Интер-Јувентус Derby D'Italia сабота 29 октомври 20:45

Како ќе заврши натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    147

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506

Мислам дека време беше да се отвори тема за ова дерби и мислам дека не згрешив што го отворив токму денес...Сите знаеме што значи ова дерби во Италија и секако за фановите на овие два тима насекаде во светот..Јувентус моментално е на првата позиција во табелата со 16 бодови ,а Интер е на дното од табелата со само 7 бодови и логично е дека Јувентус е фаворит во ова дерби иако во вакви натпревари табелите и привремената форма на тимовите не значат ништо...

Последните 5 натпревари каде Интер е домаќин во Сериа А:
Интер-Јувентус 0-0
Интер-Јувентус 2-0
Интер-Јувентус 1-0
Интер-Јувентус 1-2
Интер-Јувентус 1-2

Евентуални состави на двете екипи:
Интер:

----------------------------------Цезар----------------------------------
Мајкон-------------Лусио--------------Самуел-------------Киву---

----------Занети------------Камбиасо----------Мота----------

------------------------------Снајдер-------------------------------

------------------Пацини-----------------Зарате----------------

Јувентус:
----------------------------------------Сторари------------------------------
Лихтештајнер---------------Барзаљи---------Бонучи--------------Киелини

Красич-------------------Пирло-------------------Маркизио----------------Пепе

-----------------------Матри----------------------Вучинич------------------------

Се надевам на фер и коректна дискусија и без провокации помеѓу фановите на двата тима и секако добредојдени се и останатите членови на кајгана да дадат свое видување за овој натпревар и секако подобриот и посреќниот тим нека победи!
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Не знам зашо, али Интер очекувам да експлодира на мечов. Победа од 2 - 0 ..
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Јуве 1-0 добива позапалени се сезонава од Интер.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.744
Поени од реакции
6.467
Овој пат нема потценување како лани,оваа година мечот се сфаќа озбилно и очекувам победа ! Лани од двата меча ни еднаш не ги тепавме,затоа оваа година сигурен сум во победа на домашен терен,башка Раниери им беше тренер пред 2-3 години и им знае некои слабости на Киелини и уште некои од таа генерација! Мотив плус за победа на Интер е моменталната ситуација на табела,има да го остават срцето на теренот во тоа бидете уверени,ке биде борба за секоја топка и ке биде вистинско уживање да се гледа оваа утакмица,очекувам фер и коректен натпрвар поготово од судиите па подобриот нека победи!
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Добро бе мораше старото лого да го стаиш,иначе увек е тешко со екипи кои се борат за опстанок:pos:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Добро бе мораше старото лого да го стаиш
Во голема слика ми се појавуваа новите логоа на двете екипи па вака за да наликува барем на нешто ги стегнав постарите:D
 
F

FuckYouAll

Гостин
Глеам последните две завршиле 1-2, ќе требит да си пробаме среќата вкладилница. :D

Иначе победа на Јуве, во подобра форма сме де.:icon_lol:
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.507
Поени од реакции
4.383
Очекувам како и секогаш тврд натпревар неизвесност,малку голови многу стартови,некоја тепачка,некој црвен картон итн.Но пред се се надевам на победа на Јувентус и мислам дека не е невозможна затоа што Интер се оваа сезона во лоша форма дури сеа почнуваат полека да го наоѓаат вистинскиот пат ако воопшто го најдат.Така да моја лична предпоставка
Интер - Јувентус 0-1
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Домакини сме и се разбира дека сме во блага предност.Очекувам победа на Интер,ако тепаме Утре со Аталанта и сврзиме 2 победи по ред,ке се дигне мотивацијата кај нас,полека полека мора да влагаме и ние во препознатливата форма.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom