Тагови за 20 години независна Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Кои се клучните зборови со кои би ја опишале Република Македонија по 20 години независност.?

Горда,Вечна,Сиромашна,Наша,Катастрофална..

Ова се засега најчесто споменуваните термини со кои се опишува нашата земја. Дали се согласувате со овој опис?

Што друго би можеле да ставиме во личната карта на 20-годишната Република Македонија?

Дали е таа либерална или конзервативна, религиозна или граѓанска, повлечена или агресивна? Земјоделска, индустриска или постиндустриска? Држава на редот, на хаосот или нешто помеѓу? Дали е ефикасна во услугите и во грижата за своите граѓани? Стана ли барем малку позната во поширокиот регион и во светот?

Teмава ми е инспирација од еден дневен весник
 
Презиме: Република
Средно име: Поранешна Југословенска* *со тенденција да стане Северна
Име: Македонија
Датум на раѓање: 08.09.1992 год.
Датум на умирање: наскоро
Државјанство: од се по нешто
Јазик: Скопски, Кумановски, Прилепски, Битолски...
Националност: антички, словенски, византијски, југословенски Македонци, про-срби, про-бугари, про-грци, ВМРОвци, СДСМовци, ДПАовци итн.
Адреса: Балкански полуостров, Европа (не Европска Унија)
Важи до: 2013 година
 
Паааа Македонија умре уште во 2001.Денеска Македонија смрди на мрша, се чека некој од западниве сили да почнат да ги собираат остатоците од мршата.Тогаш ќе не снема за дефинитивно!
 
Македонија си е Македонија... без разлика што некои шупаци се обидуваат да ја уништат (многу моќни шупаци) сепак верувам дека еден ден ќе биде како што ја замислуваме и сакаме ние вистинските Македонци. Толку сум сигурен што не се ни сомневам во тоа. :)
 
Држава на администрација, слабо либерална, умерено религиозна, дефинитивно повлечена, држава меѓу редот и хаосот. Државата не води грижа за народот, туку избраниците од народот треба да се грижат за него. На тоа поле сме како Франција пред 1789 година.
Горда - не. Вечна - да. Сиромшна - да. Наша - а чија? Катастрофална - државата не, народот да.
Таг кој најубаво ја опишува државата, а воедно и народот тука: разединета. И не само за овие 20 години. Тоа си го влечеме одсекогаш со нас.
 
Оспорувана и поделена ама сепак истрајна. (Реченицава е шашава ко космодиск ама функционира.:))
 
Дека е вечна си има историски докази.
Ама растресена е од секој аспект. Недоследна е во секој аспект. Сиромашна е па од тука и слабо развиена. Можеби постојат интересни идеи за напредок, ама нема да се реализираат или пак ќе се реализираат на некој сосема трет начин...
Би кажал дека Македонија е нереализирана држава.
 
Кои се тие 20 годин НЕЗАВИСНОСТ? по која математика испаднаа 20?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom