Таруно
Еким
Џандар - то ти е едно биче кое пред послаби се прави мангуп, а пред појаки е само невино пиче. 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Како и да е нашава полиција лови во плитко. Удира по џебот на обичниот граѓанин за смешни прекршоци, а големците си прават што сакаат.
Не е од муабетите.
На мене и уше 3ца другари ни се имаат убацено алфи, а ние копиљаци - 16 години (и тоа роденден ми беше) у парк пошо сме личеле на клинците од чаир, и се понашаа ко вечи мангупи +тоа што беа 6-7 души, ко да бркаат вахабисти + фактот шо “фраерот“ шо не следеше пред да не сопрат си трчаше со репетиран пиштол у рака. Среќа што ги приметивме и застанавме, замисли да испаничевме и да почнеме да трчаме. Јадевме метак за 2 секунди.
И не е само ова, триста други глупости се имаат дешавано, за к*р ќеиф нивен.
Абе ме боли к*р за казна шо се вика (не дека сакам да ми ја пише).За "ништо" ниедно службено лице неможе да ви пише казна. Тоа што не се чувствувате безбедно е до вас. Што сакате вие полицијата да биде присутна на секое место пред да се случи некој инцидент?! Превентивните мерки се доста слаби денеска(додека репресивните почнаа да личат на нешто бидејќи македонче додека не го мавнеш по џебот дебело нема да му дојде памет).
За "ништо" ниедно службено лице неможе да ви пише казна. Тоа што не се чувствувате безбедно е до вас. Што сакате вие полицијата да биде присутна на секое место пред да се случи некој инцидент?! Превентивните мерки се доста слаби денеска(додека репресивните почнаа да личат на нешто бидејќи македонче додека не го мавнеш по џебот дебело нема да му дојде памет).
По којзнае кој пат на темава, не е работата дали да ти се пише казна или не. Нека ми пише ако сум погрешила, само нека биде од корист кога и тој мене ќе ми затреба? Сфаќаш?
А за тоа што викаш дека не може да биде на лице место кога има инциденти има две објаснувања:
а) Зафатени се со пишување казни отколку патрола.
б) Во близина се ама им чуе.
It's been a while since you've here, eh?![]()
Јас со џандари не сум имал проблеми не дека никогаш не ме сопреле на било каков начин па и со кола ама тврдам дека не е како порано. На времето не смееше ни да писнеш пред полицаец так нормално дека зависи и што "човек ќе ти се погоди" ама генерално се промени начинот на функционирање сега полицијата треба да се плаши од народот па постои основа за оштета. А не зборам за навивачи и утакмици каде се удира заслужен ќотек па како нема кога се корнат новопоставени столици во случајов во БТ за пример.
А каде се тие истите у Тетово кога на неколку пати страдаа невини минувачи, и куќи околу стадионот на Македонци ?! Каде се кога се симнува државно знаме на утакмица ?! Или тука се само кога треба да се јачаат врз наши навивачки групи. Уште не ми се верува како можеа цела војска и полиција да ја соберат за да не испраќаат од салата Кале, 1 ден после инцидентот на тврдината на утакмица на која немаше гостински навијачи и немаше 1 ш низ град и околу Кале.
У Тетово на секоја утакмица на Тетекс доаѓаат по 20-30 балисти, провоцираат пцујат ништо не им прават. Дури и ги штитат Војводи ко ќе тргнат на нив.
И не само тоа, сум бил сведок и ми имаат кажувано случки каде што џандари седеле мирно додека 1-2 деца биле тепани од поголема група на луѓе. Безразлика дали од иста или различна националност биле.....
Абе ме боли к*р за казна шо се вика (не дека сакам да ми ја пише).
Него НЕУГОДНО ми е пер! Капираш шо ти зборам?
Као коа се движиш низ улица сам у 4 саат сабајле и у спротивен правец некој од “странциве“ се движи накај тебе зборејки на телефон гласно шо се слуша на километри?
Као коа си идеш сам накај дома и банда шутраци седат на клупата покрај тротоарот и ги тормозат бабите, па си замислуеш шом кењаат на баби - тебе шо ќе ти праат, али мора да ги одминеш пошо НАТАКА живееш?
Или кружиш?
Или некој локален шупак кој мисли дека е газда а уствари е вандал кој само прави проблеми е у истото опкружување у парк покрај твоето друштво?
епа ја истото само со ЦАЈКАНИВЕ го иам.
Ваљда ме сфаќаш сеа. Не ми е за казната, шубе се осеќам.
Второто особено. Мислам дека го иам ова кажано претходно, живеев во Чаир и се дешаваше нешто на улица (викање, пукање....а.. у..), комшика (македонка) ѕвони на полиција и им вика дена има нешто нереди се дешаваат во Чаир и дека има пукање, а џандаров ни две-ни три „ е што ја да не треба да дојдам телохранител да ви изигравам“. Крај на приказната.
Ќе се осеќам безбедно кога ќе апсат криминалци и нема да им се плашат, кога ќе пишуваат казни и на оние буџованите во мерцедеси што не ебат жива сила и кога нема да се курчат на поштен народ, само затоа што имаат дозвола за пиштол и беџ. Во секој друг случај кој ги ебе.. не им верувам и ми се гади кога ќе ги видам.
Еве ви едно видео од Њујорк. И кај нас и секаде во светот е вака. Иначе на кратко : дечкото сo точакот е запрен затоа што не се симнал од точак пред да се качи на тортоар пред самиот влез на зградата (1 метар возел по тротоар и му пишуваат казна за тоа). Комшијата поминува и на шала му вика дека не е доволно зрел и треба да знае дека тоа е забрането и си разменуваат неколку зборови. Тука се умешува полицијата (4 полицајци излагаат ко божем апсат вооружен криминалец) и по кратка расправија го апсат и го носат у станица. У меѓувреме доаѓаат уште две полициски коли (7-8 полицајци се собираат околу човеков). Човекот завршил во затвор на крајот од денот, поради шала која не се ни однесувала на полицијата.