Јас не ја гледам поентата во таа емисија. Како прво водителот настапува со некои работи кои не му се доволно проверени и не е воопшто сигурен во нив. Доволно е еднаш да му ги негираат `фактите` и одма паѓа во бескраен циклус на верглање на едно исто. Но не попушта дека не е сигурен во тоа што го кажува! Тоа го прави дополнително смешен... Кога некого сакаш да исмееш пред цела јавност, тоа треба многу убаво да го спакуваш. Препорачливо е да нема дирекна навреда од типот: Ти си огромен кретен, дебил и слично. Спакувај го убаво, избери соодветен речник и плесни му во очи. Ама биди игурен кога го правиш тоа. Конкретно емисијата со Латас:
Зошто немаш мислење?
- Зошто немам!
Како може да немаш мислење?
- Едноставно немам...
Зошто?
. . .
Кој е поентата на верглање едно исто прашање по 100 пати? Тоа Саше, Америчките новинари не го прават... а не ни верувам дека почнале исто како тебе. Друго што е интересно е твоето појавување на форумов и покажување на сите свои квалитети, како на пример изборот на зборови (ме боли к*р и слично). Многу ниско, мнооооогу ниско