Девојката излезе пред одредени провладини медиуми, останатите не ни биле поканети, ја претставија ко претставник на оние млади луѓе кои секојдневно протестираат и даде изјава во која лажеше дека СДСМ ги финансира протестите, дека одредени луѓе од толпата на моменти ги снемувало за да добијат нови инструкции, мегафони, свирчиња, се тоа било дел од СДСМ и затоа она, како наш претставник кажа дека во Понеделник сите ние ќе одиме да протестираме пред нивниот штаб ...
И тука доаѓа еден проблем, со она последното пред Се, кај прв пат ја гледаме во јавност и до сега ниту еднаш не се појавила на протестите односно никој ја нема приметено ниту пак ја има на документирантие слики и видео записи, ниту пак се изјаснила јавно за ова пред нас, типката сама се заеба со тоа што кажа дека ќе одиме пред штабот на СДСМ а како наш претставник и дел од овој протест би требала да знае дека ПРИСТАП ДО ТАМУ СМЕ НЕМАЛЕ, НЕМАМЕ И ЌЕ НЕМАМЕ бидејќи истиот се наоѓа во близина на МВР а ние сме сопрени веднаш по подвожњакот на раскрсницата и во ниту еден наврат сме немале можност да отидеме понапред.
Веднаш и излезе видео како на Канал 5 давала изјава за време на изборите, матурантка е, тоа било нејзино прво гласања и то је то. Дел од лицата кои беа позади неа се препознати како дел од младината на одредена политичка партија и нејзината лага и манипулација веднаш беше откриена.