Не беа само они, тука беа и ФА и ние
Од сите групи по некои 30-тина членови...
Намерно несакав да откривам дека детето било член на навивачка група, пошто знам дека постојат толку стереотипни луѓе што одма муабетот ќе го свртат во друга насока, демек ете навивач бил бељи правел...
Да да, знам, т.е. за ФА знам, за Комитиве освен еден другар што видов друг не, моменталните гарнитури од горе не ми се добро познати, само овие отидоа апла у први борбени редови па почнаа од толпата да им удираат преписки дека се дојдени само за да направат инцидент, што е уште една констатација која се потпира на неинформираност !
Почивај во Мир Мартине, никогаш нема да бидеш заборавен, а за вас/нас, обичните граѓани, запамтете, во Неделата вечер беше Мартин, денес може да биде вашето дете, син, ќерка, брат ,ВИЕ ...
Во секоја земја за ваков настан на државата и се случува народ, ова е убиство од лице вработено во МВР, ова е убиство направено од оној кој се грижи за ред и мир во државата, оној кој е обврзан да го чува уставниот поредок на оваа земја, ова убиство е направено од ДРЖАВАТА ! Тоа го потенцираше и мајката на Мартин, ова не смее да биде заборавено, ова не смее да биде преќутено, со вашите тастатури и мауси буквално ништо не можете да направите, сите оние кои сакаат јавно да го изразат својот револт тоа можат да го направат за време на закажаните протести.
Замислете апсурд, замислете апсурд во 21 век, повеќе од 24 часа МВР како институација која ПРВА доаѓа на место на злостор не лаже дека детето нема модринки а се испоставило дека било изгазено крвнички, ЗОШТО ? Вечер и Сител кои први СЕ дознаваат 24 часа молчат и не известуваат буквално ништо во врска со овој настан, ЗОШТО ? Таткото на убиеното дете бил молен да не кажува, ЗОШТО ?
Па дали сте свесни само колку се вреѓа интелигенцијата на овој народ со ова ? Ма баталете политики, ова било карактеристика и во минатото, но Мене и Тебе, како граѓани на оваа држава ни е должност да издејствуваме ова да не биде карактеристика во иднината, потенцирам, со тастатурата и маусот ништо не правите, ќе поминат 2-3 дена и Се ќе биде заборавено што е најлошото можно сценарио во моментов, најлошото можно сценарио до следниот ваков настан што не смее да се случи, не смееме да дозволиме да се случи.
Е ДОСТА БЕШЕ, ДОСТА, се гледаме на нареден протест ...