Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Затоа што сите дадовте заклучоци базирани на шпекулации.

Дали ти мислиш дека од 10.000 луѓе собрани на плоштад за прослава, Мартин му упатил толку лош поглед на Спасов до толку за да овој почне да го брка и да го претепа??? :confused:
Плус тоа, Спасов бил задолжен за обезбедување на премиерот. Многу му е гајле него дали некој краде пиво или хамбургери од штанд на баскер-фест...

И да, точно. Сум немал никакви проблеми со полиција. Можеби затоа што никогаш не сум го прекршувал законот или пак затоа што полицијата си ја врши работата коректно.
Што е битно бре зашто го бркал?
Може му опцул мајка може го удрил може се имале срчкано од порано може му ја ебел девојката, НИШТО не му дава право да го убие алоооооооооооо за убиство правиме муабет полтрончиња освестете се.

бубу, ако од 1500 луѓе еден викне уа Никола дали тоа значи дека протестот е сдсмовски?
Јас тврдам дека денес а и завчера кога бев немаше ништо против ВМРО или против Никола или нешто слично. Скандирањата беа кон алфите, и МВР.
Слободно ако начекаш скандирање ОД ТОЛПАТА против ВМРО или НГ тогаш слободно постирај и јас лично се откажувам од понатамошни протести.

И добро бе, онака искрено ме интересира, ако ова беше исценирано од СДСМ дали стварно мислите дека ќе беа само 1500 луѓе на протест?
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
Што е битно бре зашто го бркал?
Може му опцул мајка може го удрил може се имале срчкано од порано може му ја ебел девојката, НИШТО не му дава право да го убие алоооооооооооо за убиство правиме муабет полтрончиња освестете се.
А ти мислиш дека сакал да го убие?
Сакал да го истепа, тоа е очигледно, ама претерал во тоа и завршил со убиство. Затоа и ќе лежи во затвор.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.233
Поени од реакции
338
Затоа што сите дадовте заклучоци базирани на шпекулации.

Дали ти мислиш дека од 10.000 луѓе собрани на плоштад за прослава, Мартин му упатил толку лош поглед на Спасов до толку за да овој почне да го брка и да го претепа??? :confused:
Плус тоа, Спасов бил задолжен за обезбедување на премиерот. Многу му е гајле него дали некој краде пиво или хамбургери од штанд на баскер-фест...

И да, точно. Сум немал никакви проблеми со полиција. Можеби затоа што никогаш не сум го прекршувал законот или пак затоа што полицијата си ја врши работата коректно.
Едноставно нели на човековата глупост и нема крај..
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Човекот денес го погребаа. Колку да се потсетиме. А тука 120 и кусур страници дробење. Едни бараат услови да се појават на протест, други се влезени во V for Vendetta филм, а политичарите и новинарите не работат како бавча.
Толку енергија да се потрошеше на конструктивно нешто ќе отидевме барем до месечината. Тажна Македонија...
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
262
Поени од реакции
34
Никој не се ни обидува да оправда. Типот ќе си лежи неколку години во затвор и тоа е тоа. Уништување на докази колку што знам немаше, а заташкување на убиство - допрва ќе видиме.

Епа дел е, ама ја изгубил. Затоа и одговара за убиство.
Тоа зависи од бројноста и истрајноста на сите загрижени граѓани колку ке биде транспарентна целата работа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Па се мислев ама што е поентата? Ти само кликаш на одговори и штанцаш постови. Еве нек ти биде, краток одговор на „конструктивниот“ предлог:

- Прво, да кажам дека не учествувам на протестите зошто сум away и busy. Во секој случај го поддржувам протестот. Дури сум и горд на некои од моиве колеги форумџии за она прво излегување вечерта, спонтана и најнормална реакција. Додека во соседството и на други места (Италија) за слични случаи имаше се и сешто, нашата младина излезе на мирен и достоинствен протест, барајќи одговори. Некои тоа го сметаат за минус, велат дека требало насилно, јас не, мислам дека ова е начинот.

- Второ, околу масовноста, и на другиве им пишав, не знам зошто се оптоваруваат со бројки. Дали ќе биле 300 или 3000 е сеедно за мене, важна е вистинска намера и мотив, и совест.На ФБ кликаат многумина како знак на поддршка, дури и ако се далеку, не се од СК и тн...

- Да се вратам на предлогот твој: значи, дали го разбираш зборот СПОНТАНО? Се случуваат насекаде околу тебе, спонтани работи. Се случуваат спонтани протести, насекаде во светот. Луѓето бараат одговори. Луѓето се шокирани од тоа како е можно да се случи вакво нешто, во нашиот главен град, во строгиот центар, при толпа народ. Луѓето се прашуваат како е можно МВР да излезе со информација за пронајдено тело на кое нема знаци на насилство (не го напаѓам Иво, Иво е гласникот, не се убива гласникот никогаш) Луѓето се прашуваат како е можно други полицајци да го одвлечкаат телото кај МЕПСО (класичен cover-up) а да биде приведен само еден. Многу прашања сеуште се неодговорени, и се додека нема одговори, ќе има протести.

За твојот предлог, неприфатлив е од една едноставна причина: затоа што и ти размислуваш со твојата лоботомирана главичка како да се стави толпата под контрола, исто како што тоа го прават твоите политички неистомисленици. Вие сте две страни од истата паричка. За вас, мора да има договор, точки, потписи... сите да се согласиме и потоа една помала група да не води, како слепци. Да имаме точни и прецизни барања, да пееме исти песни и да изговараме исти пароли. Да не го вадиме чипот од главата. Тоа е вашето размислување, колективно.

Јас сум спонтан, и моиве колеги кајганџии, оние за кои знам дека излегоа на протести со вистинска искрена намера, се спонтани. Исто така, ние сме обични луѓе, со обични барања. Сакаме да ни се одговори како е можно. Сакаме некој да преземе морална одговорност, чин што не с еслучил во оваа држава никогаш. Сакаме нашите политички лидери да ни објаснат каде тргнало наопаку и што мислат да преземат за да не ни се случи пак. Сакаме да се чувствуваме сигурни а длабоко во нас, овој настан не направи да се чувствуваме небезбедни по нашите улици.

И нека вика кој што сака, нивно право. А ти ако не сакаш, не излегувај. Само немој да се пењавиш тука со денови.

P.S.
Ја знаеш онаа поговорката: „Ko prezivi pricace?“
Овде не има многу преживеани од подфорум политика. Кој не се расправал со Suicide Messiah не знае што е форум. Ти си во тие рамки сеуште, аматер.
Види, би било многу добро, да е така тоа, спонтано да излеземе и да не послушаат. А знаеш дека тоа нема да се случи, нели? Што те тера да помислиш дека 300 луѓе излезени на протест ќе сменат нешто?
Јас можеби не знам многу за спонтаните работи, ама добро знам како се организира протест, и знам колку не рецнаа 2000 луѓе на протест (ако не и повеќе) со реални и законски барања, дури бевме доволно неважни медиумите сите да известат. Јас само не ја гледам толку розево ситуацијата, во која мирно ќе си седиме на плоштад, па кој дојде дојде, зошто знам дека од тоа фајде нема. Да, мирни протести, но во огромен број. Зошто моменталната излезеност не е реалноста, многу повеќе сакаат да излезат, но се плашат, не од партија, тоа е најлесно, ќе си го скријам лицето и нема никој да знае дека сум таму. Се плашат дека не се искрени мотивите, мислам дека ме разбираш? Затоа е потребна организација, доброволна, не станува збор некого присилно да однесеме да протестира. Но кога повеќето луѓе точно ќе бидат запознаени со нашата кауза, јас гарантирам дека и многу повеќе ќе се пронајдат во неа и ќе излезат. Ќе излезат и во други градови, како поддршка на тоа што се случува во Скопје. Моментално, медиумите се погласни од нас, до душа јас на фб цело време искрено го поддржувам сето ова и молам за мирни протести, неполитизирани протести (а имаше и партиски куриња кои ме осудија (едниве, го предаваш грујо, другиве, грујо е крив)). И бидејќи а1 и сител се погласни, поделено е мислењето А НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ.
Јас не бранам никого зошто имам чиста совест зошто сакам да излезам на протест.
И сакам да не биде уште еден од оние, секое чудо за три дена.
Сакам навистина да има промени.
А такви можеме да добиеме, токму преку силна и поврзана организација, преку силни и цврсти ставови, и преку силни и цврсти барања.
Дали е сега појасно?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Никој не се ни обидува да оправда. Типот ќе си лежи неколку години во затвор и тоа е тоа. Уништување на докази колку што знам немаше, а заташкување на убиство - допрва ќе видиме.

Епа дел е, ама ја изгубил. Затоа и одговара за убиство.
Зборуваш за темава како да е прв и последен пат да се случува да службени лица на МВР користат прекумерна сила која резултира со тешки повреди и смрт во некои случаи.
Најглавна причина поради која протестирам е заради менталитетот на специјалните единици на МВР. Мислат дека се над законот, мислат дека се недопирливи, алфа и омега, а немаат повеќето ни четврто одделение завршено, а некои имаат и дебели криминални досијеа.
Преку кур ми е да ме застануваат алфи и претресуваат затоа што сум ги претекнал додека патролирале, доста ми е да ме легитимираат и да се иживљаваат врз мене кога и да им дојде шанса.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
А ти мислиш дека сакал да го убие?
Сакал да го истепа, тоа е очигледно, ама претерал во тоа и завршил со убиство. Затоа и ќе лежи во затвор.
Што е битно што сакал? крајниот исход е УБИСТВО и треба да одговара за убиство а не за убиство од небрежност и да одлежи 2-3 години па да искочи и пак да го вратат на старата должност.

Што се оденсува до мене треба доживотна робија или смрт, да биде пример за другите.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А ти мислиш дека сакал да го убие?
Сакал да го истепа, тоа е очигледно, ама претерал во тоа и завршил со убиство. Затоа и ќе лежи во затвор.
Види, тоа сите го знаеме, ама барањето е следен пат некој пак да не претера и да нема потреба пак да се протестира.
Затоа не е доволно само да го клоцнат овој во затвор, голема работа.
Ќе се најде друг како него.
Мислам дека треба да се бара бркање на сите со досие, макар минимално и старо 20 години.
--- надополнето: Jun 9, 2011 1:32 AM ---
Што е битно што сакал? крајниот исход е УБИСТВО и треба да одговара за убиство а не за убиство од небрежност и да одлежи 2-3 години па да искочи и пак да го вратат на старата должност.

Што се оденсува до мене треба доживотна робија или смрт, да биде пример за другите.
Ете, се согласувам со тебе. Смрт не може, забранета е со закон, ама доживотна робија, плус 2-3 години во самица колку да има време да се замрази самиот себе, а после да го силуваат затворски манијаци.
Ако го убиеме, ќе му помогнеме. Совеста е потешка од смртта ;)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.679
Поени од реакции
59.807
Види, би било многу добро, да е така тоа, спонтано да излеземе и да не послушаат. А знаеш дека тоа нема да се случи, нели? Што те тера да помислиш дека 300 луѓе излезени на протест ќе сменат нешто?
Јас можеби не знам многу за спонтаните работи, ама добро знам како се организира протест, и знам колку не рецнаа 2000 луѓе на протест (ако не и повеќе) со реални и законски барања, дури бевме доволно неважни медиумите сите да известат. Јас само не ја гледам толку розево ситуацијата, во која мирно ќе си седиме на плоштад, па кој дојде дојде, зошто знам дека од тоа фајде нема. Да, мирни протести, но во огромен број. Зошто моменталната излезеност не е реалноста, многу повеќе сакаат да излезат, но се плашат, не од партија, тоа е најлесно, ќе си го скријам лицето и нема никој да знае дека сум таму. Се плашат дека не се искрени мотивите, мислам дека ме разбираш? Затоа е потребна организација, доброволна, не станува збор некого присилно да однесеме да протестира. Но кога повеќето луѓе точно ќе бидат запознаени со нашата кауза, јас гарантирам дека и многу повеќе ќе се пронајдат во неа и ќе излезат. Ќе излезат и во други градови, како поддршка на тоа што се случува во Скопје. Моментално, медиумите се погласни од нас, до душа јас на фб цело време искрено го поддржувам сето ова и молам за мирни протести, неполитизирани протести (а имаше и партиски куриња кои ме осудија (едниве, го предаваш грујо, другиве, грујо е крив)). И бидејќи а1 и сител се погласни, поделено е мислењето А НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ.
Јас не бранам никого зошто имам чиста совест зошто сакам да излезам на протест.
И сакам да не биде уште еден од оние, секое чудо за три дена.
Сакам навистина да има промени.
А такви можеме да добиеме, токму преку силна и поврзана организација, преку силни и цврсти ставови, и преку силни и цврсти барања.
Дали е сега појасно?
Јас ти зборам за спонтаност, ти ми збориш за организација. Тука не се разбираме. Не сакам организација. Не сакам контрола, ни од едните, ни од другите. Сакам да протестирам. Ако не можам да дојдам, ќе излезам на тераса и ќе протестирам сам:


Мене верувај се ова ми е јасно, само една работа не ми е јасна: Не сакаш да излезеш на протест, тоа го свативме. Пеки, твоја работа. Не излегувај. Никој не ти наметнува став дека баш ти и твоето куче мора да излезете на протест. Зошто толку упорно ни објаснуваш, кога свативме од прва?​
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
Што е битно што сакал? крајниот исход е УБИСТВО и треба да одговара за убиство а не за убиство од небрежност и да одлежи 2-3 години па да искочи и пак да го вратат на старата должност.

Што се оденсува до мене треба доживотна робија или смрт, да биде пример за другите.
Ете, се согласувам со тебе. Смрт не може, забранета е со закон, ама доживотна робија, плус 2-3 години во самица колку да има време да се замрази самиот себе, а после да го силуваат затворски манијаци.
Ако го убиеме, ќе му помогнеме. Совеста е потешка од смртта ;)
Сеуште не е одредена казната, така да не знаеме дали ќе одговара за убиство од небрежност, или не.

И малце чудни сте ми и двајцата... Доживотен затвор? Смрт? Дали вие сте размислиле дека ако не дај боже се деси нов конфликт како во 2001ва, кои луѓе ќе бидат должни да ја бранат Македонија? Вие? Новинарите? Политичарите?
НЕ! Ќе се молите да има повеќе луѓе како него, затоа што само тие се доволно храбри или луди (бидејќи тенка е границата помеѓу тие 2) за да влезат во војна и да ја бранат државата. Затоа не избрзувајте со заклучоци.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Јас ти зборам за спонтаност, ти ми збориш за организација. Тука не се разбираме. Не сакам организација. Не сакам контрола, ни од едните, ни од другите. Сакам да протестирам. Ако не можам да дојдам, ќе излезам на тераса и ќе протестирам сам:
Мене верувај се ова ми е јасно, само една работа не ми е јасна: Не сакаш да излезеш на протест, тоа го свативме. Пеки, твоја работа. Не излегувај. Никој не ти наметнува став дека баш ти и твоето куче мора да излезете на протест. Зошто толку упорно ни објаснуваш, кога свативме од прва?​
Очигледно дека не ти е јасно, дека протестов не е само ајде, ќе кажеме дека ни е жал.
Протестов постои за да се смени нешто. А нема да го смениме со спонтаност, дали ти е тоа јасно?
Сакам да излезам на протест, но бев информирана повеќе пати дека имало партиски содржини. Но ете, ќе излезам и сама, и ќе се трудам да не ги гледам таквите (ако ги забележам) и да останам сконцентрирана на тоа зошто сум таму.

А инаку, под организација спаѓа и тоа во 4 кај Мајка Тереза.
А ако немаме тоа што набројав, ќе си кукаме на плоштад, и ќе не заборават, а може и овој ќе го осудат за убиство од небрежност.
И што сме добиле со тоа?

П.С. Камо среќа, да бев само јас со вакви размислувања........ Камо среќа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Сеуште не е одредена казната, така да не знаеме дали ќе одговара за убиство од небрежност, или не.

И малце чудни сте ми и двајцата... Доживотен затвор? Смрт? Дали вие сте размислиле дека ако не дај боже се деси нов конфликт како во 2001ва, кои луѓе ќе бидат должни да ја бранат Македонија? Вие? Новинарите? Политичарите?
НЕ! Ќе се молите да има повеќе луѓе како него, затоа што само тие се доволно храбри или луди (бидејќи тенка е границата помеѓу тие 2) за да влезат во војна и да ја бранат државата. Затоа не избрзувајте со заклучоци.
Јас каснам со заклучоци, не избрзувам.
Ако се деси таков конфликт, сеуште ќе постојат специјални единици, а сепак постои и војската.
Само тие специјални единици мораат да сфатат дека не е терорист секој што се приближува на некој политичар или што го опцул полицаецот.
Полицаецот ако не е способен да разликува терорист од нервозно/напушено/пијано итн. дете, не заслужува да биде полицаец.
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
262
Поени од реакции
34
Еден апел од мене до сите кајганџии кој се сомневаат во суштината на протестите да излезат и да поминат не мора да се придружат за да видат кој е искочен на улиците во Скопје. Излезена е младината! Сите тие луѓе или барем мнозината што ги гледам изминатите 3 дена ги гледам како неважечки гласачки ливчиња или дел од неизлезноста. Сите скандирања (некои вулгарни) беа насочени кон МВР, а не кон некоја партија. Едно од скандирањата е ВО СОБРАНИЕ СИТЕ СТЕ ИСТИ !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom