Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Јас колку што знам типот што го убил детево му бил другар, инаку детево било умешано у некои нечисти работи со тој што го убил и валда се работи за одмазда
Малце си истрола али ако, и тоа е за деца.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
Јас колку што знам типот што го убил детево му бил другар, инаку детево било умешано у некои нечисти работи со тој што го убил и валда се работи за одмазда
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Јас колку што знам типот што го убил детево му бил другар, инаку детево било умешано у некои нечисти работи со тој што го убил и валда се работи за одмазда
Биле братучеди од таткова страна, а го убил пошто овој не му кажал дека го оставил бојлерот уклучен кога е скапа струја, па го коштал осомничениот цели 33.2 денари трошок.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.969
Поени од реакции
45.252
^ Aко добро се сеќавам на темава пиша дека имаш 14 години, затоа и може не ти се верува, инаку, за очекување беше ова, чекаа 9 дена за да некој се избаци јавно да проговори, односно да приметат некој кој е дел од работните тела и одма да му најдат некоја слика по нетов за да го етикетираат, али они апла удрија на апсурд па ги поврзаа и со Надеж а кај и да е и со Пајажината ...
Утре, како што информираа и двајцата посочени од Сител, ќе биде поднесена тужба контра телевизијата.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Денес ни 200 души немаше за жал, ајде вајда повеќето биле уморени па ќе се зголеми бројот деновиве... Како и да е ќе излегувам додека не останам последен.
 
T

Tetro

Гостин
Демант на објавениот прилог “Политичка позадина на протестите за убиството на
Мартин“ од новинарот Марјан Николовски во вестите на телевизија Сител на ден 15.06.2011г.

https://docs.google.com/viewer?a=v&pid=explorer&chrome=true&srcid=0B7-LV0sT2jK0YTI2YmVjYmItYTlmYi00ZDQ2LWE5MmYtNzdjNWZhNWEyZTk5&hl=en_US&pli=1
И да им нацрташ нема да разберат. Само тужба против медиумите.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.518
Се додека протестите се одвиваат во ХИПИ стил осудени се на пропаст. Не знам кој го наметна тој стил на протестирање ама сигурно е дека тој мудро ги поставил коцките...Продолжете да се дистанцирате од политиката во која сте загушени целосно (без да се сетите) и крајот ќе дојди тивко како летна ноќ со полна месечина.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
da bevme normalna drzhava,rabotite odamna ke bea poinakvi...ama ne sme! Vecerta koga beshe soopshteno deka mlad chovek e ubien od policijata vo Vecher imase objaveno deka obdukcijata ne pokazhuvala znaci na nasilstvo,i najverojtano na deteto mu se sloshilo.Kotevski izjavi deka oni pojma nemaat za vakov sluchaj,onaa Jankulovska ushte gi brani za da na kraj ne im uspea scenarioto koi oni sakaa da go napravat i vistinskite fakti izlegoa na videlina...za da sega mladite se ubivaat od protestiranje,niv gi nema veke dolgo vreme da im odgovorat na baranjata i koga na kraj se javile da odgovorat rekle"Ubiecot bil vraboten pred 10 godini,sega uslovite za vrabotuvanje se mnogu promeneti""" :DDDDDDDDD smeshki vo boja,crna humor..Kako ne im e sram !
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Одговор од МВР
Почитувани,

Министерството за внатрешни работи би сакало да ве информира дека најголемиот дел од барањата доставени со поднесокот 49181/1 од 14.06.2011 година, кои се во во ингеренција на министерството се веќе исполнети, односно по истите е постапено, додека за останатите политички барања постојат соодветни процедури во демократски избраните институции.

  1. Од страна на Министерството целосно се почитуваат човековите права и слободи. Впрочем ова беше еден од условите за визната либерализација по кој Република Македонија беше високо оценета. МВР секојдневно работи и се залага за нивно унапредување, а како признание на сите активности кои ги презема Министерството дојде и поканата за предлагање на член во Поткомитетот за превенција од тортура и друг вид сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување на Обединетите Нации, со мандат од 4 години.
  2. Одговорноста во однос на убиството кое се случи на Плоштадот „Македонија“ е веќе лоцирана и до надлежното Јавно Обвинителство, на 08.06.2011 година, беше процесуирана целокупната документација од преземените мерки и активности во форма на кривична пријава, а подоцна и во форма на посебни извештаи. Пријавата беше прифатена и проследена до Основниот суд Скопје 1 - Скопје како барање за отварање на истрага.
  3. Осомничениот за кривично дело „Убиство“ по чл.123 од КЗ на РМ, на 07.06.2011 година, ден по настанот кој се случи во утринските часови на 06.06.2011 година, беше идентификуван, обезбеден и со него беше извршен разговор во службените простории на СВР Скопје. Истиот веќе следниот ден, на 08.06.2011 година, беше изведен пред надлежен Истражен судија од чија страна му беше изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена. Изрекувањето санкција за осомничениот е во исклучителна надлежност на судот кој треба да одлучи во фер и непристрасна постапка.
  4. Утврдувањето на кривична одговорност и санкции за сите одговорни лица е исто така постапка во која одлучува судот врз база на добиените докази и сознанија од истрагата.
  5. Кривична пријава се поднесува врз база на основани сомненија за сторено кривично дело. Во конкретниот случај, по спроведените предистражни дејствија, беше идентификуван осомничениот и против истиот беа иницирани мерки на кривичен прогон. Во натамошната постапка, доколку надлежниот Истражен судија одлучи да ја прошири истрагата и за прикривање на кривично дело, преземајќи мерки на кривичен прогон против други лица кои биле присутни, го виделе настанот, а не го пријавиле, МВР целосно му стои на располагање за да постапи по сите наредби.
  6. Во моментов во соработка со своите меѓународни партнери, МВР спроведува реформи со кои ќе се зголеми персоналниот и техничкиот капацитет на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Покрај тоа беа преземени и низа мерки за зацрвснување на неговата независност во насока на поголема ефикасност во постапувањето. Од друга страна МВР продолжува блиску да соработува со Народниот Правобранител и Собранието како надворешни институции овластени да вршат надзор врз работењето на министерството. СВКПС исто така е отворен за соработка и со невладините организации, а согласно хиерархиската поставеност Јавниот Обвинител во секој момент може да иницира постапка за кој било случај или кој било полициски службеник. Барањето на замена на СВКПС со „Независен систем на контрола“ е легитимно и впрочем беше дел од програмата на СДСМ. Не може да исклучиме дека опозицијата истото ќе го покрене во Собранието и мнозинството пратеници ќе се произнесат по него согласно мандатот кој им го имаат доверено граѓаните.
  7. Законските и подзаконските акти од областа на внатрешните работи се веќе донесени и истите беа поздравени од страна на Европската комисија. МВР и натаму продолжува да работи на хармонизирањето на домашното со европското законодавство. Доколку немате информација, осомничениот е вработен во Министерството пред десетина години. Оттогаш во голема мера се изменети условите за прием и напредување во специјалните единици, а критериумите се поставени на повисоко ниво.
  8. Забраната за вработување на лица во МВР кои имаат криминално досие беше предвидена во законите поврзани со оваа проблематика, но истата наиде на осуда од страна на експерти за човекови права и беше оценета како противуставна и дискриминаторска со образложение дека секој по издржување на пропишаната казна е еднаков со останатите граѓани.
  9. МВР редовно ги доставува своите извештаи до Собранието на РМ и нема против во соодветна процедура, истото да одлучи кој може да присуствува при разгледување на истите. Секторот за односи со јавност и слободен пристап до информации веќе соработува со сите заинтересирани страни и согласно законските обврски одговара на сите поставени прашања.
  10. МВР нема ништо против заострена казнена политика кон сите сторители, вклучувајќи ги и вработените во Министерството. Сепак измените во КЗ се ингеренција на Министерството за Правда и правниците треба да проценат дали ваквото решение е уставно издржано.
  11. Прејудицирањето вина и одговорност, непочитувањето на надлежните институции и процедури е постапка која што се коси со сите демократски правила и постапки. За политички барања постојат соодветни процедури во демократски избраните институции, кои впрочем изминативе години во неколку наврати ги користеше СДСМ. МВР јасно го соопшти својот став по случајот дека станува збор за трагичен настан кој не е политички и истиот не треба да се злоупотребува во политички цели. Одговорноста за настанот е индивидуална и обврска на министерството беше истата да ја утврди, лоцира и да покрене соодветна постапка, што досега е сторено.
Брзата и ефикасна истрага, откривањето на осомничениот за неполни 24 часа, откако по 13 часа чекање беше добиено известувањето од Институтот за судска медицина за причините за смртта, јасно ја покажува разликата во сегашното полициско работење во однос на постапувањето на полицијата во случаите на Трајан Бекиров, Диме Ицковски-Поштар или трудницата Асије Скендери. МВР нема да отстапи од индивидуализирање и процесуирање на одговорноста. Само така може да се заштити угледот на полицијата од сите кои се обидуваат вината да ја генерализираат не водејќи сметка за достоинството на преку 850 полициски службеници и нивните семејства кои од 2001 година наваму беа повредени или загинаа на должност. Тие како и сегашните припадници на МВР секојдневно ги ризикуваат сопствените животи штитејќи го територијалниот интегритет и суверенитет и безбедноста на граѓаните.
Проблемот покрај во нив е и во нас што не ги поставивме добро барањата, немавме организација. Протестот требаше да биде поише насочен кон тоа да ги дефинираме барањата, не за џабе тука трубев за тој отворен форум на мајка тереза. Поентата не беше да се бара да се распуштат специјалните единици, него да се предложат начини да се интензивира контролата на веќе постоечките.

Не можат да се оправдуваат со тоа што го вработиле пред 10 години. Ако немаат некој систем за контрола на веќе вработените, ништо од работата. Чести психолошки тестови и други проверки на кадрите и задолжителна обука за контрола на гнев!

Разочарана сум од тоа како се одвива ситуацијава...
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Најверојатно власта ке ги одведе протестите во мирна завршница. :(
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
Пораката е повеќе од јасна. Кој и да е на власт, што и да направи, ќе биде казнет со прошетки низ улица.

Ама, од друга страна пак, и тие “прошетки“ ќе беа делотворни, доколку беа масовни, да им аше 10 пати повеќе народ од актуелниот збир.

Но, мене ме загрижува масата народ која пие мартини додека го гледа изгрејсонцето со коментар „што протестираат овие бре? Кој му е крив на тој што ___________________. Убаво му направиле!“.

Протестите треба да се насочат кон трулиот македонски менталитет и кон лоботомираниот народ, не кон врвот на хиерархијата.

Народот е крив. Владата ја бира, таа филозофира, тоа ме нервира.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Протестот ќе биде загушен поради:

1. Лекомисленоста на младите.
2. Партиската определба на младите.
3. Несложноста на младите.
4. Манипулации на Шител.
5. Страв и трепет од страна на полицијата.

Партиите нема потреба да се грижат за нивната иднина, додека имаат ваква младина.

Ако некој најде други причини нека ги додаде. Фактите се факти. Стоиме - не плукаат, викаме - не омаловажуваат, протестираме - ни се закануваат!

пс. фала на модераторот или администраторот што ме банираше недела дена без воопшто да ме предупреди и се надевам и тој што ме омаловажи го доби истиот третман, ако не.. алал да ви е!
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Реакција на одговорот на МВР по доставената претставка

Posted on June 16, 2011 by Протестира.ме

Ние Граѓаните на РМ, кои веќе 10-ти ден протестираат на улиците во Скопје би сакале да се заблагодариме за ажурноста и брзиот одговор на Министерството за внатрешни работи по основ на нашето протестно барање против полициска бруталност. Но, иако тоа ја докажува нивната спремност за брза реакција, сепак, како група млади луѓе целосно ослободени од било каков притисок, воопшто не сме задоволни од одговорите на МВР по основ на нашите барања, туку сме згрозени од иронијата и цинизмот на одговорот кој не доликува на формален одговор од државна институција.
Дополнително, МВР во едно од своите соопштенија за јавност во текот на вчерашниот ден призна дека до 2006 година работело под влијание на СДСМ, а од 2006 година е под влијание на ВМРО ДПМНЕ, оттука не ни е јасно со кој рационален аргумент може да се спротистават на иницијативата за Независен систем на контрола од страна на независна група граѓани.
Исто така сме особено разочарани од нивото на свесност на МВР за концептот на човекови права. За МВР човековите права се гарантирани затоа што сме добиле визна либерализација и затоа што Македонија членува во поткомитетот против тортура при ОН. Тоа е точно ако човекови права значат закон за државјанство, Охридски рамковен договор и пар стратегии за заштита на Роми (условите за визна либерализација под 4 точка), и ако Буркина Фасо и Мексико ги сметаме за земји каде се почитуваат човековите права, бидејки и овие две земји учествуваат во поткомитетот против тортура при ОН.
Имено, својот одговор МВР повторно го насочува кон партиски војници и го потврдува својот став дека светот е црно-бел. Дали припадниците на МВР заборавија дека некогаш и тие беа млади, убави и независни?
Во нашиот свет има многу бои и слободна критичка мисла, затоа во следниот период ќе доставиме коментар по однос на одговорите на нашите барања доставени од МВР.
Воедно би сакале да го увериме полицискиот синдикат дека во нашите барања јасно стои нашиот став за повторно регулирање на одредени норми и правила кои очигледно не функционираат во нашиот правен систем, без притоа да го напаѓаме целиот полициски состав. Критиката и преиспитувањето се основни човекови постулати олицетворени во максимата “повторувањето е мајка на знаењето”. Затоа ќе Ве замолиме уште еднаш да ги прочитате нашите барања со здрав разум и чиста мисла и да ни се придружите во креирањето на подобра идинина бидејќи и ние сме
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom