Дали се почитуваат велосипедистите во сообраќајот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се почитуваат велосипедистите во сообраќајот?

  • Да, се почитуваат!

    Гласови: 1 1,9%
  • Не, не се почитуваат!

    Гласови: 46 88,5%
  • Не знам! / Не ме интересира!

    Гласови: 5 9,6%

  • Вкупно гласачи
    52
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Дали се почитуваат велосипедистите во сообраќајот?

Возам велосипед веќе 12 години и стварно ова ужасно ме иритира, велосипедистите не се почитуваат во сообраќајот. Значи возиш по тротар, на луѓето им пречиш нема кај да се движиш, плус на кога ќе се надоврзам, нема посебни велосипедски патеки по главните улици, па мораш да слезеш да возиш по улица и да возиш покрај цело време. Но и покрај тоа се пак им пречиш, цело време од позади слушаш автомобили ти свират. Возам по една улица, тротоарот тесен, згора на се тоа и паркирани автомобили од зградите, и морам цело време да станувам па пак да се качувам за да продолжам, не ти даваат предност возачите на автомобили. На кеј по велосипедската патека иако има горе патека за пешаци, пешаците пак идат по таа за велосипеди и ролерки и пречат. За да биде маката поголема тротоарите се искршени, дупки и цело време го оштетувам велосипедот. Ова е за Скопје, немам искуство за други градови но не верувам дека ситуацијата е поарна, па ако има некој нека сподели тука. Што мислите дали се почитуваат велосипедистите во сообраќајот?
 
во последните неколку години (2-3 негде) основно превозно стретство ми е велосипедот. Ретко кој ги почитува велосипедистите во сообраќајот. најголем дел од велосипедските патеки се претворени во паркинг места, неможеш да возиш по нив па мора да се снаоѓаш малку по тротоар малку по коловоз. друг проблем преставуваат дупките и други нерамнини кој ги има насекаде (тротоари, велосипедски патеки, улици) а се голем проблем но во последно време чат пат ќе закрпат по некоја колку толку.
Пред некое време случка што му се случила на татко ми:
Возел велосипед по тротоар и однигде никаде некој се качил со автомобилот на тротоарот му пресекол пат татко ми го избегнал колку може а овој со автомобилот уште и го удрил со вратата при што татко ми се залепил за ограда. Во близина имало некој полицаец кој наместо да го заштити татко ми тој уште почнал да му вика кај гледа додека вози заштитувајки го возачот со автомобилот... мислам немам повеќе што да кажам.
Инаку бидејки живеам на многу прометна улица често се случува да бидам сведок на сообраќајни незгоди каде што подебелиот крај го извлекуваат велосипедисти но не по своја грешка.
Незнам што друго да кажам освен тоа дека треба да се воведат некој промени во законот со кој би се заштитиле велосипедистите и би добиле повеќе права како учесници во сообраќајот.
бонус едно видео доказ дека е многу тешко да се вози по велосипедска патека :)
 
Кај нас кај што постојат велосипедски патеки по улициве или се раскопани или се полни со испаркирани автомобили, во најлош случај пешаци одат по нив кои и после пет пати ѕвонење/свирење не се поместуваат да поминеш. На улица да возиш тоа ти е "руски рулет", или ке те удри некоја будала, ке ти пресече пат, а најинтересно да ти отвори врата а ти онака залетан 20-30 км/ч. :eek: За на крај пак ти да бидеш крив. :tapp: Дефинитивно нема возачка култура кај нас, а и таков ни е менталитетот.
 
Секако дека треба да се почитуваат велосипедистите тие се дел од сообраќајот но не се они криви што нема доволно велосипедски патеки низ градов па мора да возат по улици а и културата на возачите е таква да ни велосипеди ни моторите не ги фермаат како дел од сообраќајот.
 
Во Скопје велосипедски патеки имаш на сите булевари значи пешачка патека-жардињера-велосипедска патека (тротоар) и три ленти сообраќај. Е сеа неретко истите се исполнети со коли аутобуските се наоѓаат баш на нив имаш контејнери и што е најбитно немаш право на минување да можат ќе те изгазат жив.. За све ова е крив Град Скопје што не може да напраи една асална кампања првенствено едукација но и соработка со полицијата во однос на непрописно паркираните... Најдобро според мене е една ваква акција како што беѓе онаа со трите пункта за изнајмување низ Скопје но и одвојување на овие патеки (тротоари) или нивелирање на ниво на сообраќајните ленти и заштита да не можат да влагаат коли.. Како и да е ќе пројде уште многу време за да моеш како човек да возиш него ли да се пикаш меѓу луѓе и меѓу коли...
 
Треба на сите места во Македонија да се направат патеки за велосипедисти, ама како што гледам многу малку има и велосипедистиве се приморани да возат по главни улици каде што фрчат коли со 100ка али тоа е:tapp:
 
најсмешно ми е што секогаш се обидувам да возам по велосипедките патеки што се обележани ама по некое македонско чудо секогаш луѓето одат по патеката... Значи толку глуп и неписмен народ сме што дури и кај што е убаво обележано и нацртано со црвено и се глеа дека е велосипедска патека за инат идат баш по тоа...
Да не ги спомнувам колите што се паркирани на тротоари... незнам само пајаците што работат у центар има еден куп паркирани по тротоари па да му ебам мајката нека зголемат казните за паркирање во зеленило или на тротоар на 200 евра па ќе видиш дали ќе паркира некој.

Пример кај зоолошка направија нов паркинг, паркингот полупразен ама затоа на тротоар се наредиле 10 коли и ја морам по улица да возам... секој ебан ден е така и пазиш да не те лупне некој од позади...
А и на раскрсница се дешава некогаш да е зелено и за пешаци и за автомобили и иако во тој случај ние имаме предност како пешаци или велосипедисти, тие што се со коли не застануваат... џабе е све кај нас и да напраат по 100 пати дневно да има видеа на ТВ пак нема да научат што треба...
 
Никаква култура нема во сообраќајов... тоа е страшно ! денес секоја будала доби возачка дозвола и на улициве е хаос... не дај боже да си велосипедист...
од една страна коли.. од друга мотори.. треба да си луд за да земеш точак и да возиш низ градов.. (велес)
ако не изгинеш од тоа.. тогаш некоја полицајска кола ќе те закачи.. пошо тие се бетер
 
Ако нема велосипедска патека, реагирајте кај локалните власти да го сменат тоа. Во меѓувреме возете по тротоар (или трева ако на некој дел има паркирано коли), а не на улица, посебно не во Скопје каде на 300.000 коли велосипедистите знаат да закрчат сообраќај или да предизвикаат сообраќајка како никој друг.

Има едно многу просто правило - ако не возиш моторно возило, не проаѓаш на пешачки и не протестираш, нема што да бараш на улица.
 
Последно време глеам велосипедиве добија некоја титула на моторно возило па се вози во сообраќај исто како со коли. Не можам да се изначудам, денес си идам накај дома, и пред мене цело време еден со точак весла нагоре, свириме лупаме типов не се истава изиграва како да е на некое моторно возило па го има правото да вози на сред улица. Каде, ко прво нема жмигавци точакот, нема ни звучни сигнали да се слушни, нема погон шо значи ако завесла побрзо типот ќе замини , не се знај веќе кој кај тера. Засеа како и нормално шо е нема велосипедска патека а тешко и дека ќе има, па користете го тротоарот, дел од улицата, а ако некој свири зад тебе и ти свирни му , можи те поздравува:cool:
 
Почитување на велосипедисти е прв чекор кон комунизам и воведување едноумска диктатура. Велосипеди возат работници и пролетери, и тие со велосипедите сакаат да станат еднакви во сообраќај со нас бизнисмените и добро ситуиранита господа кои возиме скапи коли. Тој план го разработија Маркс и Енглез а во пракса го спроведе Ленин. Комунистите сите редум возат велосипеди и одвај чекаат некој да ги подчукне со кола за после да пишуваат во веснци за свои некакви права па како била тешка работата мала плата па слики од фамилии и купишта парталосани дечиња шо липаат над искривени бандаши и маши...... Не може некој кој се вози на расклатен точак од 50 евра и руча салама да биде рамноправен во сообраќај со оној кој се вози во лимузина од 50.000 евра и се храни со деликатеси и специјалитети, но комунистите и безбожниците сакаат да го урнат тоа правило и постават нови а тоа води до диктатура на пролетеријат на бицикли. Прво ќе ги изедначат тие со точаците и нас со лимузините, после ќе дојсат закон за национализација, па ќе одземат земјишта, фабрики, дуќани, па ќе ја забранат црквата и на крај ќе го укинат семејството и секој ќе може слободно да ти ја земе жената и ќе дозволат бракови меѓу брат и сестра. За да се спречи тоа во самиот зачеток, не треба да се почитуваат велосипедисти!
 
општо никој ништо не почитува во сообраќајот
кога нема обележана велосипедска патека велосипед може да се вози и на улица
некогаш и велосипедистите се виновни. [вчера еден пијан велосипедист шантраше со велосипедот и за малку ќе појдеше под тркалата на нашиот камион]
притоа навечер ретко кои од велосипедите се прописно обележани со 'мачкини очи'
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom