Темава ја отворам со цел да можат да се изјаснат тие кои сметаат односно се согласуваат и/или не се согласуваат дека во нашата држава нема (се помалку се дава) спортска поддршка на националните репрезентации. И покрај се поголемите успеси спортистите се потценуваат и секогаш предничи поголема медиумска поддршка на меѓународниот спорт.
Живееме у општество преполно со политички содржини па доживуваме да се радуваме на успеси кога власта или опозицијата се пресметуваат меѓусебно, кога турските серии се доминанти и кога националните телевизии не можат да овозможат пренос на националниот состав било тоа да е во кошарка, ракомет... Каде и да отидете се помалку ќе чуете спортски муабети посебно се помалку за националните тимови пред нив предничат споменатите политички содржини.
Кај нас спортистите се потценуваат за нив малку се пишува најмалку е точно тоа кога некој ќе рече "Во оваа држава нема спорт", односно ова во превод би значело "Кај нас не се цени националниот спорт" се помалку се доживуваат и успесите кои не е точно дека ги нема.
Кога сме кај успесите имено како најуспешни спортови, кошарка и ракомет во оваа држава се помалку имаат место пред националниот фудбал како спорт кој буквално е на мизерно ниво. Кога доживуваме успеси, Македонија во ракомет и во кошарка учестува на Европски и Светски шампионати се носи со големи екипи и остварува одлични резултати (да се потсетиме на 9то место на Евробаскет 2009, 11 место на Светско во ракомет 2009, квалификувани за Евробаскет 2011 и Евро шампионат во ракомет 2012, репрезентативците се помалку добиваат поддршка. Тука сакам да ја споменам и се поголмата доминантност на меѓународниот спорт (пред се фудбал) кој се доживува како оргазам притоа немајќи простор за вести за националните селекции отколку е побитно дали резервниот состав на Арсенал ќе бил на клупа.
Сепак да не заборавиме мечевите кои ги играат селекциите не можат да се проследат секој ден како што тоа се случува со европските лиги во фудбал и се поголемата доминација над останатите спортови кои се повеќе се потценуваат. Медиумите неретко се слепи па дури се случува (освен неможноста да се проследи ТВ пренос) ниту да се добијат вести кои заслужуваат да бидат в
И дали е срам токму пред неколку дена кога Македонската кошаркарска репрезентација го играше последниот меч од припреми пред ЕвроБаскет во салата БТ имаше едвај 1500 луѓе. Далеку од тоа дека кога постојат важни мечеви истите и те како се проследени меѓутоа да се потсетиме дека сепак националниот состав треба да има место пред останатите содржини како и пред меѓународниот спорт. Ракомет и кошарка кај нас за жал се помалку ценети спортови од фудбал а се далеку поуспешни.
А еве како изгледаа трибините. Можеби и Скопје полека треба да се исфрли од картата и да им се даде шанса на другите градови очигледно е дека сме заситени со (фудбал на тв).
Како заклучок на ова што мислите вие дали е потребна и поголема медиумска и поддршка од јавноста на националниот состав и дали токму успехот на националите селекции е мотив и еден од клучните услови за секогаш поголем успех. Да ја земеме за пример Србија како една успешна спортска нација и за тоа како се проследуваат националите селекции дури и кога станува збор за младински селекции и секогаш се пред меѓународниот спорт. Можеби менталитет во прашање?