Грчка официјална забрана за македонскиот јазик - 1954 год.!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Досега необјавена наредба за забрана на македонскиот јазик која грчката држава официјално ја издала до своето МНР и МВР, како и до сите државни нотари.

Македонците од Леринската префектурата во 1954 г. во формуларите кои ги пополнувале за добивање лични документи, наведувале дека нивниот јазик бил македонскиот. Тоа го констатира Управа на Леринската префектура, која водејќи се од националните интереси на грчката држава упатува наредба до сите матичари во префектурата да го остранат овој недостаток и понатаму на прашањето за мајчинот јазик, секогаш да пополнуваат дека е тој грчкиот.

Ова е доволен доказ кој ни покажува дека и покрај сите негирање за постоењето на Македонците во Грција, де факто грчката држава била запознаено за нивното опстојување. Бидејќи, документот покрај до сите матичари, били испратен до грчките МНР и МВР.


naredba1ma.jpg

naredba2ma.jpg



Политиката на асимилација на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, продолжила и по завршувањето на еднодецениските воени судири во Грција (1940-1949). Намалувањето на бројот на македонското население по завршувањето на овој период, кој се движел околу 100 000, не ги двоумело властите во Атина да го продолжат курсот на трансформирање на националната свест кај негрчкото население. Планот предвидувал целосна хомогенизација на грчката нација-држава. Се наложила потребата од целосно губење на историската меморија кај Македонците, што требало да се постигне преку менување на етничката свест и создавање на грчка. Од друга страна, позитивниот исход за официјалната грчка политика на крајот на војната, значело и можност македонското прашање, во самата грчка држава, но и во надворешниот свет, да го престави како непостоечки проблем. Новиот курс на грчката држава, кој трае до ден денес, се темелел на неоснованите факти, дека по заминувањето на поголем број на Македонци по Граѓанската војна, останатото македонско население кое продолжило да живее во рамките на грчката држава се одликувало со наводна јасна грчка свест, и поради тоа, ја прифаќаат и бараат дефинитивно асимилирање кон останатото грчко национално јадро. Политиката на т.н. непостоечки проблем, значело согласност на неприфаќање јавна дискусија на оваа тема, не само на меѓународен план, туку и во рамките на внатрешниот политички живот. За прв пат ваквиот став, со јасно објаснување и давање на насоки во тој правец, во 1950 год. во грчкиот парламент го изнел тогашниот министер за надворешни работи, Јоанис Софјанопулос. Додека, поранешниот грчки премиер Георгиос Папандреу, кој бил критикуван од неколку грчки десничарски весници, дека во март 1965 год. за време на официјалната посета на Белград ја поставил оваа табу тема, одговорил: За Грција македонски проблем не постои. Па следователно на тоа, не е можно истиот да преставува тема за разговор.

Офцијална Атина колку и да се обидувала или успешно ја спроведувала политиката на табу тема, односно, дефинирајќи го проблемот со македонското национално малцинство во Грција по завршувањето на Граѓанската војна како непостоечки, фактичката ситуација на терен, но и мерките и законите кои биле преземени во повоениот период, покажуваат дека повеќедецениските напори за нивна асимилација и етничко чистење се' уште не била дефинитивно завршена работа. Од друга страна, ако се прифати ваквиот став на грчката држава, логично би било да се донесат некои очигледни констатации, но и прашања за кои би требало да се добие соодветен одговор од грчката историја и политика. Така на пример, ако се прифати фактот дека по завршувањето на еднодецениските воени судири во Грција повеќе не постои македонско прашање, т.е. непостојат етнички Македонци, логично би следел заклучокот дека истите во претходниот период на таа територија егзистирале. Но, за жал официјалната грчка држава и тој факт го негира, и покрај тоа, што голем број на историски документи, извори и се' уште живи сеќавања го тврдат спротивното.


Редакцијата на Македонска Искра повторно му се заблагодарува на м-р Димитар Љоровски Вамваковски благодарение на кој овој документ е достапен за македонската јавност.

Во продолжение следи преводот на документот од грчки на македонски јазик:



К.

ЛЕРИНСКА ПРЕФЕКТУРА Лерин, 11 март 1954

ЛЕРИНСКА ПРЕФЕКТУРА ................................................................................До

Бр. на протокол ЕМП.139 ......................................................Матичарите на леринската префектура

Затоа што некој од вас, и покрај дадените упатства и очигледно од не знаење на значењето на зборовите, продолжуваат при пополнување на формуларите за статистика (брак, раѓање и смрт) и посебно за раѓање (прашање 11: „ – Кој е мајчиниот јазик на таткото? … на мајката? …) да одговарат без да размислуваат: „македонски“, „албански“, „лазики“ (пондиски дијалкт), „влашки“, „македонски идиом“ и друго, ви даваме до знаење за следните работи, за кои ви предлагаме и ви го потикнуваме вниманието, за да исчезне еднаш и засекогаш оваа неоснованост, која може да предизвика сериозно недоразбирање и искористување од неконтролираната антигрчка пропаганда, како што скоро се случи од комунистичките бандити кои беа потикнати однадвор, кои ги нарекуваа автохотните жители на грчка Македонија – Славомакедонци и друго.

Јазик се нарекува дијалектот кој има азбука и граматика, и кој се предава официјално во училиштата.

„Македонски“ јазик, како што е одговорот од некој од вас на горенаведеното прашање, или „словенски“ јазик не постоеше никогаш во грчка Македонија, а тие кои тврдат за обратното се жртви на антигрчката пропаганда, очигледно од не знаење.

Говорниот идиом од мал процент на жители на Македонија, домородци, воглавно постара популација, не е официјален јазик, но месен јазичен идиом, затоа што ако беше јазик би требало како што се кажа погоре, да има азбука и граматика, т.е. со него да може да се врши коресподенција, точно како што се случува со ГРЧКИОТ, ФРАНЦУСКИОТ, АНГЛИСКИОТ и други официјални јазици.

Од друга страна, ви е познато на сите вас дека надворешните комунистички бандити по нередба на нивните патрони, Словените, наметнаа во текот на окупацијата и во Граѓанската војна која следеше невидливи обиди за да ги престават автохтоните (домородците) жители на Македонија како „Славомакедонци“ и говорниот идиом од мал број на жители, како „славомакедонски“ јазик. Но тоа преставува измислица на агентите на Словените, комунистичките бандити, затоа што основано и официјално утврдено е дека говорниот месен јазичен идиом од минимален број на жители, е збир на зборови од разни јазици (грчки, турски, латински и други), меѓу кои на прво место е грчкиот јазик и во голем процент.

Ова е испитано од голем број на грчки филолози и странци, и е елаборирано во некои признати научни списанија, но е лесно да се испита и од било кого, доволно да го знае значењето на зборовите.

Но независно од сето погоре кажано, дури иако месниот јазичен идиом се сметаше како јазик, не е возможно овој некогаш да преставува доказ за етничка состав на населението на грчка Македонија, кој смета како најголема навреда да се нарекува некогаш (славомакедонски народ), а не чисто грчки и да го заборави неговото историско потекло, кое почнува од античките борци – Македонци, кои ја составија војската и културниот поход на неспоредливиот низ вековите филозоф – Аристотел од Стагира на Халкидики, чии дела се напишани на грчки јазик. Но освен историското потекло на автохтоните жители на грчка Македонија, тие можат да ја истакнат нивната голема љубов кон татковината, херојство и жртви и нивното трпение, кои никогаш не може да се посомнева.

Кога така стојат работите, мора составувањето на формуларите во иднина да се прави со големо внимание. Последователно ќе се смета како јазик (на таткото или на мајката) на тој на кој им се предаваше во училиштата, т.е. грчкиот и со кој кореспондираат меѓу себе, и не на оние месни јазични идиоми без јазични правила. Значи, на прашањето кој е таковиот или мајчинскиот јазик ќе се пишува: Г Р Ч К И.



Соопштување ПРЕФЕКТ

1/ Министерство за надворешни работи К. Тусилдис

Прва Генерална управа

Управа на институцијата

Атина

2/ Генерална управа на северна Грција

Управа за внатрешни работи

Солун Точен препис

Шеф на Првата управа

 
me interesira, nasiot jazik e osloven kako makedonski vo pismoto?
 
Имаш слика и превод и сеуште прашуваш?

Во 6 пасус на сликата.
 
sigurno ;) .... stom zabranata e dadena vo 1954 ;) .......

Не биди пичка под кошула бе и кажи си отворено за тие што незнаеле сеуште дека си продадена душа за една канта лепак ;)

dj93slaugh.jpg



http://forum.kajgana.com/showthread...а-за-македонските-Евреи&p=4142568#post4142568


Гледам многу ве пецкаат документиве, па зајадливоста е очигледна :)


Мајчин јазик - македонски, грчки извештај од 1911 год.

Поздрав! :)
 
Abe nogu si se napalil brat .......... bezsmisleno e ;) .. mi go kopiras postot od 2008ma ayhahaaahhahaha ..... :))))))) i sto postignuvas ????? Da .. picka prodadena sam za kanta lepak UFO :)))) I so praeme sega ??? prodolzi so borbata BRAT ;) .... ja onaka od strana gledam da vidam do kade kje stignete :)) ..... i smesni ti se zakanite hahahaha .... me podsekjas na Don Vito Korleone :))) premnogu siguren u sebe ;) .... vremenno.

" Пази кога минуваш улица, да не си ги истуриш цревата "

Sega kje go izbrises postov neli ????? :))))
 
Погорните твои постови секако дека ќе ги оставиме за да се види нивото на дискусијата кај некои предизвикано од историски документ во кој изрично се негира македонскиот јазик.

Се обидував да одгатнам што сакаш да промумлаш, демек ако грчкава забрана била дадена порано, на пример пред 1945 година, немало да пишува македонски јазик?

Ако е тоа, тогаш твојот коментар е глупост невидена. Инаку досега имавме неколку вакви теми со релевантни историски информации, ете колку да се види една таква тема:

“Грција го признала македонскиот јазик пред 85 години’’

http://forum.kajgana.com/showthread.php?14344-%D0%93%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-85-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8


Сходно политиката на нашиот источен и јужен сосед, на твоето прашање што се обидуваме да постигнеме -- па да ја кажеме вистината бе пријател.

Второто твое прашање беше до каде ќе стигнеме?

Ќе стигнеме до ситуација во која секој еден ќе види дека и тие на исток и тие на запад од нас, а и некои други, лажат и крадат и на тавани спијат и тоа за добри пари, и додатно дека нивната политика спрема Македонија и Македонците е геноцидна -- а за тоа ќе мораат скапо да платат еден ден.
 
Не биди пичка под кошула бе и кажи си отворено за тие што незнаеле сеуште дека си продадена душа за една канта лепак ;)

dj93slaugh.jpg


http://forum.kajgana.com/showthread...а-за-македонските-Евреи&p=4142568#post4142568

Гледам многу ве пецкаат документиве, па зајадливоста е очигледна :)

Мајчин јазик - македонски, грчки извештај од 1911 год.

Поздрав! :)
На нас пецкаат оригиналите,па ги правите през 2 -3 дниги,па си ги цитирате нив. Види сам каков документ си постирал,па после можеме да прозборуваме.
Мајчин јазик - македонски, грчки извештај од 1911 год.
Оригинал или препечатен през неколко книги? :)
Вакви може секи да ти изсипе тонови.
Даj да видиме оригинала Блатот.

Не видовме што ново има от този документ от 1954 :toe:
 
Како беше она дека Македонија секогаш страдала од домашните...:kesa:
 
Не видовме што ново има от този документ от 1954 :toe:

Навистина. Нема ништо ново во документот.

Македонскиот јазик е стар, престар, стар е со илјадници години, исто така и Македонската нација.

Негирањата на Македонскиот јазик и нација од страна на Грците - и тоа не е ништо ново.

Интересни се само аргументите (и тие не се нови) со кои се оправдува негирањето -- не бил официјален јазик, без граматика, дрн, дрн, дрн.

Значи, на пример, Чироки Индијанците се неми, односно немаат свој јазик, затоа што тој не е официјален?

Или, идентичен е и вашиот “аргумент“ дека Македонците пред 1945 год. не постоеле затоа што подолг период немале своја држава? Ако е така - на каков континуитет се повикувате вие Бугарите кога на пример, во 17 век сте немале држава? Значи, сите оние “Бугари“ кои, според вас, постоеле пред формирањето на Бугарската држава се непостоечки, а вие безочно лажете кога споменувате Бугари постари од периодот на формирање на Бугарска држава!
 
Како беше она дека Македонија секогаш страдала од домашните...:kesa:

Кај нас има два типа на изроди. Едните земаат дебели пари за да јадат гомна против македонштината, а другите се кретени кои што го прават тоа без пари.
 
Навистина. Нема ништо ново во документот. Македонскиот јазик е стар, престар, стар е со илјадници години, исто така и Македонската нација.
Негирањата на Македонскиот јазик и нација од страна на Грците - и тоа не е ништо ново. Интересни се само аргументите (и тие не се нови) со кои се оправдува негирањето - не бил официјален јазик, без граматика, дрн, дрн, дрн. Значи на пример, Чироки Индијанците се неми, односно немаат свој јазик, затоа што тој не е официјален? Или, идентичен е и вашиот “аргумент“ дека Македонците пред 1945 г. не постоеле затоа што подолг период немале своја држава? Ако е така - на каков континуитет се повикувате вие Бугарите кога на пример, во 17 век сте немале држава? Значи, сите оние “Бугари“ кои, според вас, постоеле пред формирањето на Бугарската држава се непостоечки, а вие безочно лажете кога споменувате Бугари постари од периодот на формирање на Бугарска држава!
Такви работи никога не са кажувани. От каj си го измисли това? Па и ромите немат држава ама имат jaзик :toe: Жестоко мешаш jaзик и држава.
Ако от този документ от 1954 година заклучи се това,наистина жалам.
 
Клоновите го возвраќаат ударот. :icon_lol:

Убаво ми е кога им го посеруваме денот на бугарињава па се трудат од петни жили да ги релативизираат аргументите.

Некогаш е подобро да ги оставиме и да гледаме како се препелкаат во калта, ко гладни свинчиња. :kesa:
 
Уште поубаво и смешно е кога ти стигна до тамо сам да си бришеш свои постови,заштото тотално се преплетка или ке отречеш дека при последниот ни спор ти си избриша свои постови?
Е, немам потреба и желба(а предпоставувам и многу други) да дискутирам кога користите вакви манипулаторски методи за да замажите се.
Срекен ви празник утре на словенската писменост и култура!
 
Ќешки никогаш да не ве описменевме.

--- надополнето ---

Ах да, среќен ви празник и вам, на учениците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom