Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Протестот денес си помина стандардно, како изминативе денови, не бевме многу ама доволно :) На крајов се договараше ден за масовен протест, и сеа не разбрав баш добро, ама дискусијата беше дали од други градови да доаѓаат овде да ни се придружат, или сами да се координираат за протести кај нив. Би требало утре да се искристализира тоа. А, и собиравме пари за мегафони во Куманово :)
Во Куманово да е масовниот протест?
Мој предлог е да се организира масовен протест во Скопје бидејки во помалите градови сите со сите се знаат и луѓето ке имаат поголем страв да излезат на протест (пример беше Струмица- 30-40 души дали имало).А вака во поголем град, од каде да те знаат каде одиш?Никој нема баш тебе да те примети.

Еве и видео за тие што пропуштија да го гледат стримо.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Во Куманово да е масовниот протест?
Мој предлог е да се организира масовен протест во Скопје бидејки во помалите градови сите со сите се знаат и луѓето ке имаат поголем страв да излезат на протест (пример беше Струмица- 30-40 души дали имало).А вака во поголем град, од каде да те знаат каде одиш?Никој нема баш тебе да те примети.
Не, не. За Куманово само собиравме пари за мегафони:)
Иначе беше муабетот дали во Скопје да дојдат од другите градови, или сите градови сами да се организираат.
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Не, не. За Куманово само собиравме пари за мегафони:)
Иначе беше муабетот дали во Скопје да дојдат од другите градови, или сите градови сами да се организираат.
Јас би одела на првата варијанта.Реков зошто погоре.Инаку те разбрав прво дали во Куманово да е масовниот протест.
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Масовен протест, во Скопје. Ама многу масовен, искочете сите, не му ја мислете. Ако ние, граѓаните не пробаме да смениме нешто, кој ќе смени? Некој од тунгузија ќе дое и ќе ни ги реши проблемите?
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Поради некои проблеми овој викенд не сум во тек со настаните ...
Ако може некој да пише дали утре ќе има протести и кога...
 
T

Tetro

Гостин
Поради некои проблеми овој викенд не сум во тек со настаните ...
Ако може некој да пише дали утре ќе има протести и кога...
Секој ден 18ч. кај спомен куќата на мајка Тереза
<Модератор да го смени името на темата, ако не му е тешко>

Видеото од Al Jezeera со Vnukot
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Мој предлог е да се организира масовен протест во Скопје бидејки во помалите градови сите со сите се знаат и луѓето ке имаат поголем страв да излезат на протест (пример беше Струмица- 30-40 души дали имало).А вака во поголем град, од каде да те знаат каде одиш?Никој нема баш тебе да те примети.
Ова е се' точно, ама проблемот настанува кога фактички ќе треба да дојдат луѓето. Јас не верувам дека секој без проблем ќе плати за превоз за да дојде, а ние нели не сме партија, па не можеме да им го плаќаме превозот. Да беше политички митинг, да видиш како ќе се собереа минимум 100 автобуси. Така да, и двете опции имаат и предности и маани, и добро би било да се координираме сите градови, па така да се види која варијанта ќе се искористи.
--- надополнето: Jun 14, 2011 7:49 AM ---
7 прашања за Гордана Јанкулоска

1. Зошто полицијата молчеше два дена за убиството на Мартин Нешкоски?

2. Зошто Котевски прво тврдеше дека немало убиство, а според обдукцијата, МВР веќе знаело дека станува збор за насилна смрт

3. Дали Јанкулоска како министерка знае што се случува во нејзиното министерство и кој кому издава наредби

4. Кој го повикал специјалецот Спасев со усна наредба да дојде во Скопје на прославата на ВМРО-ДПМНЕ

5. Кој е вистинскиот мотив за бруталното претепување на Мартин

6. Зошто припадниците на полицијата го прикриле настанот и го штителе својот колега

7. Што треба да се случи повеќе за вие како човек и како политичар да почувствувате дека за некои работи е почовечки да се признае грешката и да се поднесе оставка
извор:Утрински весник

Секоја чест на Утрински, единствени се што најточно пренесуваат што се случува на собирите позади спомен куќата на Мајка Тереза!

„Сцената зад Спомен-куќата на Мајка Тереза деновиве претставува македонскиот Хајд парк, симболот на слободната мисла и вербалното изразување. Револтираните млади луѓе кои веќе осум дена маршираат и ги блокираат скопските улици поради бруталното убиство на 22-годишниот Мартин Нешкоски од припадникот на специјалната единица „Тигри“ спонтано со текот на протестите започнаа да формираат мало граѓанско собрание, простор каде што извира младешки дух и конструктивна мисла...“
Целиот текст (y)
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.518
Ајде сега дарежливите големи патриоти со право на глас од дијаспората, големите газди и велестопанственици нека донираат по некоја вредносна хартија за поддршка на протестите, во има на ВИСТИНАТА, во име на МЛАДОСТА, во име на ИДНИНАТА!!! Према бројот на протестанти се гледа бројката на разумни и искрени. Изгледа разумот, искреноста и интегритетот не се вредни за инвестиција.

Нешто е труло во државата Данска?!
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Вчера како да имаше најмалку луѓе до сега и загрижувачки е тоа што се истите луѓе ги гледам, како да не доаѓаат нови фаци. Викајте луѓе тие што немаат што да прават, пуштајте покани да не се разводни работава, вчера не ми делуваше многу моќно протестот незнам може и мене не ми беше денот.

За муабетот сите во Скопје да дојдат на масовен не ми делува многу возможен, еве на пр. повратна за до Битола и назад со воз е околу 360 денари, па сите не верувам дека се во состојба да плаќаат по толку пари за неколку саати, а и тие што би дошле сигурно нема да бидат побројни доколку протестот им се дешава во сопствениот град кадешто сите што сакаат можат да учествуваат.
Туку работата е на тој масовен протест што се планира да доаѓаат и возрасни луѓе, родители итн. зашто протестот е отворен за сите. Жалосно е што на митинзи за Грујо и Бранко излегуваат по 50 000 души а на овие протести едвај од 500 до најмасовниот кога имаше 4 - 5000 души.
 
И мене тоа многу ми е чудно, значи имам многу познаници и блиски пријатели, кои тотално го подржуваат протестот, ама не доаѓаат. Не можам тоа да го сфатам, како да нема други денови или време во денот кога може на кафе или во кафана да се иде. Еднаш се случува ова! И првпат во наша независна држава! Јебига, сеир народ сме, поубаво е од страна да се седи и само да се мрчи дека нешто не чини, а кога треба акција, сите со главите во земја. Ако. Ние ќе се избориме и за нив :)
 
Тоа е главното, а кога им се дереме "Симнете се доле" си се повлекуваат дома ако си приметила :)
Ако ништо друго барем ќе се обидеме да се избориме ;)

Јас идам сам секој ден, од овие моиве маалски нема ни интерес ни поддршка можеби зашто живеам во највмровската населба на планетава па се плашат да не ги фати камера, али тоа не би требало да е пречка милијарда пати е кажано дека не е партиски протестов. Јбг многу гледаат луѓево телевизии што не се за гледање.
 
И јас тргам сама, ама обавезно наоѓам некој на протест. А за телевизииве не ми се збори, не се медиуми тоа, не пренесуваат информации, него партииве им поделиле микрофончиња и ајдееееее, терај.
Ајде се гледаме после ;)
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
a ste razmislile deka nekoj poinaku razmisluva od vas i deka od vakov tragichen nastan ne bi smeelo da se pravi cirkus ili zavzemanje strana., zatoa bidete:cautious:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom