Кој го уби Македонскиот СТАТЕР?

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
убаво е да се подсетиме на оваа годишнина дека РИМСКИОТ ДЕНАР кој денес го употребуваме немаше да постои, односно на негово место требаше да се воведе МАКЕДОНСКИОТ СТАТЕР!

основата за ова прекрстрување, иако статерот била Македонска парична единица различна од дрхамата која имала и различна вредност односно курс према истата е обидот за ДОСЛОВЕНИРАЊЕ на новата држава, односно ограничување на историскиот период до Римската империја - текстот подоле

The stater is mostly of Macedonian origin. Celtic tribes brought it in to Europe after using it as mercenaries in Macedonia. It circulated from the 8th century BC to 50 AD. According toRobin Lane Fox, it was borrowed by the Euboeans from the Phoenician shekel, which was of about the same weight and was also a fiftieth part of a mina.[1]
Original mintings of this coin such as practiced in Athens valued the stater at a tetradrachm (4 drachms), though issues at other places or times applied the word "stater" to a didrachm(2 drachm) coin. The stater was also minted at Corinth.[2] Staters were also struck in some of the Mediterranean islands such as Aegina and Kydonia. For example, one silver coin struck in Kydonia was that of a stater featuring the Minoan goddess Britomartis.[3]

10BE0CAB478DD64C9AD7802A7DDC7985.jpg


На 15 јануари 1992 година во печатницата во Прилеп ’11 Октомври‘ се' беше готово да се почне со печатење на првите македонски пари во вид на вредносни бонови. Тоа требаше да се реализира на машина најсоодветна за тоа, со која работеа двајца работници, брачен пар. Во салата се чувствуваше свечена атмосфера и тишина. Кога беа направени сите подготовки, нумераторот на машината поставен на нула, а обичната хартија заменета со специјална, околу 11 часот почна печатењето. Кога го видов првиот табак со лицето на 24 банкноти, почувствував како очите ми се полнат со солзи. Со намера да ја скријам својата слабост, се свртев кон прозорецот, бришејќи си ги незабележливо очите. Кога малку се созедов, се завртев повторно кон машината која непрекинато го печатеше лицето на банкнотата, по 24 примероци на секој табак, видов дека и очите на брачните сопружници што работеа на машината беа полни со солзи. И не само нивните, солзи радосници имаше на очите на сите што беа сведоци во тој миг на овој историски чин кога почна печатењето на првите македонски пари“. Вака напишал во своја статија Борко Станоевски, прв гувернер на Народна банка на Македонија.

Првите македонски пари (ги викале само пари, оти се' уште немале име) се печателе во најголема тајност во прилепската печатница. И специјалната хартија што била пренесена од Фабриката за хартија во Радече, од Пула, преку Драч, во земјава се транспортирала со брод во најголема тајност. Сите се плашеле да не излезе во јавноста информацијата дека Македонија се подготвува, по политичкото осамостојување, и за монетарно осамостојување, иако тоа се насетувало и очекувало. Кај членовите на работната група за монетарно осамостојување, академик Ксенте Богоев, министерот за финансии Методија Тошевски, гувернерот Борко Станоевски и заменик-гувернерот Томе Неновски и Љубе Трпески постоела јасна визија дека воведувањето на македонска валута е единствено и исправно решение.

Поради чувствителноста на прашањето на дизајнот на парите и краткото време, била донесена одлука сите вредносни бонови да се со ист дизајн, а да се разликуваат само по боите. На дизајнот работело едно младо момче од печатницата. Тој имал само една недела да ги осмисли. Првите бонови биле во апоени од 10 денари, 25, 50, 100, 500 и 1.000 денари, подоцна се отпечатени и две нови банкноти од 5.000 и 10.000 единици. Работна група решила основен мотив на лицето на боновите да биде споменикот „Илинден“ во Крушево, како израз на вековната борба на граѓаните на Македонија за живот во мир и слобода. На опачината, биле прикажани тутуноберачите.

„Со Законот за парична единица Македонија добива своја валута и имам задоволство да ви покажам како таа изгледа. Нека ни е честито“, изјави тогашниот премиер Никола Кљусев на говорницата во Собранието на 26 април 1992 година кога пратениците ги усвоија Законот за Народна банка на Македонија, Законот за парична единица и за нејзина употреба. До ден-денес ова е една од најпрепознатливите слики, сведок за монетарното осамостојување на Македонија. На 27 април веднаш започна замената на ЈУ-динарите со македонскиот денар во сооднос 1-1 и заврши успешно во предвидениот рок од три дена.

678049EE132FC44B9E0E109EF73835BA.jpg

Името на првите македонски пари било неизвесно речиси неколку дена до пред пуштањето на вредносните бонови во оптек. И околу тоа постојат повеќе приказни. Првата шпекулација излегла уште на 24 јануари 1991 година кога од непознат автор дошол предлогот „поен“, според името на еден исчезнат народ што живеел на овие простори - Пеони. Малку подоцна, прилепската печатница, по своја иницијатива, отпечатила прототип на македонски пари „статер“ - (неточно)грчки назив под кој некои антички македонски владетели ковале пари. Откако случајно предлогот излегол во весник, за директорот на печатницата, Сашо Зафировски, како што вели тој, почнале најтешките или можеби најсветлите моменти во неговиот живот.

„Еден ден ми се јави директорот на една прилепска банка и ме викна во неговата канцеларија. Кога отидов, ми рече дека очекува гостин од Скопје. Влезе еден висок човек, прво разговаравме куртуазно, за времето, за сушата, но тој брзо покажа интерес за статерот. Настојував да ја избегнам таа тема. Прво што ми падна на памет беше дека е полицаец. Му реков: ’Господине, не знам кој сте, но очигледно дека не сте случајно тука и ве молам кажете што сакате од мене. Ако сте полицаец, дајте затворете ме и да завршиме со тоа‘. Бев психички исцрпен. Тогаш тој се насмеа и ми рече: ’Не сум полиција, јас сум гувернер на НБМ и точно е дека сум дојден за тебе‘“, раскажува Зафировски. Гувернерот му објаснил дека во неговата печатница треба да се отпечатат првите македонски пари, а имале рок од една недела да го подготват дизајнот на вредносните бонови.

За името на првите македонски пари еден од македонските политичари го предлагал името „лав“, кое поради немањето историска основа не било сериозно прифатено. Работниот назив додека се подготвувала целата операција била „Македонски динар“. Неколку дена пред собраниската седница, академик Петар Хр. Илиевски го дал конечниот предлог и станува кум на денарот. „Називот пари најчесто се зајмува од други јазици. Во античка Македонија биле ковани пари, главно, со грчки називи, статер, драхма, обол и друго. Во времето кога Словените се населиле на Балканскиот Полуостров, Македонија била римска провинција и се употребувале римски пари. Основен назив на тие монети бил „денариус“, латински збор изведен од дистрибутивниот број „дени“ по дест и „декм“, сесловенски збор за десет. Називот „денариус“ продолжил да се употребува. Следејќи ја традицијата во употребата на назив на пари, има резон да се задржи едната или другата форма де/инар. Сметам дека денар повеќе одговара“, вака напишал академик Илиевски во своето образложение за предлогот на името на македонските пари, кое го доставил до надлежните институции. Откако бил усвоен предлогот и од премиерот Кљусев, Илиевски и официјално станал кум на првите македонски пари.

По пуштањето во оптек на првите македонски пари, започнала борбата со хиперинфлацијата. Пред Македонија да се одвои од монетарниот систем на тогашна Југославија, месечната стапка на инфлација изнесувала 86 отсто. За да се спречи тоа, веднаш се почнало со примена на рестриктивна монетарна политика, а како резултат на тоа во периодот мај-декември 1992 инфлацијата била намалена на просечно ниво од 12,7 отсто. Во наредните години НБМ воведува пазарно ориентирани инструменти како вовед за отворен пазар.

Вредносните бонови требало да имаат рок од само шест месеци и да го трасира теренот за фактичко заживување на македонската валута. Советот на НБМ дури на крајот од 1992 година, односно на 10 декември, донесува одлука за изработка на новите пари. На јавен и анонимен конкурс биле понудени идејните решенија. Првата награда ја добила Билјана Унковска. А при изработката на моделите се користеле фотографии и мозаици на познатиот уметник-фотограф Благој Дрнков. Првите македонски денари, не бонови, беа пуштени во оптек во мај 1993 година.

Во изминативе 20 години од осамостојувањето, постигнавме финансиска стабилност, според актуелните функционери во Владата, Народната банка на Македонија, експертската јавност, сега ни треба поголем економски раст за подобар живот.
Македонија немаше друг избор
Македонија мораше да го направи тоа. Немаше избор, или требаше да создадеме своја валута или да зајмиме туѓа. Македонија се реши за своја. До прогласувањето на монетарната самостојност трпевме огромни штети. Во неограничени количини се печатеа динари во Топчидар. Во земјава доаѓаа динари во неограничени количини и ги собираа девизите, се купуваше и друга стока и злато. Тоа беше мошне штетен период за земјава. Веќе беше растурен монетарен систем на Југославија. Не требаше за тоа голема економска наобразба. Постоеше едногласност за монетарното осамостојување, едноставно немаше друг избор“, вели Петар Гошев, доскорешен гувернер на НБМ
Еуфорија кога ги допрев првите денари
„Работите се одвиваа со филмска брзина, несвојствена за нас, или можеби тогаш откривме дека најдобро функционираме во пет до дванаесет. Кога малку слегнаа работите, јас и уште двајца новинари по покана на тогашниот гувернер Станоевски ја посетивме печатницата во Прилеп и фабриката во Самоков. Има разлика меѓу парите в џеб и оние во печатница. Кога ќе ги преброиш оние во џебот, се чувствуваш некако мал, никогаш ги немаш доволно, меѓутоа кога ги гледаш многубројните табаци исцртани пари, а се' уште неизрежени, чувството е сосема поинакво, како сите грижи да исчезнуваат. Во Самоков првите луѓе на фабриката ми дозволија рацете да ги втурнам во контејнерот со нашите нови монети. Кога ми паѓаа низ прстите светнатите жолтици, пред тоа недопрени од рака, сигурно изгледав како Бајо Паторот од Дизни, кога се игра со парите во својот трезор. Времето си го прави своето, па сега сигурно не би била така еуфорична и полна со чувства. А, оттогаш и не сум видела и почувствувала толку пари. Сега како пензионер почнувам да откривам друго својство на парите - како да им се обезбеди поголема растегливост“, вели Виолета Митева, поранешна уредничка на Македонско радио - Радио Скопје.
 
Да требало статер да биди, а златните и сребрени статери сте слушнале за тоа? И тие не го видоа светлото на денот.
 
Јас ја отворам темава да видам кој бил убиен, оно назив за монети биле убиени.
Прекрасен текст за монетарното осомостојување на Македонија, нема потреба од дебата за античко/римско/реално време.
 
Јас ја отворам темава да видам кој бил убиен, оно назив за монети биле убиени.
Прекрасен текст за монетарното осомостојување на Македонија, нема потреба од дебата за античко/римско/реално време.
па монетите биле убиени, сепак се работи за убиство :confused:
 
А не знам, дали називот на парите нешто воопшто би променило?
Ако глеашод аспект на пари (монети или книжни) тогаш апсолутно нема никаква врска тоа како ќе се викаат, затоа што тие придодаваат т.е. создаваат и ја регулираат вредноста на стоката, а сами по себе не се вредност.

А ако па глеаш само од името, брат, не се лути, али мислам дека е тоа чиста глупост. Што е важно кој е називот на парите, нешто ќе промени тоа или ќе променело во твојот и мојот џеб? Мислам и пази, „кој го убил стартерот?“ !?! Нели е тоа апсудно и банално? Ако тоа те прави по близок, за да оправдаш некое сопствено повисоко национално или патриотско чувство, ондак кој те спречува денарите, ти лично, да си ги нарекуваш стартери? Али веруј, ништо не менува... пари се пари, како и да ги наречеш. А ако мене ме прашаш, for the good of the joke, книжните би ги нарекол лепешки, а металните брбушки.
 
Имав прилика да го слушам сето ова од пр. Љубе Трпески, како еден од членовите кои беа задолжени за монетарното осамостојување.
Додека зборуваше владееше тотална тишина меѓу присутните... сите ги впивавме неговите зборови.
 
очигледно на некои во државава, Југославија сеуште ја сметаат за жива...и затоа речиси се ни е наследство од тоа време.
примери:
Валута, Грб на држава, химна, кодови ...
 
очигледно на некои во државава, Југославија сеуште ја сметаат за жива...и затоа речиси се ни е наследство од тоа време.
примери:
Валута, Грб на држава, химна, кодови ...

Аха.. а што со тоа? Чисто онака ме интересира.. оти не можам да најдам корелација со твоево писание и писаниево на Македонцки..
 
Името на декретната валута е ирелевантно.
И да се викаше Чак пак ќе беше врзана за еврото со политичка одлука 1 према 61 а во однос на реалните вредности и услуги вредноста ќе му паѓаше постојано...
 
Името на декретната валута е ирелевантно.
И да се викаше Чак пак ќе беше врзана за еврото со политичка одлука 1 према 61 а во однос на реалните вредности и услуги вредноста ќе му паѓаше постојано...
Али кој го уби Статерот?:icon_lol:
 
Аха.. а што со тоа? Чисто онака ме интересира.. оти не можам да најдам корелација со твоево писание и писаниево на Македонцки..
мислиш на пост...не сум свештеник.......зборот ми беше..
во меморијата на нашиот народ му бше всаден динарот...и само сменија буква......сеуште има луѓе кои место денар(и) велат динар(и), банки, милијарди........
 
во меморијата на нашиот народ му бше всаден динарот...и само сменија буква......сеуште има луѓе кои место денар(и) велат динар(и), банки, милијарди........
[/quote]точно. Бевме навикнати на динар па самото споменување статер...Оно кога почнаа да се печатат слободно списанија од типот Дело и Фокус, оние што ги читаа беа сеуште означувани како предавници, непријатели на државата и беа изолирани камоли назив статер. не беше лесно да се одвикне народ.
А за тоа време другите републики ги влечеа парите од Македонија, не срозаа наскроз.

И стварно е за прашање зашто уште у старт не сменија некои обележја
 
точно. Бевме навикнати на динар па самото споменување статер...Оно кога почнаа да се печатат слободно списанија од типот Дело и Фокус, оние што ги читаа беа сеуште означувани како предавници, непријатели на државата и беа изолирани камоли назив статер. не беше лесно да се одвикне народ.
А за тоа време другите републики ги влечеа парите од Македонија, не срозаа наскроз.

И стварно е за прашање зашто уште у старт не сменија некои обележја
малку офтопик........затоа се бунеа при козметичката операција 'тргнување на петокраката'
а помалку се бунеле не менувањето на знамето....
 
точно. Бевме навикнати на динар па самото споменување статер...Оно кога почнаа да се печатат слободно списанија од типот Дело и Фокус, оние што ги читаа беа сеуште означувани како предавници, непријатели на државата и беа изолирани камоли назив статер. не беше лесно да се одвикне народ.
А за тоа време другите републики ги влечеа парите од Македонија, не срозаа наскроз.

И стварно е за прашање зашто уште у старт не сменија некои обележја

Зашто се надеваа дека ќе се вратиме во Југославија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom