Кој го уби Македонскиот СТАТЕР?

мислиш на пост...не сум свештеник.......зборот ми беше..
во меморијата на нашиот народ му бше всаден динарот...и само сменија буква......сеуште има луѓе кои место денар(и) велат динар(и), банки, милијарди........

Aха.. а мислиш ли ти дека тоа нешто ќе променело или евентуално ќе промени доколку денарот го прекрстиме во стартер? И не знам, зошто баш дека тоа со денарот, нужно звучи дека ќе сме се свртеле кон Белград (претпоставувам дека со тоа мислиш оти монетарно со денарот некој сонува повторно да биде поблизок до Белград - динар=денар, а со стартерот не, доколку се појави како економско-монетарна нужност?) Некако не ми е јасна целата таа проблематика, оти не гледам никаква економска оправданост во тоа, а со оглед на тоа дека парите се економска категорија, каква врска има називот со вредноста на валутата? Називот е проблем на идентификација, а не гледам поента во тогашните власти, па и сегашните (кај сегашниве дибидус не гледам) дека називот нас не прави поблиску до Белград, односно дека во иднина тоа ќе ни ја отвори „вратата за блискост“.

Не знам, би сакал едно логично објаснување, оти иам уште многу прашања, ама да не се заплеткам во истите. (побогу не можам да ве разберам)
--- надополнето: Sep 8, 2011 3:24 PM ---
точно. Бевме навикнати на динар па самото споменување статер...Оно кога почнаа да се печатат слободно списанија од типот Дело и Фокус, оние што ги читаа беа сеуште означувани како предавници, непријатели на државата и беа изолирани камоли назив статер. не беше лесно да се одвикне народ.
А за тоа време другите републики ги влечеа парите од Македонија, не срозаа наскроз.

И стварно е за прашање зашто уште у старт не сменија некои обележја[/quote]

А чекај, пак ни ова не ми е јасно, дај образложи... Како тоа ги влечеле парите од Македонија? Нели Федерација било, па буџет на федеративно ниво и на републичко, па после се размишљало за конфедерација, али јебеш го прокурацале и тоа.. Поентата ми е, како тоа ги влечеле парите од Мкд? ај малку економско објаснување...
 
економист не сум, има овде добри дечки кои ќе ти објаснат...граѓанин, штедач, корисник...сум бил во Југа. Има по нетов колку се извлечени од Македонија од филијалите на банките. Милијарди мислам беа во прашање. Од фирми и од банки. После Македонија ги враќаше дел по дел на граѓаните. Не е никаков проблем да се надуе инфлација или да се повлечат пари кога си во ист систем.
 
Аха... а нели пред да се отцепиме од ЈУ, сеуште сме биле под еден монетарен систем (покрај другото), па оттука нужноста да се пповлечат пари од граѓаните за да се ублажи инфлацијата? Зборот ми е, и денес да има инфлација кај нас, од кого државата ќе повлече пари?

Не за џабе ти го поставив тоа прашање, затоа што имам впечаток дека во темава се наметнува ирационална македонштина, а ако не, тогаш моја грешка...
 
Прво дали си штедел во југословенските банки и дали знаеш за заробените девизи. Според некои текстови на нет се работи за над 1 милијарда долари. Баш оти бевме под еден систем, Југобанка и Љубљанска крахираа или се повлекоа, однесоа големи пари во нивните републики. Србите тогаш пример отпечатија пари без покритие во вредност броена во милијарди долари. Тоа ние сите го плаќавме. Беобанка, Инвестбанка...имаше многу банки, многу излажани штедачи. А скоро пред тоа со одредена политика (позната на економистите) Марковиќ успеа да ги прибере голем дел од парите на граѓаните назад во банките.
Заштедите во Љубљанска беа заробени кога во 1992 година словенечкото собрание на полноќ реши да ја згасне Љубљанска банка и веднаш донесе одлука да ја формира денешна Нова љубљанска банка. Новата банка ја презеде целата актива на старата, но не и долговите. Со распадот на поранешната федерација Југославија во бунар отидоа и заштедите на македонските штедачи и во другите југословенски банки.

- Тоа беа драматични денови за Македонија. Штедачите беа во очај. Најкритично беше со тие од дијаспората. Македонија тогаш мораше да го преземе долгот и да ги обесштети штедачите. Бидејќи довербата во банките беше многу ниска и тоа го тресеше целиот финансиски систем на државата. Вкупните побарувања од старото девизно штедење во банките од СФРЈ и во домашните како и во пропаднати штедилници изнесуваше околу милијарда долари - раскажува Џевдед Хајредини, кој во тоа време беше министер за финансии.
не ви е познато ова со заробените пари, барем од постарите? додуша одамна не е главна тема, можи затоа
ИСПЛАТА НА РАТА ОД ОБВРЗНИЦИТЕ ЗА ЗАРОБЕНИТЕ ДЕВИЗИ
 
Прво дали си штедел во југословенските банки и дали знаеш за заробените девизи. Според некои текстови на нет се работи за над 1 милијарда долари. Баш оти бевме под еден систем, Југобанка и Љубљанска крахираа или се повлекоа, однесоа големи пари во нивните републики. Србите тогаш пример отпечатија пари без покритие во вредност броена во милијарди долари. Тоа ние сите го плаќавме. Беобанка, Инвестбанка...имаше многу банки, многу излажани штедачи. А скоро пред тоа со одредена политика (позната на економистите) Марковиќ успеа да ги прибере голем дел од парите на граѓаните назад во банките.
добро како не ви е познато ова со заробените пари, барем од постарите?
ИСПЛАТА НА РАТА ОД ОБВРЗНИЦИТЕ ЗА ЗАРОБЕНИТЕ ДЕВИЗИ

Точно во право си.. и сосема ми е јасно, добро е што ова го кажа наместо мене. Значи расветливме еден економски проблем. Затоа и те прашав во случај на инфлација, што денешната македонска држава би направила? (не знам дали ја сфаќаш паралелата што ја правам- значи не ме интересира гледање на проблемот од аспект на анти-југословенство, југо-носталгија, македонштина и контра-македонштина, затоа што тоа е стриктно економски проблем и толку!)

Е сеа, пак, прашањето ми е, каква врска имаат суштинските економски проблеми, или ако сакаш, монетарната политика на една земја со промена на називот на валутата (на парите)?
(значи не збориме за промена на валутата, тоа е друго, зборуваме за промена на називот на валутата. Зарем е толку важно и трагично што денешната македонска валута се вика денар, а не стартер, или на пример обратно? И што тоа побогу би променило?)
 
reportaza-prviot%20denar.jpg

Ако некој има поголеми слики нека стави.
 
не ви е познато ова со заробените пари, барем од постарите? додуша одамна не е главна тема, можи затоа
ИСПЛАТА НА РАТА ОД ОБВРЗНИЦИТЕ ЗА ЗАРОБЕНИТЕ ДЕВИЗИ

познато ни е, цела наша семејна заштеда отиде у бестрага, цел живот моите што штеделе, па имаше некој што откупувае заробени девизи 10 према еден или така нешто, па од тоа малце што се спаси се трчаше на битпазар кај дивите менувачи среде улица да смениш во марки за да не те изеде инфлација

и после некој недоквакани ке се лупаат во гради за југославија или ке ме споредуваат со Словенија, Словенците можеле ние не...па можеле си направија држава со украдени наши пари, кога беше најгусто да идат у п.м.

кој се секава дека облеката за у школо, место нова ни крпеа лепенки на лактите и колената зошто нова беше скапа, и ке излезе некој торко, ке ми држи лекција име да продадам зошто сега било тешко - не сте виделе вие што е тешко
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom