Ни ја не разбирам, како ако она заработува повеќе од него, тоа е недостаток според неговите родители? И која слободоумност?
Очигледно не ни ја кажува целата приказна, а сите паѓаат на моментот: "Драги кајганџии, сега ќе ви раскажам една потресна приказна, ќе бидам потполно искрена за тоа како животот си поигра со мене.". Дури и ја, да не се лажеме.
Некои луѓе сакаат да си прават приказни од својот живот, во кои истите се на моменти "пресреќни како во бајка со принц и принцеза", а на моменти "судбината си има поиграно со нивните животни стории".
Во однос на моментот "не судете, може да ви се деси и вас"... па не е некоја натприродна појава, претежно у вакви случаеви, главното зависи од тебе. Ако ги цениш луѓето кои се во твојот живот и кои го заслужуваат тоа, ако знаеш да размслуваш трезвено и свесно, ако знаеш да не даваш лажни надежи на луѓе кои ти значат, ако знаеш да зборуваш искрено со луѓето, ако имаш принципи во животот, тогаш не би требало вака "судбината да се поигрува".