ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ имаше 15 години за утрдување на минималната плата
ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење што СДСМ се реши да ја оцрни одлуката на Владата за утврдување минимална плата, нешто што беше поздравено и од синдикатите, и од работодовачите, и од пошироката јавност.
- Жалиме што СДСМ повторно неосновано го критикува секое постигнување и позитивно решение кое е во интерес за сите граѓани, изјави Лилјана Кузмановска, пратеник во Собранието на Република Македонија, реагирајќи на изјавата на Марјанчо Николов од СДСМ.
Таа додаде дека предностите од воведувањето на минималната плата се многубројни, како зголемување на животниот стандард на најсиромашните и најранливи слоеви во општеството, мотивација и охрабрување за вработените да работат повеќе, стимулирање на потрошувачката и зголемување на работната етика и намалување на сивата економија.
Одржливоста на решението за минимална плата, како што рече, е гарантирано од договорот за минимална плата како и со усогласените ставови на сите синдикати во државата како и работодавците.
Според неа, главното прашање на кое СДСМ денес требаше да одговори е зошто цели 15 години не донесе решение за утрдување на минималната плата.
- Нема ниту причина ниту простор за критика, особено поради фактот што со минималната плата се заштитуваат работниците и категориите на граѓани со најниски примања. Тоа е нешто за кое треба и СДСМ да се радува и безрезервно да го поддржи, истакна Кузмановска.
Извор СИТЕЛ ТВ: http://www.time.mk/read/b898c7d69a/bdceeb14d5/index.html