Прозорците треперат, процесорот оди 100% (Windows 7)

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
628
Локација
Југославија
Па користев прво Safari (прелистувач) и по неколку брзи отварања на прозори и изменувања на табови сѐ почна да трепка во позадината, почна да се слуша кулерот на лаптопот, и после морам да исклучам или ќе се прегрее. Е сеа проблемот беше до Safari-то (барем така мислев) али сега гледам на Гугл Хром истото ми го направи. Иначе 64битен, истото ми се случуваше и на 32битен Windows 7. Го имате искусено ова, има помош? Фала :)
 
А да размислиш логички??.....чим ти загрева брзо значи те зеза кулерот.

Кај мене на пример на стариот ком.....на графичката имав кулер...ама тој знаеше да застане и да не врти...и 5 мин после тоа цел компјутер ми се заглавуваше,де ќе замрзне,де ќе се рестартира и сл.
 
Исчисти си го кулерот и купи си кулинг пад.
 
хаха абе пријател.. тоа кулерот колку години не ти е зачистен? колку повеќе процеси му даваш на процесорот да обработува толку повеќе се замара и нормално се загрева - кулерот ке постигне да олади до одредено ниво ама пошо не ти е исправен нема шанси да олади и ке почне да те заебава прво графика ( претежно ) па ке ти се успори компјутерот премногу па може да ти се укочи и на крај да ти се рестартира ( ако беше десктко ПЦ може и звучникот ке свиреше а за лап топ незнам како оди )
 
Истото е и кај мене - значи на XP за 10-15 мин. зависи ми се блокира компјутерот, се растартира некад... До кулерот ако е како изгледа да го исчистам :$?
 
Истото е и кај мене - значи на XP за 10-15 мин. зависи ми се блокира компјутерот, се растартира некад... До кулерот ако е како изгледа да го исчистам :$?
cooler-master_hyper-tx2.jpg

cpu-cooling_fan.gif

SilverStone-Nitrogon-NT07-1156-Super-Slim-Profile-CPU-Cooler-1.jpg

gelid-1u-slim1.gif


кога ке го отвориш компјутерот голе лево барај испакнат дел е нема шанси да го утнеш!
 
Истото е и кај мене - значи на XP за 10-15 мин. зависи ми се блокира компјутерот, се растартира некад... До кулерот ако е како изгледа да го исчистам :$?
Не мора да значи дека е до кулерот,можеби се работи за вирус,можеби е до напојувањето(особено ако е од оние најевтините),така да прво би те советувал да го форматираш компјутерот,потоа да си го смениш напојувањето со некое поквалитетно и трето да ја промениш пастата на процесорот,поздрав!
 
и да го ичистиш кулерот пак ке те забава бидејки е зарибан не врти добро,прво ке земеш ке го ичистиш од прашина со четка после треба да се прсне во средина со wd 40 или rost off после прскање го вртиш 2-3 пати и ке тргне како ново нај добро ти е првен да го прснеш па после да ставиш и машинско уље и ке биде како нов од продавница ова постапка ти е за да не купуваш нов кулер
 
Не мора да значи дека е до кулерот,можеби се работи за вирус,можеби е до напојувањето(особено ако е од оние најевтините),така да прво би те советувал да го форматираш компјутерот,потоа да си го смениш напојувањето со некое поквалитетно и трето да ја промениш пастата на процесорот,поздрав!
Формат правеше чика во петок, вирус нема. Напојувањето може да е значи кои кабли да ги сменам?
 
Дали одма после рестарт, пак процесорот има 100% cpu usage?
 
Не сте ме разбрале добро. Значи не е до кулерот! Не е загревањето проблем, проблем е оперативецот, т.е. софтверски проблем имам. Одеднаш ќе почне некој прозор отворен активен да трепери, и крева CPU Usage 100%. Иначе не е потребно да го рестартирам лаптопот за да го отстранам проблемот, само ја затварам програмата.
 
Јас си реков од куќата прозорците дека многу јак процесорот :icon_lol:.
 
Формат правеше чика во петок, вирус нема. Напојувањето може да е значи кои кабли да ги сменам?
Како мислиш кои кабли да ги смениш? Не може овде јас да те учам,имаш безброј туториали на интернет,прогуглај малку.Или,земи си го куќиштето со тебе и однеси го во продавницата од кај што мислиш да си купиш напојување,тие ќе ти го сменат бесплатно(освен ако не се некои дерикожи,ама не би требало оти ќе си ги изгубат муштериите).Ова заради тоа што изгледа не знаеш самиот да го промениш напојувањето.Што се однесува до напојувања,би ти препорачал да си го земеш оваа,вади чисти 450W,цената му е добра,гаранција 12 месеци,не зеза(проверено во пракса) брее,за ова треба да добијам хонорар од Анхоч :pos:>>> http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=31111
 
Тоа е процесорот? Кулерот го оправив сеа нема рестарти (whew) али одвреме-навреме се појави син екран -.-' со бла-бла и ако ти е прв пат рестарт :D. Се јавив кај тетката шо ми направи формат на компјутерот и ми рече до процесорот е ваљда и да однесам да проверат. Ама ваљда за тоа пари ќе ми земат па да прашам неможам јас некако да оправам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom