Серхио Каналес нестрплив да го облече дресот на Валенсија
Каналес веќе размислува како „Че“ и се чувствува valencianista. Младиот кантабриски фудбалер секојдневно разговара со својата фамилија со цел да дознае што се случува во неговата нова екипа, прашува за пријателските натпревари кои ги игра Валенсија, а средбата против Хамбург дури ја следел и во живо од Колумбија. Серхио Каналес е воодушевен што ќе го облече дресот на Валенсија, која ја одбра пред Виљареал, најмногу поради Хуан Мата.
Примерот со Мата, кој со своето доаѓање од Мадрид во Валенсија се претвори во идол на навивачите на Местаља, беше доволен за да ја одбере Валенсија. Освен тоа, знае дека Емери ќе му ја даде шансата која ја немаше со Мурињо, кој направи младиот фудбалер да се чувствува ограничено и неможеше да игра како што тоа го правеше во Расинг Сантандер.
Желбата за пристигнување во Валенсија на Каналес е толку голема, што тој е решен да остане без одмор и веднаш по завршувањето на настапот на Мундијалот до 20 години, ќе отпатува во Валенсија за да се вклучи во работата на екипата. Неговите родители сакаат тој да се чувствува одлично во Валенсија, па затоа ќе живеат заедно со него, додека тој самиот не се навикне. За Каналес пак, едно е јасно: Во Колумбија ги брои часовите кога ќе го облече белиот дрес на Валенсија.
Страшен напад ќе имаме во новата сезона: Солдадо, Мата, Пиати, Адуриз, Каналес, Пабло, Жонас...