Ти ми збориш за сезона пред втора светска војна кога фудбалските првенства биле далеку од дефинирани, а гледам и други го спомнуваат ова без притоа да се информираат што и како се случувало.
Тогаш Серија А била поделена на две групи односно натпреварувања, едното организирано од FIGC другото од ICC, Интер учествувале во она натпреварување организирано од ICC. Тогаш како што гледаш на друг начин функционирал фудбалот во Италија и од сезона во сезона имало нови промени за да се усоврши првенството, сезоната кога Интер требале да отпаднат се менувал и форматот на првенството односно FIGC и ICC се решиле да го земат примерот од англичаните за едно единствено натпреварување а не поделба на 2 групи па во една таква ситуација на Интер им било овозможено да играат бараж за да опстанат против тим од Фиренца, незнам дали за денешнава Фиорентина станува збор, па првиот меч го добиле 3-0 а вториот 1-1 и така опстанале.
Доколку останел истиот формат од претходно и не се решавале италијаните да менуваат, Интер ќе отпаднеле во втора лига. Тука нема ништо спорно ниту пак кршење на некакви регулативи кои всушност тогаш уште биле и во фаза на дефинирање и усовршување, и сезоната кога од 34 кола се прејде на 38 во Италија, Перуџа играа квалификации за да опстанат во лигата против Фиорентина кои тогаш беа во втора лига, што не беше случај сезона претходно на пример кога последните 4 испаѓаа али ете, тие промени во лигата на Перуџа им дадоа уште една шанса за да опстанат во што не успеаа, што не значи дека ако опстанеле истото би било нерегуларно.