Кој оперативен систем според вас е најдобар?

  • Креатор на темата Креатор на темата WildChild
  • Време на започнување Време на започнување

Која фирма за оперативни системи е најдобра според вас?

  • Windows

    Гласови: 37 75,5%
  • Linux

    Гласови: 6 12,2%
  • Mac OS

    Гласови: 6 12,2%

  • Вкупно гласачи
    49
Според мене Mac OS, само мана му најдувам затоа што мора да имаш apple процесор за да ти работи :(

И заборавив да допишам уште две мани кај Mac:
Скап е и исто така бара многу рам, така да останува Линукс (ОК, нема фотошоп едно друго, ама има заштита + брзина ;) )
 
Eпл е се во хардверот, маваш по 90,000 денари за хардвер.На Стив Џобс го боли ако користиш пиратерија.
E aj ко така...

Mac:
  • 2.7GHz Quad-Core Intel Core i5
  • 1920 x 1080 resolution
  • 4GB (two 2GB) memory
  • 500GB hard drive1
  • AMD Radeon HD 6750Mwith 512MB
HP
  • Intel Core-i7-950 quad cores [3.06GHz, 1MB L2 + 8MB Shared L3 cache]
  • DDR3-1333MHz SDRAM 8GB
  • 7200 rpm SATA 3Gb/s hard drive 1TB
  • 1GB DDR3 AMD Radeon HD 6450
Meк 21 инч е 1500 долари, HP 23 инчи е 1400 долари. Разликата измеѓу i5 и i7, 4GB рам и 8 GB рам и графичката... речи ми дека Mac OS можи да ја надополни разликата.

Башка батките од HP викаат:2GB NVIDIA GeForce GT 425M + $50.00 или 2GB Radeon HD 6550A + $30.00
 
А Мек е секогаш 1500, и нешто поефтино.
Обичен PC за интернет и обичните игри (вов,варкрафт,кантер) би можел да склопам за 10,000 денари.
 
Овие овакви збутани, се у монитор ти требаат само ако живееш у картонска кутија а и прескапи се за перформансите.

Гласав за џамот пошо него си го користам, мек не сум пробал а линуксот си бара доста привикнување пошо изгледа дека се оди преку терминалот.
 
Грешка си...

Сега јас да те просветлам... епл работи на Интел процесори откако ја расипаа калимерата со Моторола. Така да тие верзии на Леопард 10 и нагоре што работат на интел се такви какви што се... Не се хакирани во делот за инструкциски наредби за процесор, освен оние што работат на АМД.
Сакаш да кажеш дека ако имаш интел процесор и симнеш мек ос леопард 10 ќе ти работи без претходно да се пачува? Ајде не се зезај.. Само ме затемни.. #fail
На интел ти работат само ideneb, iatkos i leohazard, а ако е оваа твојата вече леопард 10, тогаш мора да се пачува.
 
Сакаш да кажеш дека ако имаш интел процесор и симнеш мек ос леопард 10 ќе ти работи без претходно да се пачува? Ајде не се зезај.. Само ме затемни.. #fail
Ти работат на интел само ideneb, iatkos i leohazard.
Сеа пробваш да ме напрајш мене глуп или шо е финтата? Кај го прочита ова? Го имам некаде напишано?
Читај шо ти пишав... ако не разбираш, не ти сум јас крив. Инструкциски наредби за процесор се инструкциски наредби за процесор. Толку. Како да ти го кажам поинаку?

Измените (ти шо си ги викаш пачој) можеби се за драјвери за графичка, мрежна, чипсет шо уште не од кај да знам... Склопи иста конфигурација со Intel процесор како онаа што ја шитка apple гарант ќе се инсталира Mac OS без проблем.
 
Проблемот е шо ние го имаме интеловиот процесор ама ја немаме таа конфигурација шо ја шитка епл. Мислам дека ме сфаќаш?
И не се обидувам да те правам глупав, кажувам низ шо сум поминал. :confused:
 
Проблемот е шо ние го имаме интеловиот процесор ама ја немаме таа конфигурација шо ја шитка епл. Мислам дека ме сфаќаш?
Јасно дека те сваќам... е сега шо има точно мекот под хауба, или треба да нагодваме, или да расклопиме еден да видиме :) Според она што го гледам на нет, разликата е во плочата.
И не се обидувам да те правам глупав, кажувам низ шо сум поминал. :confused:
И? Се исплатеше за маката?
 
не, само нервози.. се немав бричено еден месец од шо седев пред комп. симнував верзии на мек и режев цедиња. :(
Е стварно си се намачил. Затоа смислиле виртуелна машина, и ISO фајлови... имиџот го лоуднуваш во витруелен драјв, и креваш виртуелна машина (то ти иди ново вклучвање на компјутерот дури работи под Windows). И си бутираш, инсталираш исто ко обично, дури да го погодиш да тргни. После истото го прајш заедно со Windows и нема гајле. Ем помалце нерви, ем помалку мака, ем побрзо - не режиш цд за секоја инсталација. Ама тоа е, памет за нареден пат :)
 
Гласав за Windows. До сега само тој оперативен систем го користам, освен Линуксот во школо кога бев го работев. Е сега Windows 7 за мене е супер. Но за работа подобар е Windows XP. 7-цата е премногу нашминкана, но напредува и кај и да е ќе го престигне ИксПе-то. За Линуксот што имам да кажам, за вируси нема потреба замарање, доста е брз, но едино што неможе кај него игрите да ги инсталираш итн. Линуксот повеќе е направен за работа, отколку за заебанции и играње. Macintosh, добар е, но не доволно за да му парира на Microsoft. Иначе сакав да прашам дали некој користел OS Chrome? Па не ќе биде лошо некои да сподели информации за тој оперативен систем.
 
Е стварно си се намачил. Затоа смислиле виртуелна машина, и ISO фајлови... имиџот го лоуднуваш во витруелен драјв, и креваш виртуелна машина (то ти иди ново вклучвање на компјутерот дури работи под Windows). И си бутираш, инсталираш исто ко обично, дури да го погодиш да тргни. После истото го прајш заедно со Windows и нема гајле. Ем помалце нерви, ем помалку мака, ем побрзо - не режиш цд за секоја инсталација. Ама тоа е, памет за нареден пат :)
Како шо ми е слаб процесорот нема ни да ја покрене виртуелната машина. :D
 
Дали некој го прочита насловот на анкетата? Ако да, тогаш честитки..Штотоку гласавте за фирмата windows..
Инаку јас сум корисник на џамчето и немам намера да го менувам.Тој е единствениот кој одговара на моите потреби...
 
Apple процесор не постоел и нема да постои во брзо време, ако не сметаме на тој во АјФонот и ајПадот шо е, ако е нивни (не сум информиран). Иначе мислат на хардвер, и работи Мекот на хардвер, и да најдобар оперативен систем е. Не во сѐ, но во повеќето работи е. Пример Линуксот е подобар во заштитата, а Windows-от е подобар во игрите. Толку. Другото можам слободно да кажам дека може да отиде во круната на Мекинтошот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom