сакајќи да се истакнат со своја култура и обичаи.
Голем дел од обичаите и културата ги имаат превземено од турците,примајќи го исламот, се осеќа асимилацијата и до ден денес ромите муслимани имаат турски-арапски имиња а може и по некое старо ромско.

За потеклото нивно, сајтот Roma Culture вели:

Во светот има 10 до 12 милиони Роми лоцирани насекаде. Нема начин да се знае нивниот точен број бидејќи тие не се заведени во повеќето официјални пописи.

Многу Роми не го признаваат нивното етничко потекло за да избегнат етничка, образовна и економска дискриминација. Ромите се посебно етничко малцинство, а нивното потекло започнало на индиска територија пред повеќе од илјада години. Никој не знае со сигурност зошто првите Роми го започнале големото талкање од Индија во Европа и подалеку, но тие со текот на времето се раштркале низ цел свет.

Ромите не потекнуваат од Египет, туку од Индија. До 2005 година се веруваше дека Ромите немаат историја. Тие живеат наспроти историјата, а не со неа. Не биле предизвикувачи на војни, но ја напуштиле Индија поради војните и го почнале своето патешествие.

Во времето на Чандрагупта, Индија воспоставила врски со западниот свет, а за време на Ашок (273-232 п.н.е.) инаку, внук на Чандрагупта, царството било зголемено, а Индија станала важен меѓународен центар. Тогаш настапило времето на големиот развој на Арапите кои во седмиот и во почетокот на осмиот век, стигнале во Ирак, Иран и во централна Азија.

Следеле походите на Махмуд од Газни кој ја нападнал Индија дури 17 пати, како и походите на Мухамуд од Гора, Џингис Кан и Тамерлан. Во понатамошниот периодисторијата на Индија повеќе не влијаела на судбината на Ромите. Тие веќе биле надвор од нејзините граници. Многу од нив стигнале во Европа каде што биле

изложени на непрестајни прогони.

Иако се уште не е научно докажано, помеѓу петтиот и шестиот век, Ромите стигнале во Иран и Авганистан. Околу 855 година биле во Византија, а околу 1068

година биле забележани на островот Атос.

Имало неколку големи миграции во историјата на Ромите. Првата била иницијалното одделување од Индија пред околу илјада години. Втората голема миграција позната како Аресаџипе е од југозападна Азија во Европа во 14-от век. Третата миграција била од Европа во двете Америки во 19-от и 20-от век по укинувањето

на ромското ропство во Европа во 1856-1864 година. Некои експерти тврдат дека нова миграција на Ромите се случува денес по падот на Железната завеса во источна Европа.

Поедноставена мапа за можното движење на Ромите при нивната преселба од Индија, во Азија, Африка и Европа Врз основа на јазикот, Ромите се поделени на три популации. Тие се Домари од Блискиот исток и источна Европа (Дом), Ломарврени од централна Европа (Лом) и

ромите од западна Европа (Ром). Нема универзално напишан ромски јазик кој се користи од сите Роми. Сепак, членовите на Лингвистичката комисија на Интернационалната унија на Ромите моментално изготвуваат кодификацијата на конструиран, стандардизиран дијалект.

Има четири главни ромски „племиња“ или ромски нации: Калдераш, Макаваја, Ловари и Чурари. Во другите групи се вклучени Китанос (Кале), Синти, Рудари, Мануш, Бојаш, Унгарица, Лури, Башалде, Ромунгро и Џораџаи. Во првите европски описи на Ромите при нивното влегување во Европа се нагласува нивната темна кожа и црна коса. Поради интеграција со Европејците со текот на вековите, денес може исто така да се најдат Роми со светла кожа и коса.

Историски, Ромите се етничка група која живее на економското дно од европските општества. Нивната работа секогаш била слабо платена и нестабилна. Нивниот традиционален независен и номадски живот ги стави на маргините на генералните економски и политички системи без разлика на тоа дали е системот феудален,

капиталистички или дури социјалистички. Дури и за време на социјалистичкиот период во Македонија кога трудот беше заштитен знак на идеологијата, многу Роми останаа невработени, а мнозинството продолжи да живее под просечниoт животeн стандард.

Ромската култура е различна и нема една универзална култура, но има атрибути заеднички за сите Роми: лојалност за семејството (проширена на кланот); верување во девел (бог) и бенг (ѓавол); верување во предодреденост; Романаја , стандарди и норми кои варираат во степен од племе до племе и адаптибилност на

променливи услови. Интеграцијата на многу Роми во гајикане (неромското население или странска) култура како резултат на населувањето во разни земји, разблажи

многу ромски културни вредности и верувања. Немаат сите племиња иста дефиниција за тоа кој или што е Ром. Она што може да биде прифатено како „вистински Ром“

од една група може да биде gadjé за друга. Ромската култура е различна со многу традиции и обичаи, а племињата низ цел свет имаат свои индивидуални верувања и принципи. Лошо е да се генерализира и премногу поедноставува со давање конкретни правила за сите Роми. И покрај она во што веруваат некои групи, нема ниту

едно племе кое може да се нарече „вистински“ ромско. Во 13 век тие се појавуваат на Балканот, работеле како слуги, ковачи, бунарџии, кожари, кројачи, златари, чувари, курири, месари, но и работи кои во 16 век

не биле очекувани за Ромите, како калуѓери, оператори, правници, јаничари и спахии. Но, во сите списи се опишуваат како луѓе со темен тен, кои танцуваат, свират, пеат, гатаат.

Движење на Ромите во Европа од 12 до 16 век

При доаѓањето на Балканскиот Полуостров Ромите најпрвин биле припадници на христијанската религија. Под власта на Турците тие масовно го примиле исламот. Но, и покрај тоа, во населбите и во тврдините биле одделна група. Правата и обврските на Ромите во јужнословенските земји под турска власт, биле регулирани со

општествени и законски норми кои важеле за граѓаните на Турското царство, а постоеле и други кои важеле само за Ромите. Притоа, едни важеле само за Ромите муслимани, а други само за Ромите христијани.

Ромите во Романија биле продавани и како робови. Дури во 1848 година во Букурешт е објавена големата револуционерна декларација според која „Романскиот народ се срами што држи робови“. Најголемите прогони против Ромите се за време на Втората светска војна каде повеќе милиони Роми се испратени во концентрациони логори во Европа.

Најмрачниот дел од историјата на Ромите е геноцидот. На пример, во логорите, иако Ромите ја делеле истата судбина со Евреите, тие сепак биле сметани за граѓани од втор ред. Дури и во логорите.

Според Пописот од 2002-ра година за Роми се сметаат 54.879 жители на Република Македонија. Сепак, нивниот број е дискутабилен поради нерегуларности во спроведувањето на пописот и фактот дека не зборуваат сите Роми во Македонија ромски јазик, па некои се вброени во другите етнички групи во Македонија. Според

некои проценки, бројот на ромското население во Македонија достигнува дури и до 150.000. Огромен дел Роми во Македонија живеат во градските подрачја.

Најголем дел живее во Скопје, но има значителни ромски населби во западните, јужните, источните и централните делови на Македонија.

mapa.jpg


dvizenje.jpg


slika1_resize.jpg


Е сега, тука настанува спорот, со потеклото на ромите, затоа што после 2005-та година голем број на роми се изјаснуваат како ЕГИПЌАНИ. Еден ром со кој разговарав рече, дека се срамеле од нивното потекло како роми, па се изјаснувале како египќани. Настанува парадокс, затоа што се изјаснуваат и како Турци, Албанци, Македонци, Арапи и други националности, но некој се верни и се изразуваат како роми.
Во охрид беше поднесено и барање да им се изгради статуа на египетска божица веднаш до Кирил и методиј споменикот, како и египќаните би имале своја култура и божица, и покрај тоа што се декларираат како муслимани, зборуваат албански, а се пишуваат египќани, и имаат ромско потекло.
Овој коктел од генетика и националности ретко кој може да го разбере, па секогаш останува одговорот да лежи во стари историски записи.




Египќаните бараат споменик во Охрид
Охрид - Ако веќе за сите има споменици во Македонија, ако во Охрид академик Томе Серафимоски предлага, покрај за светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум - Чудотврец, да се градат уште и за Седмочеслениците тогаш зошто да останат покусо и македонските Египќани? Тие повторно го актуелизираат прашањето за изградба на спомен-обележје на Изида, божица на плодноста и мајчинството од египетската митологија.

„Веќе ја имаме поддршката од голем број интелектуалци и политички субјекти, па се надеваме и на одѕив и кај граѓаните за поддршка на оваа иницијатива. Се надеваме дека и Советот на општината позитивно ќе се изјасни за нашиот предлог“, вели Демир Далип од Иницијативниот одбор за подигнување на споменик на божицата.

Тој нагласува дека божицата Изида нема значење само за египетската заедница во Охрид, туку и за сите граѓани на општината, затоа што на подрачјето на градот при археолошки ископувања се пронајдени две статуи на оваа божица.

Статуите на божицата Изида, кои се наоѓаат во Музејот на Робевци, потекнуваат од археолошки локалитет во центарот на градот (откриени се при изведување на градежни работи токму на општинската зграда), а се претпоставува дека датира од времето кога македонските војски се повлекувале од Египет на просторот на Македонија. Со нивното доаѓање на овие простори, тие со себе донеле и дел од културното наследство и некои верувања од стар Египет.

Постојат три претпоставки за доаѓањето на Египќаните на овие простори. Првата е дека дошле во времето на Александар Македонски, кои самиот се прогласувал за ‘наследник на фараоните’, односно дека од Египет донесол занаетчии и ковачи како робови. Втората претпоставка е дека дошле во византиско време преку „Виа Игнација“, Солун - Битола - Ресен - Охрид - Струга - Корча - Елбасан - Драч. И третата претпоставка, дека дошле преку Дубровник, за време на опсадата на Арапите во деветиот век. Засега научно е поткрепена втората теза, која и временски се совпаѓа и се прима како најверодостојна. (В.М.)

Додаток 1

Како најразбирливи и најблиски на дофат ми се записите на Марко Цепенков, кој во своите книги спомнува нација ЕЃУПЦИ, за која денес би сметале дека станува збор за Ѓупци или за Египќани.

Извадок од книгата:

egjupci.jpg


egjupci2.jpg


Jaсно е дека евреите биле робови на египќаните, и фараонот бил врховен владетел во Египет, што значи овие историски записи го потврдуваат фактот дека во македонија има египќани, но се асимилирани или измешани со ромите.

Уште еден факт, за потеклто на ЕЃУПЦИТЕ.

eguptin.jpg


eguptin1.jpg
 
незнам баш....ама Ромите.....велат дека се египќани, потоа дека биле од Раџастан, биле роднини со индијците...итн...
 
Според овие текстови погоре испаѓа дека во македонија има РОМИ И ЕГИПЌАНИ, дека ромите се со индиско потекло и светло кафеава боја, т.е АЗИСКА, додека ЕЃУПЦИ; ЕГИПЌАНИ се со темна боја, (она афрички солариум).
И држи фактот вода до некаде , само уште самите да си се решат што се.
 
Тие потекнуваат од областа Пенџап денеска таа е поделена меѓу Пакистан и Индија.
Сега од кога тргнале кон Европа не знам, мислам дека тоа би било негде околу VIII век ( нема информации) , викаат дека имале кралство на Северниот дел од Индија , но било уништено ( некој викаат од страна на Монголците или Турците [нема информација и тешко е за докажување]). Немаат матична држава и нивниот број е околу 12 000 000, а се верува дека тој број е поголем.
Еѓупци се мисли на Еѓипјани и нив ги има во Охрид.
 
Ете само шт осакав да напишам за Пенџап ме претрка Хип Хоп :) Инаку најпрвин Ромите кога се раселувале, се населувале во Шпанија, па подоцна во останатите европски земји.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom