- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Ерата на шатлот завршува за неколку дена со приземјувањето на Атлантис кој што во моментов е споен со ISS. Но што ќе следува после шатлот?
Критиките на Спејс Шатл програмата траат уште од нејзините почетоци пред 30 години, како многу скапа а со време се покажа и како ризична по животите на астронаутите.
Причините за оваа програма треба да се бараат во желбите са се создаде брод за повеќекратно користење кој што назад ќе се враќа како едрилица, а големината е одредена спрема потребите за лансирање на најголемите комерцијални и воени сателити.
Шатлот има и други уникатни способности, односно може да се искористи за сервисирање на сателити или дури и за нивно враќање на земјата. Односно да не беше шатлот немаше да го имаме ни Хабловиот телескоп, кој што повеќе пати е искористен за негово сервисирање и негова надоградба со нови генерации на камери и други инструменти.
И како ли би се одвивала американската вселенска програма доколку не прекинаа да ги користат класичните ракети за праќање на астронаути во вселената, а за што е виновен шатлот, односно прекинувањето на програмата Аполо? Сега не вреди да се шпекулира на оваа тема, туку е подобро да се види што ни се нуди во иднина.
Од НАСА нема што да се очекува, таа не успеа да обезбеди наследник за шатлот, Костелејшн програмата е прекината и НАСА се соочува со драстично кратење на буџетот. Но затоа тука се приватните корпорации кои што ќе го заземат местото на НАСА за лансирање на астронаути во вселената, која се покажа како премногу бирократизирана и неефикасна институција.
Наследници треба да се бараат во Spacex со својата ракета Falcon 9 и капсулата Dragon кој што лани имаше промотивен лет во својата беспилотна варијанта, Boeing со својата капсула Orion lite, Orbital работи на капсулата Cygnus која засега е предвидена само за карго транспорт до ISS, Lockheed Martin веќе го тестира своето Multi-Purpose Crew Vehicle за длабоката вселена,потоа приватната вселенска станица Bigelow со нивните модули на надувување.... Па Dream Chaser мини шатлот, New Shepard капсулата кој има погонски модул за верикално лансирање а слетува вертикално...
Што од сето ова ќе се реализира останува да видиме. Во многу ќе зависи и зад кој од овие проекти ќе застане NASA да ги финансира.
Dragon
Bigelow
Orion lite
Multi-Purpose Crew Vehicle
Dream Chaser
New Shepard