Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Пробај до го преведеш, не секој разбира Романски...:confused:
што има да се преведува???
турист доаѓа овде и ШТО фотофрафира, сигурно не„ преубавите„ ни улици и згради ??? јасно се гледа на линкот што
И сигурно дека е оправдан(y)
проектотСкопје 2014
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
што има да се преведува???
турист доаѓа овде и ШТО фотофрафира, сигурно не„ преубавите„ ни улици и згради ??? јасно се гледа на линкот што
И сигурно дека е оправдан(y)
проектотСкопје 2014
Пробај само последната реченица од коментарот за реката Вардар да ја преведеш, ако веќе не сакаш целата статија ;)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.893
У некои земји гледам дозволено по улици паркираат. Македонија не знам дал не можеа да дозволат така да се паркира.
A kај нас како да не се паркира по улици
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
A kај нас како да не се паркира по улици
низ центарот каде што се наплаќа паркинг од час не е дозволено. Ќе најдеш некои геџовци што никој не им може ништо, но регуларно е забрането и треба да си на штрек да не ти ја дигнат. И тоа е глупо со максимум 2 часа на паркинг. Дури и да го осмислат паркирањето покрај тротоар, со оглед на изгор цените на скапите паркинзи, не очекувам подобрување. Како да е центар на Токио, а не на Скопје.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Кога се отвори темата, јас гласав дека НЕ го одобрувам.

Но сега велам , зошто мора да бидам контраш , па имаш фотоапаратче , имаш мобилен со камера од 5мпкс , имаш пари да тргнеш до Скопје , море и такси да земаш со таксиметар , и да тргнеш за Скопје , да седнеш на плоштад во климатизиран кафич , па да сликаш и да се сликаш, да се качиш на двоспратен автобус , чисто од лубопитност , да платиш карта за во непозната дестинација ... итн итн.
Или егоизмот не е арен , мора да се мисли малце по опширно , па да речам , море од овие проекти јас ќе станам стечаец еден ден , од овие ќе мора еден ден да го продадам фотоапаратор за да преживеам , од овие еден ден може да се влезе во кафичи не да пиеш туку да просиш.
Останувам на мислењето дека проектот е непотребен во време кога 90% од граѓаните имаат сосем други барања , исто така моето мислење за проектот е дека тој е претеризам, натрупани споменици и со преценета вредност.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
216
Поени од реакции
94
На Скопје му фали уште и споменик од нашето премиерче. Споменикот би требало да изгледа вака: главата на нашето премиерче споена со тело на говедо
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
На Скопје му фали уште и споменик од нашето премиерче. Споменикот би требало да изгледа вака: главата на нашето премиерче споена со тело на говедо
И да биде во златна боја и да го наречеме "Златното теле".

Cookie for the reference.

ОТ:Плоштадот е пренатрупан со споменици.Поарно ќе беше да има само еден споменик-тој на Аце.Повеќето од парите за Скопје 2014 треба,по мое мислење да послужат за попрактични проекти,како на пример фул ремонт на здравството.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Плоштадот е пренатрупан со споменици.Поарно ќе беше да има само еден споменик-тој на Аце.....
за пренатрупан не е , ја има истата широчина - Аце е на местото каде што и пред тоа имаше едно т.р ритче од земја на кое повремено имаше божем цвеќиња .
Многу поубаво изгледа него што беше еден празен никаков простор на кој некои измислуваа лизгалишта, па правеа пазар под ведро небо за новогодишните празници , па цветен пазар со оние крш куќарки ....

Сега е ко музеј на отворено - и верувам дека секој кој ќе дојде од надвор ќе има што да види, слика.....
се разбира, откако се финишира- со сите згради (фасади) што се околу и кои треба да се реновираат....
значи коментираме за нешто што не е завршено
чекајте бар да се заврши проектот, (огради, фонтани....)
арно викаат - крајот го краси делото

но, кога сме веќе тука- денес околу 20:30ч поминав/ме и свртив/ме еден круг и што мене ми остави лош впечаток е кога видов странци(маж , жена и 2 деца) како бегаат со трчање од 2 циганчиња кои им се закачија на врат -просејќи (изнудувајќи им пари) , останав со зината уста - неможев да поверувам на она што го видов и после цел саат препричававме што се случи (а на 10 метри зад нив еден стар 50-60 г циган -кој сигурно им ги с’снал маливе) и идеше зад нив ко да се шета - чекајќи „добра награда“, но откако овие избегаа -спасувајќи жива глава - циганот ги прибра циганчињата од 9-10 години им даде по една цигара , запалија и седнаа на клупа - чекајќи да налета некоја „нова жртва„
Значи , немаше НИТУ ЕДЕН цајкан у близина на кого би се обратиле странциве, да беше ова грчка ќе вриеше од цајкани на секои 10 метра ...АМА.....
замислете како се осеќале странците - сигурно уште утре ќе одат на психијатар за стресот што го преживеале (можеби звучи смешно- но само да ги видевте како трчаааааа, секој засебно , децата, жената и тој- но сите во еден правец према споменикот на Ченто -
 
T

Tetro

Гостин
но, кога сме веќе тука- денес околу 20:30ч поминав/ме и свртив/ме еден круг и што мене ми остави лош впечаток е кога видов странци(маж , жена и 2 деца) како бегаат со трчање од 2 циганчиња кои им се закачија на врат -просејќи (изнудувајќи им пари)
Лани бев сведок на слично нешто. Седев на една од тие металните клупи на плоштадот и надојдоа група туристи, 7-8 јапонци/ки млади и си сликаа по плоштад некои од нив за успомен и дуго сечање, кога пред нив излегоа 3 дечиња мали, ко пекинезери и им бараа пари, па овие од сожалување им дадоа троа.
На заминување едното од дечињата му збрца рака во џебот на еден од туристите и почна да бега, а јас станав од клупата гледајќи накај нив (ама подалеку беа од мене на некои 20 метри) и јапончето ко му се пушти на малиот... Одма го фати, а ова исплашено го испушти паричникот на земја и некои визит-картички се разлетаа околу, а водичот на јапонците, маки си нема, дури и се смееше како да гледа комедија филм на телма тв.

И од мене истото прашање: Каде се чичковците од МВР? Од толку многу што ги имаме, нека постават барем двајца да има во секое време на плоштад да кружат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom