Спортска поддршка на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Темава ја отворам со цел да можат да се изјаснат тие кои сметаат односно се согласуваат и/или не се согласуваат дека во нашата држава нема (се помалку се дава) спортска поддршка на националните репрезентации. И покрај се поголемите успеси спортистите се потценуваат и секогаш предничи поголема медиумска поддршка на меѓународниот спорт.
Живееме у општество преполно со политички содржини па доживуваме да се радуваме на успеси кога власта или опозицијата се пресметуваат меѓусебно, кога турските серии се доминанти и кога националните телевизии не можат да овозможат пренос на националниот состав било тоа да е во кошарка, ракомет... Каде и да отидете се помалку ќе чуете спортски муабети посебно се помалку за националните тимови пред нив предничат споменатите политички содржини.
Кај нас спортистите се потценуваат за нив малку се пишува најмалку е точно тоа кога некој ќе рече "Во оваа држава нема спорт", односно ова во превод би значело "Кај нас не се цени националниот спорт" се помалку се доживуваат и успесите кои не е точно дека ги нема.
Кога сме кај успесите имено како најуспешни спортови, кошарка и ракомет во оваа држава се помалку имаат место пред националниот фудбал како спорт кој буквално е на мизерно ниво. Кога доживуваме успеси, Македонија во ракомет и во кошарка учестува на Европски и Светски шампионати се носи со големи екипи и остварува одлични резултати (да се потсетиме на 9то место на Евробаскет 2009, 11 место на Светско во ракомет 2009, квалификувани за Евробаскет 2011 и Евро шампионат во ракомет 2012, репрезентативците се помалку добиваат поддршка. Тука сакам да ја споменам и се поголмата доминантност на меѓународниот спорт (пред се фудбал) кој се доживува како оргазам притоа немајќи простор за вести за националните селекции отколку е побитно дали резервниот состав на Арсенал ќе бил на клупа.
Сепак да не заборавиме мечевите кои ги играат селекциите не можат да се проследат секој ден како што тоа се случува со европските лиги во фудбал и се поголемата доминација над останатите спортови кои се повеќе се потценуваат. Медиумите неретко се слепи па дури се случува (освен неможноста да се проследи ТВ пренос) ниту да се добијат вести кои заслужуваат да бидат в

И дали е срам токму пред неколку дена кога Македонската кошаркарска репрезентација го играше последниот меч од припреми пред ЕвроБаскет во салата БТ имаше едвај 1500 луѓе. Далеку од тоа дека кога постојат важни мечеви истите и те како се проследени меѓутоа да се потсетиме дека сепак националниот состав треба да има место пред останатите содржини како и пред меѓународниот спорт. Ракомет и кошарка кај нас за жал се помалку ценети спортови од фудбал а се далеку поуспешни.
А еве како изгледаа трибините. Можеби и Скопје полека треба да се исфрли од картата и да им се даде шанса на другите градови очигледно е дека сме заситени со (фудбал на тв).
2011-08-19204618.jpg

Како заклучок на ова што мислите вие дали е потребна и поголема медиумска и поддршка од јавноста на националниот состав и дали токму успехот на националите селекции е мотив и еден од клучните услови за секогаш поголем успех. Да ја земеме за пример Србија како една успешна спортска нација и за тоа како се проследуваат националите селекции дури и кога станува збор за младински селекции и секогаш се пред меѓународниот спорт. Можеби менталитет во прашање?
 
1 ) кој црни спорт го имаме?
2) квалификации во европско првенство, 9 и 11 место на други првенства се успеси за тебе?
Што е жити се неуспех тогаш?
3) се помалце го има пошо е пуно со деца на богаташите кои имаат пари да поткупат тренерот да ги стави во селекцијата и никој не сака да гледа уште еден fail на оваа земја по телевизииве , не е интересно да се гледаат натпревари каде се млатени како мали дечиња на теренот.
4) Problem son?
 
Да не почнуваме со лични фрустрации на темава. Се гледа дека воопшто и не си ја разбрал поентата па ајде еве лично да ти објаснам. Прво поентата ми е следа токму тоа почетно ниво на успеси треба да се следи и да се даде поддршка и токму занемарувањето на тие успеси од типот "9то место" се гледаат со потсмев и токму тука лежи одговорот зошто и не сме успешни како спортска нација.
А за третото немам што да коментирам ќе се вратам на првата реченица од овој коментар.
 
Ние сме мала земја, и верувајте со толку народ имаме супер успеси во најразлични спортови. Тоа што во фудбал неможеме да мрднеме од мртва точка, е само вина на начинот на работењето на федерацијата. Плус тешко е да се поминат квалификациите, каде што секогаш налетуваш на земја со сто пати повеќе население и нормално е да имаат поголем квалитет.
Имаме успеси во скоро сите екипни спортови. Тоа што во дел од тие успеси учестувале и спортисти од други земји (пример во ракомет поранешните Украинки, во ватерполо сега Србите и хрватите) е донегде небитна работа.
Како нација сакаме спорт, тоа е факт, но презаситеноста со странски спортови си го прави своето. Исто како и квалитетот на нашите домашни лиги.
Ниту една телевизија не врши преноси на домашни првенства во фудбал, ракомет, одбојка и кошарка.
Срамно и невидено...
Ама затоа кога ќе влеземе на некое континентално натпреварување, јајцава цитрони ни ги прават.
Таа еуфорија треба цело време да се одржува, со афирмирање на нашите домашни првенства пред се.
Тоа што на пријателските мечеви во Скопје, салите се полупразни е донекаде сватливо. Па сите настани се во Скопје. Луѓето се презаситени. Бар за пшријателски треба да се ротира. Која еуфорија ќен има во некој друг град, кога по 10 години репрезентација доаѓа пак да игра таму. Ама не, они само тука градат и мора се да бида тука.
Ротирање на местата на одржување на натпреварите (барем на пријателските) сигурно ќе привлече многу поголема заинтересираност.
 
Според логикава, Кина и Индија треба да бидат непобедливи во сите спортови?

Многу мал фактор е населението, а многу поголем огромниот неквалитет на тие што го водат спортот во државава.
Трифун зашто се повлече? Затоа што почнаа да му вршат притисок.

Каква идеја имам јас за развивање на младинските категории во МК ама нормално треба инвестиција која за неколку години неколкукратно ќе се врати. Ем тој што инвестирал среќен, ем македонски деца ќе се промовираат надвор а со тоа и ќе добиеме квалитетни играчи...
Џабе е сеа кога сите што играат во младински категорри се со врски преку чичко, вујко итн.
 
Нема врска тоа мала голема земја. Барем во мојот спорт сум гледала и уште гледам млади талентирани деца кои можат да се борат за европски и светски одличја ама секакви прсти се замешани во спортот кај нас. Тоа е најголемиот проблем. Жалосно е што можеме и многу повеќе а од друга страна и не можеме.
 
za zal vo makedonija nema sport moze edno vreme imase sega pak ic sem moze nesto rakomento na svetsko ili evropsko nivo drugo se ni stagnira
 
Мислам дека не се разбира поентата на темава значи еве да земеме во однос на сениорските тимови што имале успеси, за тоа што тие се потценети не им се дава (или минимално им се дава) медиумска поддршка и дали се помалата поддршка на терените кога играат сениорите е клучен фактор за стагнирање и помалку успеси. Тука да не се повратам сигурно голема улога игра презаситеноста со меѓународен спорт и пред се фудбал значи како што кажав не е се до лошата организација во федерациите туку и медиумската и јавната поддршка која е на мизерно ниво! На прво место ни се други работи од други области (политика) и секогаш со потценување се гледа на екипиве.

Едит: А можда за да се сменат некои работи крајно време е за една спортска телевизија кај што човек на раат ќе може да прескокне вести серии и кога ќе нема пренос од национален тим у баскет ракомет на другиве канали истите да ги преземат овие мечеви.
 
Луѓето имаат заборавено што значи присуство на натпревар на кој игра нашата репрезентација, плус она што го немаш ти е помило така и за спортовиве во Скопје врие од спортски настани додека во другиве градови нема буквално ништо. Еве пример во Велес 10 години се немаше одржани меѓународен натпревар, се случи да првпат по 10 да играме со Србија во Велес и знаеш што беше во салата ? буквално немаше место каде да се седне гужва сите на нозе стојат, атмосферата лудница што се вика.. предходно никаде немам видено таква атмосфера во Македонија барем па дури и самиот Кирил Лазаров имаше изјавено после натпреварот дека ваква атмосфера ретко се гледала ..

И да поради притисок и демек судиите не суделе како што треба Србија во второто полувреме ја повлекоа репрезентацијата, викаа и демек квалификацискиот дуел со Исланд ќе се изигра во Велес но ништо не испадна од тоа.. само излагаа и пак се во Скопје. Плус да тргнеме од самиот корен на проблемот а тоа се повеќето лоповски федерации што не работат како што треба, но ајде и да преминеме преку тоа тука доаѓа нашиот менталитет што за Турски серии ќе се испотепаат што се вика ако нема на телевизија но ако нема некој наш репрезентативен натпревар ич не ги боли долниот (барем повеќето) а и редно време е телевизиите да се осветат - ако не ништо друго барем МТВ која е државна.
 
Mene najmnogu me maci toa sto se zadovoluvame so ucestva i so 9ti i 11ti mesta,a vo naseto sosedstvo imame primeri za toa kako treba da se raboti. Zosto Srbija moze da go ima svetskiot reket br 1,da bide povekekraten svetski i evropski sampion vo kosarka i vaterpolo? Zosto Hrvatska moze istotaka da bide svetski i olimpiski sampion vo rakomet, da ima svetski rekorderi atletika i da ima osvojuvaci na zlatni kupovi vo skijanje? Pobogu,crna gora vo svoeto prvo ucesfvo stana evropski sampion vo vaterpolo!zosto fudbalerite od ovie zemji da se kapiteni na mancester da igraat vo celzi,totenhem,baern,juventus a nasite da igraat vo azerbedzan, kipar ili bugarija?

Kolku i da ne gi sakame,mora da se soglasime deka ovie drzavi imaat plan i strategija za toa kako treba da si go razvivaat sportot.i sto e najvazno imaat pravilen mentalen sklop. Se se ova raboti sto srce me boli sto nie gi nemame. Kaj nas na trening na reprezentacija se igra servis vo 200 evra,se ima stav ako brat mi neigra nit jas ne igram i red drugi razocaruvanja.

Izvinete za latinicata,vo ovie sitni casovi go surfav forumot od tel i bev zaintrigiran od temata
 
Ние како нација сме гладни за спортски успеси. Незнам за другите држави, но знам за мојата како се навива. Се навива од срце со солзи со атмосфера за паметење. Никогаш нема да ги заборавам натпреварите на Кометал кога Кале гореше. Кога и најсилините репрезентации паѓаа на колена само што ќе видеа илјадници луѓе со зелени знамиња со знамињата на Македонија во еден глас како пеат и навиваат. Тоа беше страшна атмосфера, во тие моменти си најгордиот човек на светот од старо до младо на нозе. Нашите девојки од златната генерација на Кастратовиќ беа непобедливи на Кале. 97 ма влеговме на светско како изгубени германци, никој ни не знаеше, ниту пак не сметаа за екипа. Се сеќавам до ден денес на мечот со Данска, која подоцна стана светски првак,ги прегазивме! Кастратовиќ даваше голови позади грб, Кисељева и Радуловиќ беа како оси, Нацева и Маслова беа како едно на голот, Мими Чупиќ, Абрамова од 15 метри, Клара Боева беше дете кое даваше се од себе. Бевме 7ми во светот, бевме прваци без разлика што бевме седми. Кастратовиќ имаше 71 гол,најдобар стрелец на светско,не игнорираа за прв пат во светско не и доделија награда бидејќи мислеа дека сме паднати од Марс. Но ние како нација никогаш нема да го заборавиме податокот дека имавме најдобар стрелец. Ги пречекавме на аеродром како кралици, луѓето излегуваа по улици грмеше Скопје.Беа седми, но за нас беа светски прваци!
Кометал два пати во финале и светски првак 2002. Како да не бидеш горд,мислев дека Кале ќе се срушеше,луѓето плачеа од среќа буквално плачеа. Никој не навива како нас никој. Може сум субјективна но нема некој што плаче и се смее како нас на трибини. Знаеме и да нокаутираме на терен но тоа е крај на нервите (Гуунар Прокоп,Хипо).
Авторот на темата има право,да им дадеме подршка на ватерполистите со бронзен медал, на каратистите,кошаркарите. Нека бидат застапени сите спортови, тоа ни недоставува. Да не се форсираме во еден,иако уживаме да млатиме Холанѓани и Англичани од корнер,да ги застапиме сите за да може да се дефокусираме од глупостите кој ни ги сервираат на ТВ.
 
Потполно се согласовам со Леандра, само би дополнила и уште една работа, а тоа е моментот кога се спушта македонското знаме. (y)

Деновиве бев на фудбал Работнички - Лацио, не затоа што навивам за некој од двата тима, туку да ги поддржам децата од 16 -17 - 18 години, кои одлучиле да спортуваат и кои се борат да постигнат успех. Сметам дека требаше да има повеќе народ, иако изгубија со 6 - 0 во Италија. Тие деца преку големиве екипи ќе научат да се борат на терен и да го остават срцето за Македонија.

Ние знаеме да се радуваме на успесите на нашите спортисти исто како да се наши. Да знаеш да се радуваш на туѓиот успех е прекрасен дар од Бога!
 
Сме немале успеси? Релативно гледано и немаме ако се споредуваме со нации пред се економски понапредни од нас што автоматски значи и повеќе средства обезбедени за тренинг и развивање. Ама да кажете дека немаме спортски успех е грешно. 9-то и 11-то место се успех и не се за потценување зашто и не сме некоја нација што често се пласира така високо. Ако за вас 11-то место на светско не е успех тогаш не знам што е. Во светот има 300 и кусур држави и повеќето од нив играат ракомет и од сите тие ние излеговме 11-ти и тоа е за омаловажување? Имаме успех, ама поинтересно ни е да мислиме дека не не бива и да кукаме постојано.Медиумите недоволно известуваат на спортски успех. Колку од вас знаат дека Македонија има(ше) светски шампион во параглајдинг? Во карате? Шах? Ретко кој знае, ама факт е дека имаме успех.

Според мене, главна причина зошто немаме доволно поддршка е поради слабата национална свест кај народот. Играла Македонија, гајле ми е за нив туку дај ваму да дробиме политика. Таквото однесување е тоа што му смета на развојот на спортот. Ако целата нација, а пред се медиумите се вклучат во навивањето ќе биде многу подобра состојбата. Пример, земете вака. Се ближи европско во кошарка за неколку дена. Ако Сител постојано труби со реклами како треба да ја поддржуваме Македонија, народот ќе и даде големо внимание на рекламата и ќе се заинтересира. Другиот ден Вест бесплатно дели македонски шалови и лепенки за на коли со натписи од типот "Напред Македонија". После тоа се организира некое забавно шоу каде низ некоја игра се бираат неколку најлојални фанови што добиваат бесплатни летови до Литванија. Ако се створи добра атмосфера и наместо политика се зборува повеќе за спорт во медиумите ќе видите како цела нација ќе се заинтересира. Пример, кога Македонија играше на светско ракомет ние на училиште на голем одмор игравме ракомет со лименки од сок. А зошто игравме? Зашто имаше еуфорија. Ако медиумите се вклучат ќе има успех. Пример со песната за Кометал кога сите познати личности пееја, каква атмосфера имаше тогаш.
 
Па не е само тоа 9то и 11то место ова беше како пример јас пак ќе кажам недоволно се дава поддршка и на младите категории јавноста не е заинтересирана па и тоа е голема причина! Да ги земеме Вардар и Металург што за 10 дена почнуваат настапи во светски купови (ЛШ) и регионална лига што ипак имаат одлични играчи делумно и странци што играле во врвни тимови, успесите на Кометал на женската селекција ракомет. Мене ми е срам кога ќе чујам некој што лае или што не знае што зборува и изјавите кои ги спомнав дека ги сме немале спорт и спортисти ги преведувам дека сме повеќе незналици и не сме заинтересирани па и оттука толку ни е долга чергата...
И ја не можам да разберам како успех на една репрезентација може да биде позади тоа што се случило во парламент ама очигледно додека има запиен народ што побитно му е кој се појавил на седница, салите ќе бидат празни!
 
Ние знаеме да се радуваме на успесите на нашите спортисти исто како да се наши. Да знаеш да се радуваш на туѓиот успех е прекрасен дар од Бога!

А по што се спортистите различни од некој градежен работник, келнер, молер, амал...!?
Или нивните успеси не се пренесуваат на ТВ:..
Иако како и се друго и ова зависи од перцепцијата....некој да се радува за нешто...:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom