како стојат цените за Game Card моментално во Југотон
Негде околу 1800-1900 денари. Ама стварно не се исплаќа, прво зошто е за два месеца, може еден месец интересно да ти е, другиот месец воопшто да не ти се игра. Хек ми се дешавало кога ќе уплатам за еден месец, уште во втората недела скроз да ми се здосади и да не ги изиграм останатите две недели.
Вака преку кредитна картичка ти е најубаво, прво е поефтино, месец дена коштаат 12.99 евра или 792 денари, што кога ќе собереш, доаѓа поефтино од Југотон за два месеца, второ никад не знаеш кога ќе ти здосади играта, вака побезбедно е.
Иначе, Он-топик, играв на Azuremyst EU, тиња сервер, ама фини барем беа луѓето. Paladin и Mage.
Не сум го активирал акаунтот уште од летото, моментално ја чекам Star Wars TOR.