THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.340
МКГ се финансирани од СОРОС.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Лажеш. Не е можно тоа. Гледаш колку се реални луѓето. Знаат што е добро за нас подобро од нас.МКГ се финансирани од СОРОС.
Лажеш. Не е можно тоа. Гледаш колку се реални луѓето. Знаат што е добро за нас подобро од нас.![]()
А што е подобро за нас? Твоите мислења? Мислењата на самонаречените патриоти и националисти или да чукнам од дрво, македонисти? Демек овие се против нас па ај намерно го напишале ова. Се е заговор против Македонија. Светот е против Македонија, зашто ние сме ептен значаен фактор за светов па сакаат да не уништат. Смешно. Експеритите се согласуваат со ваквите мисли како што е напишано во извештајот. И нашите експерти исто. Ама се плашат да излезат сите со такво мислење. Ќе бидат етикитерирани како предавници или соросоиди па затоа си ќутат.
За нас е најдобро мислењето на мнозинството на народот. Демократија сме. Кој им дава право на “експертите“ да наложуваат промена на име? Јас немам способност да читам мисли, па да знам дали нашите експерти се согласуваат со извештајот. Единствен кој се изјасни досега е Пендаровски. За мене тој не е објективен.А што е подобро за нас? Твоите мислења? Мислењата на самонаречените патриоти и националисти или да чукнам од дрво, македонисти? Демек овие се против нас па ај намерно го напишале ова. Се е заговор против Македонија. Светот е против Македонија, зашто ние сме ептен значаен фактор за светов па сакаат да не уништат. Смешно. Експеритите се согласуваат со ваквите мисли како што е напишано во извештајот. И нашите експерти исто. Ама се плашат да излезат сите со такво мислење. Ќе бидат етикитерирани како предавници или соросоиди па затоа си ќутат.
За нас е најдобро мислењето на мнозинството на народот. Демократија сме. Кој им дава право на “експертите“ да наложуваат промена на име? Јас немам способност да читам мисли, па да знам дали нашите експерти се согласуваат со извештајот. Единствен кој се изјасни досега е Пендаровски. За мене тој не е објективен.
Во ред има многу лудаци на кои им е даден медиумски простор тука се согласуваме. Зошто мислиш дека мислењата од надвор не се слушаат внимателно? Колку си сигурен дека надворешните центри на моќ притискаат за решение за името? Битните европски политичари (тука мислам на шефовите на држави, а не на евробирократите) не поддржуваат да го истераме случајот во Хаг до крај, па потоа да го решаваме спорот за името. Мислиш дека оваа власт толку лесно би добивала избори доколку нема многу силна меѓународна поддршка?Мислењето на народот не мора да значи дека е секогаш правилно, за жал. Поради многу причини, како на пример долгогодишно поставување на националистички идеи и "насилно вграден" патриотизам, кои не се лоши всушност да ги има во државата но не се за во секоја намера нужни. Одамна се изгуби реалноста за работите во државава. Се создаде мит за вечната неправда кон Македонија, теориите за омразата на Македонија од цел свет, љубомората на другите земји за нашата историја, територија и традиција а вистината е сосема различна. Искрено, никој полов огран не го боли за Македонија. Бугарите викаат дека Македонија е бугарска, Грците викаат не сме Македонија итн. итн. Такви случаеви има во сите земји, каде што национално закоравените научници и луѓе си прават пропаганди и некои завери за голема територија на својата татковина. Само што, кај нас тоа е ептен нагласено и сите медиуми ги ставаат на пидеастал таквите изјави и го уклучуваат алармот за одбрана на државата од лудаците од околината, место едноставно да се игнорираат, како сите што си прават. Си знаат кои се и не се замараат со другите. Поентата ми беше дека не се сите против нас и дека мислењата од надвор треба внимателно да се слушаат, не како наредба туку како совет. Патриотизмот е добра работа но не секогаш нужна. Патриотизмот значи и за жал жртвување на некои ставови за доброто на земјата, во крајна нужда. Со патриотизам затворен за надворешни мислења, значи и пломбирање на земјата самата во себе и почва за успешен национализам со максимална сила и ништо чудно и за развивање на нацизам или држава слична како во С. Кореја. Не сум за сигурна продажба на националните вредности на Македонија туку некогаш нужно прифаќање на ситуацијата и прифаќање на условите за жртва на некои работи за подобро утре...
Не сум за сигурна продажба на националните вредности на Македонија туку некогаш нужно прифаќање на ситуацијата и прифаќање на условите за жртва на некои работи за подобро утре...
Поентата ми беше дека не се сите против нас и дека мислењата од надвор треба внимателно да се слушаат, не како наредба туку како совет.
Бугарите викаат дека Македонија е бугарска, Грците викаат не сме Македонија итн. итн. Такви случаеви има во сите земји, каде што национално закоравените научници и луѓе си прават пропаганди и некои завери за голема територија на својата татковина. Само што, кај Грците тоа е ептен нагласено и сите медиуми ги ставаат на пидеастал таквите изјави и го уклучуваат алармот за одбрана на државата од лудаците од околината, место едноставно да се игнорираат, како сите што си прават.
Не сум за сигурна продажба на националните вредности на Македонија туку некогаш нужно прифаќање на ситуацијата и прифаќање на условите за жртва на некои работи за подобро утре..
Во ред има многу лудаци на кои им е даден медиумски простор тука се согласуваме. Зошто мислиш дека мислењата од надвор не се слушаат внимателно? Колку си сигурен дека надворешните центри на моќ притискаат за решение за името? Битните европски политичари (тука мислам на шефовите на држави, а не на евробирократите) не поддржуваат да го истераме случајот во Хаг до крај, па потоа да го решаваме спорот за името. Мислиш дека оваа власт толку лесно би добивала избори доколку нема многу силна меѓународна поддршка?
Добро што ми посочи оти искрено не приметив. Од наш "независен"...уште полошо.Не е тоа цитат од нивниот извештај, туку коментар од независниот експерт Пендаровски.
Дали под жртва подразбираш откажување на основни права и слободи воспоставени од ООН како правото на самоопределување,јазик и култура?Ако нешто од ова мора да се жртвува слободно кажи ми од што треба да се ослободиме?
Дали под совет подразбираш совет како совет или закана што е неуспешно маскирана како совет?
20 години никој од ЕУ и НАТО не се осврна да каже дека во нивна демократска членка се случува нешто изопачено и спротивно на се што е во рамките на Повелбата на ОН.
Ако одиме веќе така-кој те шиша Бенџамин Френклин и твојата "тој што менува слобода за сигурност не заслужува ни едно ни друго".
Меѓународната заедница може да ги бира владите во Македонија, за жал. Доколку сакаат да го урнат ќе го направат тоа за една година. Еден негативен извештај и отворени критики од некој од шефовите на европските држави и толку е од Грујо. Само и меѓународната заедница не е единствена по тоа прашање. Има евробирократи кои сакаат да го урнат по секоја цена, но и многу моќни политичари од водечките европски држави кои сакаат да го задржат по секоја цена.Не верувам дека е поради силна меѓународна поддршка туку баш поради тој национализам кој преовладува помеѓу населението во Македонија, која оваа власт го пропагира и подржува, нешто што е нормално за демо-христијанските партии. Меѓународна подршка која влијаела во Македонија е редок случај. На пример референдумот за прекројување на границите на локалните единици кое се деси по признавањето на името од страна на С.А.Д.. За избори меѓународна поддршка има слабо влијание во Македонија, до сега во историјата како незавнисна Македонија.
Меѓународната заедница може да ги бира владите во Македонија, за жал. Доколку сакаат да го урнат ќе го направат тоа за една година. Еден негативен извештај и отворени критики од некој од шефовите на европските држави и толку е од Грујо. Само и меѓународната заедница не е единствена по тоа прашање. Има евробирократи кои сакаат да го урнат по секоја цена, но и многу моќни политичари од водечките европски држави кои сакаат да го задржат по секоја цена.
Каде гледаш дека се менува слобода? Ние би станале робови на некого со прифаќање на ситуација во нужна крајна ситуација за подобрување на иднината? Единствено би избегале од ситуација каде што би биле робови на самите себе, затворени од надворешни фактори и без слобода за ширење на погледите. Македонија е можеби стара нација али не преставува единствена нација...