S
Shellshock nam67
Гостин
09.03.2011 | Македонија | Извор: Макфакс
Македонија унилатерално се приклучи кон рестриктивните мерки што Европската Унија минатата недела ги воведе кон Либија, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.
„Рестриктивните мерки на Европската унија кон Либија опфаќаат ембарго за извоз на оружје во оваа земја, забрана за извоз на опрема за репресивни цели, забрана за пружање техничка помош, забрана за влез на територијата на лица опфатени со рестриктивните мерки, како и замрзнување на финансиски средства и економски ресурси на лица или ентитети инволвирани во кршење на човековите права во Либија, вклучително и на оние кои биле вклучени во напади врз цивилното население или во напади на јавни установи.
Физичките и правни лица на кои се однесуваат рестриктивните мерки се наведени во анексот на Одлуката на Советот на ЕУ која ќе биде објавена и на интернет страницата на Министерството за надворешни работи“, соопштуваат од МНР.
Со оваа одлука, како што велат од МНР, се дава конкретен придонес кон напорите на меѓународната заедница за итен прекин на насилствата во Либија.
Воедно, земјата се придржува и до ембаргото воведено од страна на Обединетите Нации.
Каков цинизам до скоро Премиерот имаше средба лична со Гадафи, дури и Либија не призна под уставното име сега пастирот игра на картата Американски човек смешно и трагично