- Член од
- 14 јуни 2008
- Мислења
- 1.369
- Поени од реакции
- 1.075
Дечки знаете колку присуствуваат на фејсбук на денешниот протест? 7325! Значи немаше ни десетина од оваа бројка што уствари се појавија, или па штознам, може се смениле времињата и луѓето мислат дека протестите се виртуелни. Е сеа, ми се свиѓаше бајаги протестов, особено иницијативата во делот позади мајка тереза да си има ОТВОРЕН ФОРУМ, да биде место каде било кој би можел јавно да изрази став. И тука зборуваа многу луѓе, млади но и постари, изразија задоволство за формираната критичка маса во градов и општо во државава и повторуваа дека цел ни е да го изразиме незадоволството без притоа да бидеме било како влијаени од политика или од невистини на некои медиуми.
Ќе има повторно утре во 6 и задутре и сакам да видам дека се залагате за нешто и надвор од виртуелнава реалност.
Протестот не е трибина за дискутирање и размена на мислења. Кога протестираш против нешто имаш фиксирани барања што и како да се промени.
И ова напишаново исто ко братучед ми од 3-то одд. да се вратил од школо и да ми раскажува како прошол.
Вие одите на протест за да дискутирате и да си кажете кој од што е задоволен, а кој од што не е ? Па на крај ајде да продужиме да шетаме низ Скопје...
Треба да се протестира пред МВР и да се даде до знаење поради што точно се протестира !