S
Shellshock nam67
Гостин
Британското министерство за одбрана ја пуштила во националната архива својата седма по ред архива за НЛО-а. Во оваа најнова архива, бил откриен интересен документ, но проблемот бил што тој документ го објавил американскиот таблоид World Weekly News. Во документот од тој таблоид кој бил објавен на 15 септември 1998 година, се наоѓала неверојатна сторија за декодиран вонземјански сигнал, кој НАСА го открила во март истата година, но биле потребни месеци за да се дешифрира.
Станувало збор за SOS сигнал, кој бил стар 80.000 години, односно уште од времето на диносаурусите. Понатаму пишувало дека клучна личност, која ја открила наведената информација, бил рускиот вселенски научник др. Виктор Кулаков.
Апокалипса
Кулаков тогаш твредел дека сигналот дошол од галаксијата Андромеда и нејзината цивилизација, која во тој момент била развиена исто колку што е развиена и земјата сега. Единствениот податок дека ја откривме и дешифриравме пораката е потврда дека без сомнение нивната технологија и знаење, во најдобар случај, биле во чекор со нашата сегашна, изјавил во 98 година Кулаков.
Се разбира, рускиот научник ништо не открил окулу самата порака, освен дека почнувала со зборовите "Помогнете ни" и дека во неа се наоѓале точните координати на планетата која била осудена на пропаст. Истакнал дека од пораката можело да се разбере дека на таа планета се случило апокалипсично сценарио и дека оние кои ја пратиле пораката, во некоја рака, самите се окривувале за сопствената судбина. Но на крајот Кулаков не открил зошто вонземјаните не биле во можност да ја напуштат сопствената планета.