Г
Грејвдигер
Гостин
Нека те види алфаш па кажи ми дали така ќе поминеш. Не значи дека ако во Струмица е мирно и на друго место кога ќе одиш само ќе те погледнат и готово. Јест да има некој од мајка родени, ама голем е процентот и на идиоти кои немаат ниту грам во главата.Чек бе, не беше од Струмица ти? Каде полицајците се фини, глупи и дебели? Каде возам со нерегистриран мотор по тротоар и само ме гледаат? Каде у 4 сабајле си одам пијан низ станица, и тој надвор во кабината за патрола ми вели добровечер? Каде барање легитимација сум видел само во CSI?
Кажи ми за што се залагаш ти? Читам дека убиецов се пријавил и ќе му се суди? Ќе излегол по 10 години. А што очекуваш како резултат, м? Да го стрелат на плоштад? Јас мислам дека до овде оди правдата, се' проследно е партиска должност. Како барање оставки и слични курови. Фино објаснете ми ја кампањава, што репрезентира, што им е целта, дека 70% се со партиска агенда. Јас поддржував додека беше ориентирана околу нерасчистената смрт на млад човек. Убиецот е пријавен, и треба да му се суди. Какво е ова собирање во секој град? Каде, пред штаб? Дали јас ако RSVP-ирам го подржувам починатиот младич, доаѓање до вистината и сите тие слични каузи, поддржувам оставка на некојзакојкурнемеболи, поддржувам ВМРО? СДСМ? Скопјани со алфа проблемите? Општо за полицијата во Македонија? Поддржувам дека и во Струмица е исто и дека барам промени, дека нејќам? Елаборирај ајде слободно, уосталом не е ова ништо јавно дефинирано освен хормонален дисбаланс кај тинејџери кој резултира со типичната буновност, хипстер еуфорија - на мода е да имам слика, се чуствувам како да вредам и ќе ме сакаат од партија.
Дека сите што ми пратија покана суптилно ме изигнорираа кога прашав. Не чини ова собирање во секој град, поготово сите во Струмица што се чукаат во гради. Им дава политичка конотација на целава ситуација и само им смета на оние со вистински проблеми. Стриктно во Скопје, али со вистинска цел. Тие што го валкаат името на детево и го користат за билдање поенчиња, курови да пушат.
Се пријавил, ама никој не извести за тоа... дури и Иво Котевски изјавуваше дека немало пријавено таков случај, а уствари типот се пријавил саат време пред да го изјави тоа погоре. За таков доживотен затвор, ама бидејќи сите знаеме како функционираат работите кај нас за кратко време типот ќе биде на слобода. Ја сум против полициската бруталност и за вистината. Има 300 камери на плоштадот и низ околните згради, зошто не ги прегледат снимките и видат што се случува?
И никој не е за оставка, никаде не се протестираше за тоа, а политика мене не ме занима. Доколку следеше можеше да видиш дека нема никакви политички пароли и сите сме против политизирање на случајот. И јас сум против мешање на политика тука, ама неколку души не можат ништо тука... се' во државата ни е сведено на политика. За такви пуна уста кур и јас им викам.
Ќе пробам да бидам краток јасен и концизен, зошто протестирам на овие протести:
Драги читачи на овој пост, ова што се случи во неделата ја прели чашата, и строго ја обвинувам полициската бруталност. Но дали е бруталноста единствената причина заради која излагам на улица да протестирам?!
Не, воопшто не е единствената причина. Барам распуштање на специјалните единици кои постојат во државава и формирање на нови. Една држава мора да има специјални сили. Но, во Лондон требаат 5 години да се стане таксист, а во Македонија треба ќелава глава и стероиди да се стане специјалец. Човек кој треба мене да ме штити од законот! Човек кој ако го погледнам криво ме дроби од ќотек. Да, се сложувам дека откако се алфите во градов е помирно, и помирно си одам дома, но не смеат никако да покажуваат сила. Да, за алфи, правилно донесени, кои претрпеле тешко учење и подготвување и ПСИХО-АНАЛИТИЧКИ тестови за да станат специјалци. Не туку така напукани со стероиди. Зошто ако нив не им се дига поради стероидите, немора да малтретираат деца.
Но дали распуштањето на алфите е главната причина заради која протестирам? Или дали оставка на Јанкуловска?
Не драги читачи. Протестирам многу повеќе од тоа. Вистинската цел се општествени промени. Зошто вакви немили настани ќе се случуваат кој и да е на власт. ВРМО, СДСМ, ДУИ, ДПА… Кој и да е. Знаете зошто?! Затоа што овој народ трпи. Не за џабе ние во нашето именување на луѓето имаме имиња од типот на ТРПЕ, ТРАЧЈЕ, итн. Трпи си, трај си. Тоа е македонскиот народ! Трпиме постојано! Никогаш не сме излегле на протест да го изразиме незадоволството. Мислите дека само 1500 луѓе се незадоволни од се што се случува. Не, 1,500,000 се незадоволни, ама 99% од нив го имаат тоа толку потиснато што неможе ни ваков ГРОЗОМОРЕН настан да им го извади на површина. Нивното мото е „Навикнат сум, што ќе протестирам, увек е така“.
Јас младич, инженер по професија, нема да го дозволам тоа. Бидејќи ние живееме во држава во која „НАРОДОТ ЈА СЛУША ВЛАСТА“ а не обратно „власта да го слуша народот“.
Ова за мене е повеќе од полициски протест, протест за бруталност и протест за распуштање на алфите или другите сили. Ова е општествтвен проблем, кој се наметнува веќе декада наназад. Од 1997ма не се памти протест за незадоволство. Дали вие верувате дека 14 години кај нас тече мед и млеко?
Не. Ова ја прели чашата. СЕ ВЛОЖУВАМ целосно во овој протест. Доколку не успее, јас како млад и потенцијален инженер ќе си барам своја нова татковина! Имам еден живот, и нема да го потрошам во општество кое ги гази моите права, во општество во кое немам право на збор! Не благодарам. Доволно сум интелегентен да го најдам своето идеално место за живот.
Искрено,
Младич на кој му е смачено од Македонштината!