Манастирот Прохор Пчињски е на македонска територија

  • Креатор на темата Креатор на темата Pendragon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 март 2010
Мислења
6
Поени од реакции
1
Бидејќи се наближува 2 август и со тоа пак се актуелизира проблематичната посета на манастирот Прохор Пчински од македонска делегација, би сакал да поттикнам една тема за размислување. Зошто македонските партизани и КПМ одлучуваат заседанието на АСНОМ да го направат толку северно и многу веројатно на српска територија, кога во тоа време имало многу други центри на слободна територија во Македонија? Со темава сакам да отворам дебата на мислења, воопшто целта не ми е да отворам злоцни расправии, попрво мислења и евентуално историски сознанија. Повелете.
 
шефе имам дома карти печатени во Белград 1978/83 на тие карти во Социјалистичка Република Македонија на македонска територија се наоѓа Прохор Пчински и еден град во близина, границата ја да дадоа кога се прогласи самостојна Р.М.
А која е причината токму тој манастир не знам. ИЗМЕНА:

Во интервју од 7 септември 2005 година во дневниот весник ,, Дневник,, поранешниот претседател Киро Глигоров посведочува, ќе го каже следното:
,, Историски гледано тој е наш манастир и околу тоа не би требало да има некој спор. За тоа и првото заседание на АСНОМ беше одржано таму. Кога се постави прашањето каде да се одржи заседанието, Михајло Апостолски предложи да биде таму бидејќи тоа е наш манастир кој може многу лесно да се брани. Во повоените документи и карти нема дилеми дека манастирот беше на наша територија.

Од цитираниот фрагмент на мемоарскиот запис, а кој се однесува за крајот од 1944 година несомнено се потврдуваат две работи. Првата работа е дека границата помеѓу Македонија и Србија била кај градот Ристовац. Втората работа е тоа дека настанал сериозен и непремослив судир помеѓу Ченто и секретарот на комунистичката партија Лазар Колишевски. Освен за ова за грев му се земало на Ченто што го поставил прашањето за обединување на Македонија. Ченто поради таквото однесување и барање ќе биде осуден на 11 години робја во монтиран судски процес во 1946 година.
Сеќавањата на нашиот прв претседател Ченто се објавени во мемоарската книга ,,Мојот татко- Методија Андонов Ченто,, која излезе во печат 1999 година. Во тие времиња Лазар Колишевски беше секретар на ЦК на КПМ во период од март 1943 до јули 1963 година. Покрај партиска едновремено Колишевски има неограничена државна моќ како претседател на македонската Влада од 16 април 1945 година до 19 декември 1953 година.
Во 1945 година Президиумот донесува Закон за територијална поделба на Македонија на окрузи, а Владата таа проблематика ја регулира со Уредба за определување на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околиите и месните народни одбори. Со донесување на овој подзаконски акт на тогашната влада се испуштени териториите односно околиите: Качаничката, Прешевската, Бујановачката, Трговишката односно дел од Козјачката околија.
Месец февруари 1946 година владата на Србија донесува одлука со која манстирот Свети Прохор Пчински бил предмет за утврдување на објект за аграрна реформа со неговиот имот селото Старац- Прешевска околија.
Генералниот секретар Митар Бакиќ се обраќа со писмо К.бр.1181 од 15 мај 1946 година до македонската влада во врска со територијалното разграничување на народните републики во врска со измена на заедничките административни граници. Помошникот на генералниот секретар Киро Глигоров испраќа уште едно ургентно писмо на 6 август до македноската влада во врска со проблемот за корегирање на административните граници помеѓу НР Македонија и НР Србија. По повод ваквата расписка меѓу федералната влада и македонската влада, претседателот на народнио одбор во Скопје Пешев се обраќа со писмо од 27 декември 1946 година до македонската влада, во кое покрај другото споменува:

- Во врска со Козјачката околија, таму нестанува збор за припојување или за издвојување на некои села. Прашањето е само за манастирот Прохор Пчински, кој како географска така и од општопознатите историски причини би требало да потпадне под НР Македонија.
- Манастирот Прохор Пчински (само како манастир) да се одвои од НРС (Прешевска околија) и да се присоедини кон НРМ (Козјачка околија).
- Манастирот Прохор Пчински, односно поголемиот дел од неговиот имот (шума, ораници) се наоѓа на територијата на НРМ, додека манастирот со мал дел од имотот се наоѓа на територијата на НРС. Бидејќи во тие краеви не станува збор за префрлување на некои села, предлагаме манастирот порадиопштопознатите историски причини ( од важност за НРМ) да се приклучи кон НРМ.

Плус ТРГОВИШТЕ ТРЕБАЛО ДА ПОТПАДНЕ ПОД НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Трговиште, кое во картите пред Втората светска војна административно припаѓало на територијата на Македонија, од некогашните 24 илјади жители сега има само 6,5 илјади, од кои 2.000 илјади се невработени, а едвај над 500 имаат работа.

Извор: http://www.m-p-c.org/Vesti/ProhorPchinski_Svetlenik.htm
 
шефе имам дома карти печатени во Белград 1978/83 на тие карти во Социјалистичка Република Македонија на македонска територија се наоѓа Прохор Пчински и еден град во близина, границата ја да дадоа кога се прогласи самостојна Р.М.

Те молам скенирај ги и постирај ги тука сите карти што ги имаш.

Би сакал уште да прашам: дали Србија ’’лапна’’ неколку километри македонска територија во 1990-91 кога се осамостојувавме? Имаше некои написи тогаш, а и во приватни муабети го слушнав тоа тврдење, но не знам колку е точно.
 
Србија лапна одамна..пред 90-91...како што знам Прохор Пчињски бил на територијата на НРМ, но не и на СРМ.....значи....даден е некаде во 60тите...тогаш било една држава (СФРЈ) и немале потреба да бараат дозвола, зашто по устав граѓанин на една ЈУ република ги ужива истите права што ги ужива во својата република...проблемите започнаа во 90тите
 
Те молам скенирај ги и постирај ги тука сите карти што ги имаш.

Би сакал уште да прашам: дали Србија ’’лапна’’ неколку километри македонска територија во 1990-91 кога се осамостојувавме? Имаше некои написи тогаш, а и во приватни муабети го слушнав тоа тврдење, но не знам колку е точно.

Поодамна имаат лапнато,таму некаде 70десетите
 
ќе пробам да ги најдам и ќе постирам...

македонија многу загуби во рамките на СФРЈ не замо Пчињската околија како територија...
 
Хип Хоп, ми се допаѓа твојот пристап и твојата информираност, кога ја почнав темава токму и тоа ми беше целт, за создавање на едукативна и издржана дискусија. Информацииве ми се нови, што значи и корисни за мене. Благодарам и секое добро.
 
Ако те интересира од историја нешто повеќе погледни и овде
http://makedonskaistorija.blog.com.mk/
 
ќе пробам да ги најдам и ќе постирам...

македонија многу загуби во рамките на СФРЈ не замо Пчињската околија како територија...

Hip.Hop_MKD: дали успеа да ги најдеш картите?

Ќе биде многу добро да имаме нешто од тебе пред Илинден.

Инаку ова е втор повик за информации. Претходно упатив повик до Cool@ за Руски весници за кои имаше поставено линк.
 
Србите не не пуштаат во Прохор Пчински поради црковното прашање,но јас би рекол и порадистравот кој го чуствуваат од ширењето на маќедонизмот на нивна територија.А замислете ние ги примивме на наша територија и им дозволивме со најголеми помпи да слават свој јубилеј.
:mad:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom