Може ли некој да ми предложи која фирма е најдобра за монтирање на ролетни, какви да земам и колку пари му доаѓаат?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сакам да ставам надворешни ролетни незнам дали пластични или алуминиумски?
Ми треба совет за ролетни во зимска градина, да појаснам станот ќе го уредувам во модерен/минималистички стил, но се одлучив едната тераса да ја адаптирам како зимска градина, при што ќе биде декорирана со камен, мала фонтана, бонсаи дрвца како бонсаи градина.
Ролетните во станот ќе ги терам веницијан или вариолајт за да ми се вклопат во модернистичкиот стил, но во зимската градина тој стил нема да ми одговара.
Ако има некој совет да даде кој завеси/ролетни најмногу би ми одговарале за зимската градина much appreciated .
најубаво е венецијанерки ама ефективно е само за зима додека на лето бргу ќе сушат тие кутрите растении![]()
Мислам да одржувам температура и влажност на воздухот со клима, па мислам дека нема да биде тоа проблем. Мене повеќе ме интересираше како да го решам тоа од дизајнерски аспект.
Венецијан не ми се баш прикладни за таква атмосфера, има дрвени такви ролетни кој се малку поскапи или пак алуминунмски како имитација на дрво, но некако не би ми одговарале на таков амбиент.
значи сакате естетика во тој случај постојат вариолајт слични како венецијан но со вертикални поставени и има секакви бои по избор што одговара по амбиентот и има ефект како да личи завеси постојат пластични и ткаенини разликата е пластичните лесно се чистат,а ткаенините се перат рачно,а што се однесува на венецијанерки и тоа има избори на бои и димензии 1,5см и 2.5см широчина и има пластични и алуминиумски,а дрвените тешко да најдеш во МК бидејќи не е тоа како што беше порано и многумина се жалаат зашто лесно закривува поради сончева топлина.