Слична работа ми се има случено со Мозаик. Штедев на времето од парите за на голем одмор, да го купам оргиналот од Мозаик. И по некое време го купив, и кога почнав да му се фалам на локалните рапери што држам во рацете, почнаа да ми се смеат како тоа не било рап , само нелогично вриштење на мајк и слушање на човек кој не може да ја изговири буквата р. Е арно ама таму имаше и еден тип кој свиреше во една многу добра HC група. И тој на општо изненадување, го обожавал Скелеку од времето на Чиста. Е од кога типот ја покажал својата љубов кон Мозаик, сите рапери почнаа со сила да го слушаат Скелеку , затоа што типот беше далеку постар од нас и беше ствано музичку поткован.
И не само тој, сега пред некое време бев во Велес на Анти - Воен концерт и таму седев со Бернајс пропаганда и зборував со Васко , најстариот нивни член и тој збоурваше со воодушевување за Скастот.
Иронија, луѓето што не слушат рап или не слушат стиктно рап ги почитуваат повеќе Мозаик одошто раперите.
Многу ретко се раѓаат типови/бенд ко Скелеку Скаст/Мозаик.